Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотографи за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од kalinaaa, 20 март 2011.

  1. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Искуства од Веста Продукција ?!
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Сега после свадбата сакам да предупредам некого пред да ја повтори грешката што ја направив јас.
    Чекав да се приберам едно 6 месеци пред да почнам со жалбите.
    Сликаа од Фото Илчо.
    Крајна непрофесионалност од нивна страна. Многу мал дел од фотографиите личат на нешто. Креативност нула. Не е фатен ни еден спонтан момент, сите слики се крајно вештачки и класични. Дури наместо да ме советуваат мене ме прашуваа како да ме сликаат, а не во смисла да споделам идеја или да го осознаат начинот на кој сакам себеси да се видам на тие фотографии 50 години од тој ден.
    Имаа еден фотограф, покрај сопственикот, и јас трчав низ ресторан да го барам да слика кога ја сечат тортата или да ме слика во вториот, третиот фустан.
    Постојано вртеше наоколу незаинтересирано, и ги прашуваше девериците кај излегувале. Наместо да слика, редицата се множи, тој пак нашол некоја 12 годишна ја прашува кај учи, и бара број.
    Луѓето на фотографиите се сликани со затворени очи, замаглени моменти има а на фотографиите кои им ги делеа на гостите, покрај таа што се сликани тие со нас, ставиле уште една на која јас изгледам како да имам Даунов Синдром. Ете од таков агол се сликани.

    Ужас е мал збор за хоророт кој го преживеав. Жал ми е, и се восхитувам на креативноста и убавината на фотографиите од мини фотосесија од регистрацијата. Толку надарен и посветен фотограф ретко се наоѓа. Жал ми е што уште тогаш не го ангажирав со време. Ама тоа е...

    НЕ ги препорачувам. Ич не ми е гајле ако читаат и се нашле навредени.

    Од нервоза периодично упаѓам кај нив во студио и правам мини скандали без да ми е жал подоцна. :hai:
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    не нема шанси фото Илчо , а после ова што го пишиш не ни размислувам за него . Изгледа Веста е победат и ако до сега не прочитав ниту едно искуство од нив се надевам ќе пиши некој додека не се одлучам со сигурност ....поздрав ;)
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Уф значи добро е што не сме го одбрале Илчо ние. Инаку Веста се многу добри ,,професионални,но се скапички доста.Понудите им се од 200 евра па се до 700. ВО првата има само слики и снимање без лав стори видео,а фото бук мислам имаше и некаде 150 слики мислам беа :?: ,а другите како што идат се со повеќе нешта вклучени,но и поскапи се понудите.
     
  5. DeepPurple

    DeepPurple Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    здраво феминки, за мојата свадба фотограираа студио јасмина, сликите искочија феноменални презадоволни сме со мажето.поздрав
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.171
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали сум ви го пофалила Игор Зафировски, Твинс студио мислам се викаше, јас лично со него се договарав па затоа не го памтам името на студиото. Луѓе таква професионалност не сум видела на друго место. Прво и основно, ден пред свадбата му се јавив да дојде да слика и снима кај мене дома и не направи никаков проблем, си дојде човекот и покрај тоа што не беше во план и направи лудница фотки дома. Во матично, во паркче, во Лешок, на самата свадба, лудница, да не поверуваш дури. Сликите ги добив бргу, во зависност од тоа колку се ангажираш нормално, јас не брзав многу, да брзав ќе беше и побргу. Не бевме ограничени со број на слики воопшто. Видеото е прва лига, воопшто не е досадно, напротив да се пукнеш од смеење е од што е забавно, колку и да го гледам не ми е досадно. Секоја чест. А замислете ни наплати само 50 евра и по 25 денари од слика, кога ве читам колку скапо сте поминале дури чудно ми е, јас никогаш не би дала толку многу пари за фотограф :x
     
    На irena.1 и ilipili им се допаѓа ова.
  7. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Го видов ова и не ми се верува колкав попуст но :!: дали некој има искуство со нив или од некоја страна слушнал нешто за нив,да ни бидат од 300 слики 278 заматени :) http://grouper.mk/skopje/deal/interpres ... t_box_wrap
     
    На bumblebee511 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Нас ни сликаа Студио 5 и можам само да ги фалам! Снимката е супер, сликите феноменални! Мм го утепале од сликање, 40 мин фотосесија со него правеле, па домашните, па кај мене, мене 2 пати ме сликаа дома, да не немало доволно слики :) Се на се имавме 2000 слики од свадбата. БУквално секој момент е фатен. За видеото немам зборови. Не само LoveStory-то, туку и самото видео од свадбата е супер скоцкано. Професионалност, уметност, креативност на максимум! :)
     
  9. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.050
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира, ние веке го купивме
    . Ај за 1000 ден и да се премислиле нема да изгубиме многу
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Ако некој сака да добие сосема објективен совет за тоа како да изгледа пристојно на свадбените фотографии го преколнувам да ме контактира со ЛП :D
    Освоивме прво место на глобално ниво со фотографија од регистрацијата на тема Љубов. Честитки примам, и реално, убави сме толку многу колку што е прикажано на фотографијата.
    Уште еднаш голема благодарност до фотографот, благодарение на твојот талент имам слики за да ги урамам.
     
