1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотографирање 101

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Papillon.Papi, 9 мај 2015.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    За темава ме инспирира @Hipster , се надевам дека ќе и' помогне на неа и на оние кои сакаат да научат нешто повеќе за фотографирање. :hai:

    Да почнеме со стиловите на фотографирање на луѓе и вертикални објекти или статуи:

    1. Фигура- фотографирање од глава до пети

    2. Америкен- се употребува доколку објектот или човекот е висок, но сепак сакаме да ги задржиме деталите на лицето и да не се оддалечуваме, па сликаме неколку прсти под колениците и нагоре

    3. Средина- самото име кажува, се слика од средината на објектот или во овој случај, половината на човекот па нагоре. Од далеку се слика доколку сакаме да го сликнеме човекот со некој објект зад него горе. Од блиску доколку сакаме да ги нагласиме емоциите на лицето, поставеноста на рацете и рамењата и тн.

    4. Биста- се слика од градниот кош нагоре. Примената на овој стил е слична на примената на средина.

    5. Крупен кадар- се слика неколку прсти под брадата и нагоре. Овој стил се применува кога сакаме да ги нагласиме емоциите на лицето.

    ВАЖНО: Доколку човекот е свртен кон една страна, зад него треба да име помалку простор одколку пред него. Доколку пред него има помалку простор одколку зад него, човекот ќе личи како да бега од фотографијата.

    Можат и другите да ги споделуваат нивните знаења за фотографирање во темава.
     
    Последна измена: 9 мај 2015
    На Cinderfakinrella, Ketchup, КикиМаус и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    @Papillon.Papi браво за темава :clap:... Е, ова е тоа што ми треба!!!
    Сакам да фотографирам, немам време да „вртам“ по нет за информации, а немам време ни на курс за фотографија да одам... Па, оваа тема сега-засега ќе ми биде единствен учебник по фотографија!!!
    Феминки, страшни моми сте, имате познавање од се и сешто (y)... Па, ајде споделете го своето знаење и научете не нас „лаиците“ барем како треба да застанеме кога фотографираме нешто :D...
     
    Последна измена: 9 мај 2015
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Асажа е зазрнетоста на една слика.
    Значи ISO се асови.
    Еве една слика, сликната со ISО400:
    Screenshot_2015-05-10-15-45-38.png
    На дневна светлина е сликано и нема детали чисти. Значи, на дневна светлина треба да се слика со 64 асови, а на 400 и нагоре треба да се слика на вештачко светло.
    Еве како се нагодува асажата на мојот фотоапарат:
    IMG_20150510_154849.jpg
    IMG_20150510_154907.jpg IMG_20150510_154917.jpg

    Еве и ракување со копчињата:
    IMG__201505130__040703.jpg
    Кажете ако не е разбирливо од сликава. Толку можев од телефон да направам. Фотоапаратот ми е 5 години или повеќе па некои копчиња се излитени.
     
    На КикиМаус, Val-Dim и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  4. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    ^
    кај мене има IOS ама нема да го подесиш опција
    користам sony cybershot dsc w710
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Дека е дигитален компактен. Купи дигитален напреден, како мојот, многу полесен е за ракување, а и полу-профи фотоапарат е.
     
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Бидејќи тоа што сум го учела за фотографирање е од интернет, мене ми се познати англиските термини.
    Асажа значи било grain (facepalm) Сега знам !
     
    На SV1911 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Супер е темава, и супер си одбарала за ја започнеш, мислам дека сепак ова што си го начнала е буквата А од азбуката.
    Ама ќе морам да те дополнам малку ако се согласуваш.
    Значи плановите(или кадри за фотографирање) се

    тотал (максимално широк агол на објективот). На пример, ако влезете во театар, се што гледа вашиот објектив (сите елементи на композицијата) кој е максимално собран и со најширок агол би било тотал.

    укроен тотал -
    ако го стесниме аголот на објективот (или народски кажано пукнеме со зум) на пример до бината (како предмет на интерес во композицијата), тогаш имаме укроен тотал.

