Не знам како ќе се снаоѓаш со DSLR како почетник. Јас купив дигитален напреден на Фуџифилм и многу поубави бои вади од DSLR Cannon. Татко ми на почетокот споредба правеше со Фуџифилм апаратот и апаратот на еден наш пријател-фотограф. Сликите лд Фуџифилм беа далеку поубаво извадени од Канонот. (мислам и на компјутер и испринтани) Е, сега од Фуџифилм нема да ти ги прифатат на Шатерсток ако сакаш да ги продаваш сликите онлајн поради недоволната острина. Како подобра марка за DSLR е Никонот.
А јас нешто да си прашам што веќе долго ме буни? Што значи она 101 во насловот? Долго време се мислам, и си викам срам - не срам, ќе прашам.
Лелке јас мислам дека значи како курс за почетници.Значи самата терминологија 101 означува вовед во нешто или основни факти кои треба да се знаат за предметот што се изучува. Така се напишани многу предмети од прва година на колеџите во странство. Не знам дали тоа мислел и креаторот на темата
Да, се' што треба да се знае за фотографија. Темава добро ми дојде поради натпреварот за фототехника, на регионален 3то, а на државен за бод што изгубив ради големината на фотографиите 4то. Инаку од теорија, благодарение на вас и форумов најмногу од сите кажав. Ви благодарам.
Би сакала да споделам еден линк со интересни и доста корисни совети за оние кои имаат обични дигитални апарати (каков што имам и јас). Како да се подесат сите параметри за да се добие една квалитетна фотографија. Повелете: http://www.creativelysouthern.com/2013/05/point-and-shoot-photography-tips.html
Девојки вие што повеќе се интересирате фотографирање, да ве прашам нешто Каде можам да најдам позадини ( backdrops ) за сликање? И како се движат цените ? Гледав на Али експрес ама ми се брза и за почеток и обична бела би ми завршила работа. Или било каква идеја за нешто слично што би можела да искористам како позадина а да изгледа убаво ( да не се гледа дека е вметнато) на фотографиите? Anyone?
Обичен бел подебел материјал закачи го како завеса (јас така правев само со црвен материјал) ќе ти брка работа ако се брзаш многу
Дрaперијa кaкo пoзaдинa е супер. Ќе ти требa чистo бел кaртoн или стирoпoр зa бaлaнсирaње нa белинa вo фoтoгрaфиите, секaкo, нo мислaм декa сo белa пoзaдинa би билo дoсaднo. Мoжеш oкер бoјa, црнa (нaјмнoгу ми се дoпaѓaaт фoтки сo црнa пoзaдинa), и билo кoјa неутрaлнa, мирнa, бледa бoјa. Мoжеш дa пoбaрaш вo прoдaвницa зa текстил.
Јас си направив од пелети и ја офарбав. Сум користела и чаршаф, огромна самолеплива хартија во бела боја, хамер, прекривки... Имаш многу опции. Ама ако е платно, погрижи се да биде испеглано.
Благодарам на сите девојки @Lady Phoenix @prettymamma @Papillon.Papi Проблемот е што не можам ништо да закачам на местото каде што треба да биде позадината, буквално во средина на собата ми доаѓа и нема на што да го ставам значи би морало да кажеме 2ца да го држат. И од таа причина не можам да користам платно зошто нема да биде убаво оптегнато, затоа мислев нешто од поцврст материјал што не е многу свитливо или лелеаво за да не се познава дека не е убаво оптегнато. А на ова место баш ми е најубава светлината.Позадината ми треба да е во светла неутрална боја, зошто не сакам да се прелева со ниедна боја на коса на некого, зошто сите слики ќе бидат од близу само лицето. Затоа не мора да е скроз бела ама мора да е пастелна боичка Лејди а каде имаш купено пелети и колку се? Јас може би залепила нешто хамер, некоја хартија на нив, пошто не би сакала позадината да има рустична нота. Не ми одговара со целата приказна, ама секако пелетата може да послужи. А хамер убаво ли изгледа?
Пелети мислам дека можеш во секое складиште да најдеш. Јас имав од претходно, па си направив. Туку, ако имаш закачалка на тркалца во вид на буквата П, ќе ти заврши одлична работа за ткаенини. Не знам дали добро ти објаснив каква. Таман се подесува погоре-подолу и нема потреба никој ништо да ти држи. Хамер би било одлично, ама не знам дали ќе најдеш со доволно големи димензии. Како и да е, можеш од што било да си направиш "држач", "рамка", па после да си бараташ со позадини од различен материјал.