  11. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Феминки на фејсбук постојано ми се појавува фотографот Ѓорѓи Ристовски (така мислам дека беше). Живо ме интересира колку чини?
    Осеќам дека е нешто соленкасто :D
     
  12. insatiable-b

    insatiable-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Дечки, јас правам свадба во јуни и веќе си закажав фотограф. Дечкото се вика Кокан и е од Велес, млад дечко е, и со години работи во едно велешко фото студио сега си отвара сопствено. Млад е и инвентивен, ептен го бива за сликање а и воопште не е скап. Се на се сликање и снимање со 2 камери и двајца фотографи ( едниот ги слика оние наместени пози, другиот прави спонтани фотки) плус ти прават и онакво кратко клипче love story што го викаат (јас баш и не го сакав ама кога веќе ми спаѓа во цената зошто да не) и ти даваат 100 фотографии ќе ме кошта 300 евра. Мислам дека воопште не е скапо, особено кога ќе ги споредам со Зага( која ми побара од 800 до 1500 евра :tmi: ) или некој си different wedding photography или сл. Можете да го побарате на фејсбук како Kokan Palashev, ако ви треба бројче ќе ви пишам во лп.
     
  13. Aleksandar.A

    Aleksandar.A Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Гледам дека нас никој не не спомнал па да се пријавиме :)

    Ние работиме фото и видео
    Овде може да погледнете видеа https://vimeo.com/user709170/videos
    Овде може да погледнете фотографии https://www.facebook.com/ASA.Production/photos_stream

    Пишете некоја критика/пофалба, што ви се допаѓа што не ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Значи да отвориш фејсбук и да погледнеш слики, кај сите фото студија сликите се перфект. Ама тоа не е гаранција за крајниот производ кој го добиваш. Најчесто, добиваш слики со многу мала резолуција и напишани логоа и телефонски броеви. Те условуваат да ги вадиш сликите само од кај нив. Квалитетот на сликите што ги добиваат гостите не секогаш е добар. Неретко и цедеата се заштитени па не можеш да ги преснимуваш. Секоја чест на исклучоците :clap:
    Едно мое мало видување :)
     
    На Aleksandar.A му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aleksandar.A

    Aleksandar.A Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Nati.P Едно мало надополнување, едно е потпишување на фотографија, друго е лепење на лого, натпис, телефон... преку целата фотографија :)
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Во ред си е потпишувањето, ама со мали букви, да речеме во аголот, и тоа го почитувам :)
    Јас мислев на она пишување преку цела слика, со мала резолуција и заматена. Јас како краен потрошувач, како клиент, тоа не би го купила.
     
    На Aleksandar.A му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aleksandar.A

    Aleksandar.A Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Мене како фотограф ме нервира тоа а па тек клиентите :D
    По мене лепење на лого преку цела фотографија е многу непрофесионално и подценувачки, но сепак многумина го прават...
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  18. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Јас ќе правам свадба на 6-ти септември, ама уште одсега почнав со бркање на сниматели. Контактирав со Зага и ми дадоа повеќе понуди од кои најефтината беше 1200 а најскапата 2500 евра, што е енормно висока. Ми рекоа дека имаге фото се добри, појдовме таму и навистина има многу убави понуди па сеште се мислиме меѓу нив и фото Сазан од гостивар кој навистина има висок квалитет и е прилично ефтин, 150 евра, снима со ХД камера и дава 100 слики гратис, ЦД обични, ХД и блуреј (или како и да се вика тоа). Дали имате вие искуство со некои од овие?
     
  19. Aleksandar.A

    Aleksandar.A Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека и од едните и од другите може да побарате и да видите на интернет што материјали нудат да им ги разгледате видеата, фотографиите...
    Во секој случај, добар квалитет без цена нема. Ако некој рече дека ќе добиете фантастични материјали и тоа воопшто нема да ве кошта, или пак многу евтино ќе си поминете, бидете сигурни дека ЛАЖЕ :)
    Но можна е и другата крајност, т.е. да платите многу а да не добиете ништо за своите пари.
    Во секој случај распрашајте си се убаво од доверливи луѓе, и гледајте да дознаете кој како си поминал.

    Многумина од оние кои што се зафркале и не го добиле тоа што се договориле им е срам да го кажат истото или пак подмолно ќе си молчат, за подоцна да искоментираат „остај ги и тие нека се зафркнат, само ние ли да се зафркнеме’’

    Во секој случај, еднаш правите свадба (добро има некои и со модерни сваќања :) ) и добро проверете каде што и како нудат, колку се исполнителни...
     
  20. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со Зага, не лично но на мои блиски , и сметам дека се премногу скапи и не секогаш го добиваш она што го гледаш на интернет . Ако го одбереш најскапиот пакет да ќе се потрудат и ќе направат да изгледа убаво , но за секој друг пакет добиваш импровизација. Што за мене не е во ред убаво е на сите да му се обрнува исто внимание или барем нека има пакети еден и за него да го добиеш најдоброто.
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.