    фигура би било кога едниот од актерите би го фатиле од пета до глава.

    америкен - интересното кај овој план е што почнал да се практикува во времето на вестерн филмовите поради проблемот со висината на Џон Вејн кој бил грамада од човек и пиштолот кој бил обесен и висел од половината надоле, а морал да биде фатен во кадар. Им текнало да измислат нов кадар кој го опфаќа елементот на композицијата неколку прсти од колениците па нагоре.

    средина -
    самото име кажува, од половина нагоре.

    биста - од гради нагоре.

    глава(крупен кадар) - обично се оставаат неколку прсти под брадата.

    детал - кога од различни причини сакаме да прикажеме дел од елементот на композицијата. На пример, Џон Вејн се фаќа за пиштолот (дел од раката и дел од пиштолот, кај што се спојуваат), Џон Вејн е нервозен (во план ја фаќаме само устата која е стегната и напната).
    (објаснувањата превземени од кајгана)
     
    Последна измена: 11 мај 2015
    На КикиМаус, tessie, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Да, го читав ова, но не ги запомнив сите, па тие што ги знам. Не ми смета што ме надополни, баш напротив, ме израдува. :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Знам дека темава е за споделување некои основни вешини и знаења за фотографија и фотографирање, ама дали може да дебатираме за нешто?

    Ме интересира дека те читав доста за објектот. Зашто мислиш дека е најдобро да биде во средина.
    Јас пример не се согласувам баш со тебе за тоа, ама ич.
    Ама сакам да чујам мислење зашто, ако си расположена за елаборат.
     
    На Papillon.Papi и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Во средишната линија, да, преферирам да биде, но тоа не значи дека не мислам дека може да се помести на лево или десно. Не ми се допаѓа кога е горе или долу објектот, освен ако има и други објекти позади кои ќе ја исполнуваат сликата. Композицијата пред се', тоа сакам да кажам. :)
    На пример, не убава слика би била ако има позади само трева, без ништо посебно, убаво би било позади да има некоја идеја, приказна и креативност. Под идеја, приказна и креативност мислам да има на пример, напред црвен цвет, зад него син, зад синиот жолт или сите цветови да бидат жолти, а тој во преден план највисок, па зад негл понизок и најнизок. Или еве, сликаме некој производ за реклама, а не знаеме што да ставиме во позадина. Тука веќе можеме да си играме со експонтажата на фотоапаратот (доколку производот е современ, како некој робот или нов усовршен телефон) може во темна соба на стаклена (пожелно црна) маса да го ставиме производот, да наместиме 8 секундарна експонтажа и 100 ISO и откога ќе кликнеме да слика апаратот, со некоја интересна шара (едноставна, на пример хоризонтални ленти) на нашиот таблет да помимеме зад производот. Тоа веќе е поедноставна композиција. Еве како би изгледало:
    Screenshot_2015-04-30-16-35-01.png
    Доколку производот е поелегантен, во старомоден стил, како некои порцелански чаши, со брза експозиција и 64 асови може да се сликне во дневна светлина, така што би изгледало понешно и елегантно. Може да се додадат некои колачи од страна, интересни шари на чаршавот, но да остане фокусот на главниот производ.
     
    На Abrakadabra и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не види јас почитувам став, не велам дека сум во право, сакаав само да ми кажеш зашто е тоа така.
    Јас од лично искство не сакам центрирани предмети. Кога е мртва природа па и за жива, посебно за животни и инсекти.
    Кога имаме пејзажи или архитектура, обично има повеќе ситни објекти па е не толку битно.
    Ама за портети обично сакам да не биде централизирано.
    Ми делува увежбано, пластично, неоргинално, неинспиративно.
    Баш имам читано за ова и многу фотографи препорачуваат да објектот да биде во прваата или трета третина.
    Значи од краевите, дали долу дали горе небитно.
    Како што еден дечко што го пратам има напишано балансот во фоторафија не секогаш се постигнува со тоа што ќе го центрираш објектот.
    Нели споед линиите и посатевеност на објкетот во четирите точки се постигнува некоја хармонија.
    Ако сликаш макро веројантно да, ама кога сликаш друго не можам да се согласам.
    Барем бегам од клишеа за се у жиевотот па така и за фотографија.
    А бидејќи сакам да се фокусирам на портети сакам нешто да биде уникатано и не веќе видено, знаеш.
     