Малце постаро мислење е, ама не ме остави рамнодушен да одговорам Делумно би се сложил дека по-advanced point and shoot е подобар од еден DSLR. Поточно во оној дел буџетски дел, каде инвестираш во фото опрема за да добиеш оноа што го сакаш. Тие Advanced P&Sh од старт можно е да имаат поширока палета на опции од еден обичен starter DSLR со Kit lens (18-55mm) но во текот на развојот во фотографијата, ја покажуваат својата слабост, брзо ги совладуваш и кога ќе ги совладаш се осеќаш како да им фали нешто плус, сакаш да одиш понатаму, но не можеш. Едноставно, границата е достигната до нивниот максимум и понекогаш делува фрустрирачки и си велиш зашто не земав еден DSLR за скоро истите пари. Суштината е едноставна, приодот на фотографирање е во бројките и нивната складност каква што на секој фотограф му одговара. Симетрии и композиции (што е на фотографија, а што не треба да биде) можеш да вежбаш и со најобичен мобилен телефон, резултатите се скоро еднакви кај секој апарат што може да слика. Тогаш што е тоа подобро кај DSLR фотоапаратите? Можноста за манипулација со трите главни стожери на фотографијата - отвор (ширина) на бленда (aperture), време на отвор на бленда (тајм) и осетливност на сензор (ISO) кој е поголем кај DSLR од било кој друг апарат (за Mirrorless не сум сигурен). Да, некои од Advanced P&sh веќе ги имаат и овие опции, но фали уште еден „мал“ детал - изборот на леќи со кои можеш да постигнеш природен ефект на фотографирањето, без преголеми додатни пост продукциски местења (Photoshop, Lightroom). Пример никој софтвер не може да ја долови преубавата blurry позадина како што може една 50mm леќа со f/1.8. Или пак острината на некој суперзум P&Sh со да речеме леќа 55-250 mm (14x zoom ако за старт се земе 18mm). Има свои предности P&Sh апаратот, првично оноа што го плаќаш во инстант добиваш некоја понапредна точка за почеток на фотографија (ако и само ако се водиш врз шаблонско учење на погорните 3 главни постулати на фотографијата и секако тој фотоапарат да има опција да може да манипулираш со секоја од нив посебно), како и компактноста при транспорт (ова требаше попрво да го кажам затоа што секако е најјаката страна на P&Sh фотоапаратите). Но се` на се`, кога ќе ја сфатиш поентата на фотографијата (а лесно се сфаќа) и го достигнеш максимумот на апаратот, ќе имаш желба за да се надоградиш, а тоа секој DSLR го нуди.
Дали објективите мора да бидат иста марка како апаратот? Јас имам никон, а сакам да го земам овој објектив CANON EF 50MM F/1.8 STM
Мора но и не мора. Можеш да најдеш mount за канон објективи. Но мислам дека ова важи само за канон тело ако зимаш никон објективи а не обратно, како е во твојот случај.
Читав погоре споредба меѓу полу професионална камера и DSLR и сметам дека не е доволно добро објаснето. DSLR камерите никако не треба да се споредуваат со point and shoot или полупрофесионалните камери. Главната одлика на DSLR камерите е опцијата за сликање RAW фајлови. Со нив фотографот има целосна креативна контрола да ги направи да изгледаат како што тој сака, додека пак другите две вида на камери сликаат само jpeg, затоа и боите се многу појаки. Како за пример, првата слика е обработена RAW фотографија користејќи само Lightroom, втората е оригиналниот RAW фајл. Сликава е сликана и обработена во првите два-три месеци откако ја купив мојата DSLR камера, имам напредок од тогаш Поентата ми е, доколку сакате да имате повеќе контрола над финалниот резултат, купете си DSLR. Малку е комплицирано на почеток, но со читање и пракса може сѐ да се да се научи нели.
Дали некој од вас знае како за почетник на DSLR камера има online курс или како упатства ? Која фирма е подобра од Sony, Nikon или Cannon ?
Мојот прв DSLR е Canon EOS 1300D и искрено многу е едноставно да се сфати. Просто гуглање ќе те научи. Останатото е до посветеноста и упорноста. Во рака сум држела Canon 700D, 1300D и Nikon D3300, и најлесен по тежина беше 1300D. 700D нема фиксен дисплеј и има екран на допир, така да поедноставен е сетингот и имаш време да се посветиш на прикаската на фотографиите него ли на фокусот и позицијата. 700D e постара верзија, па потежок е од 1300D. Nikon го имам испробано и не сум најзадоволна, доволно за да фоткаш, ама не е за моја рака. Со Sony DSLR немам искуство но со полупрофесионално апаратче фотографирав и снимав и во најтемно извади супер снимки. Еве нешто што би ти помогнало како почетник.
За првото веќе ти имаат одговорено, така да не е некоја тешка филозофија. На Јутјуб имаш мал милион курсеви, понатака можеш да се зачлениш во одредени фб групи кои поставуваат лесни предизвици каде можеш да исцрпиш многу преку лесна вежба. За второто, секоја марка има свое добро и лошо, но воглавно ако зимаш стартер, нема да ти прави голема разлика меѓу Канон и Никон. Разликата е, можеби во понатамошниот влог - на канон објективите се за нијанса поевтини од на никон, но од другастрана, никон има подобар процесор на телото - често сликите се поостри од оние на канон. Во целиов муабет го изоставив сонито, затоа што навистина појма немам како се однесува механички и дали вреди за парите. Едно што знам е дека објективите потешко може да се најдат кај нас, и за нијанса е поскап од другите марки.