    На Novecento, Hipica и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Немам стручни познавања од фотографија, ама си се водам по инстинтки и по некоја моја логика. Според мене, сите тие фотографски правила, зборувам за основните, се изведени од тоа што им годи на човековото око и мозок. Еве јас по инстинкт ги правам фотографиите, така што според мене, се' e до композицијата и замислата. Понекогаш, кога ќе се излезе од конвенционалното, можеби на прв поглед нема да годи, ама по неколку разгледувања на фотографијата може поубаво да изгледа кога објектот не е на средина, особено ако има некоја интересна позадина, во однос на боите мислам. По моја логика, во средина се става на обична позадина, за центарот на вниманието да биде на објектот, а притоа да нема бесмислен празен простор во вид на еднолична и досадна позадина.

    Бре, понекогаш сум „сакам кажам-не знам речам“.:doh:
     
    На Ketchup, Victorian, RockNroLLGirL и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    За истото зборуваме, само со различни зборови. :D И јас кажав, композицијата пред се' да биде празна сликата од една страна, од другата да биде натрупана, ќе нема баланс.
     
    Последна измена: 11 мај 2015
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    16477840124_39c1d64713_h.jpg Јас пак и ретко внимавам на централната поставеност на објектот во сликата. Дури напротив, намерно сликам настрана некогаш. 8-|
    Еве една таква слика.
     
    Последна измена: 11 мај 2015
    На SV1911, theowndemon, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    И јас исто многу ретко ставам објекти во средина. Баш како што кажа Lady Phoenix, обично самото око ти кажува дека е поубаво вака или онака, откако истиот кадар ќе го направиш неколку пати. Јас кога сликам малку се заборавам, правам милион слики, па после избирам која ми е најубава. И ете, некако најчесто ми се поубави оние во кои објектот не е баш на средина.
    Само за ова не можам да се согласам
    Јас на пример оваа слика ја имам во различни верзии, вклучително и такви кај што месечината е на средина.
    [​IMG]
    Арно ама, оваа слика каде што е на страна ми се допаѓаше најмногу, иако позадината е обична, еднолична. Мене објект ми е уствари самата месечина, ама ја ставив во ќош зашто сакав да ја прикажам како дел од нешто многу поголемо. Вака позадината можеби делува досадна, еднобојна, ама некако поубав впечаток ми дава. Зашто кога ќе ја видам одма си го замислувам тој бесконечен простор во кој се наоѓа :)
     
    На SV1911, 1209, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    И јас така некако ја поставувам месечината , зошто во центар не ми е интересна !
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Едно е кога се има приказна, друго е кога објектот е поставен на сликата во ќош, а нема никаква симболика.
    На @Abrakadabra сликата е супер избалансирана со оглед на тоа дека има шаренило во позадина. Ќе ви пратам една моја слика која што е утната во следниот пост, па ќе видите за што мислам.
     
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Од секое правило има исклучок. Ќе кажам дека зависи и од умешноста на фотографот. Всушност, многу фактори се во игра. Ете, некои објекти се доволни сами за себе, па им доликува ваква позадина. Како и да е, немам баш искуство со некој поасален апарат, затоа што да се обидував јас да го доловам она од сликата на Ана со мојот апарат, ќе беше смешно. :) Како ви фаќа око, така сликајте (доколку не се сте стручни), тоа е мојот совет и понекогаш кога ќе се прекршат правилата, резултатот е ремек дело. ;)
     
    На Ketchup и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не е отстапување на правило тоа на Ана, одлично избалансирано е тоа што месечината не го оптеретува мозокот со бои, а ни небото.
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Твоја е така?
    Чиста петка, браво!
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.