И јас размислувам за Ѓорѓи Ристоски, фотографиите што ги гледам се прекрасни, многу живи! http://gjorgjiristoski.com/weddings/ А за цена и конкретните понуди напиши му е-мајл, брзо одговара и имаат за секакви вкусови и џебови Скоро сум убедена него да го ангажираме, но сепак некој друг ако има лично или блиску до лично искуство нека каже!
Ve nolam ako nekoj ima iskustvo za foto jasmina i foto deso neka pise vo poskoro vreme! Odnapred blagodaram!
Незнам колку често се читаат и колку се одговараат прашањата на овој форум... Пред 1 месец сама го поставив прашањето за да ја разрешам дилемата помеѓу фото студио десо (се наоѓа наспроти Соборна) и фото јасмина (се наоѓа во Лептокарија) по што од оние со понормални цени само тие две беа слободни за нашиот термин за свадба... А, сега еве сама и ќе си одговорам на истото, како би им помогнала на сите идни брачни двојки (иако мене никој не ми помогна) доколку се размислуваат за фото студио и доколку во игра го стават конкретно фото десо. Значи од наше горко лично искуство и големо разочарување ви кажувам на сите ФОТО ДЕСО НИКАКО, ама НИКАКО! Фотографиите се најголем спомен од една свадба. Нас Десо ни ја упропасти свадбата. Немаме ниту една професионална фотографија која може да ја ставиме во рамка, ниту една намерна фотографија. Сите фотографии се случајни, ама ни во нив нема ништо што личи на спонтана фотографија, сите се катастрофа, сликани глупости, луѓе од страна, а ние сечени. Свадбата ни беше во Охрид со супер локации за фотосесија и во езеро и на копно. Денот беше совршен за фотографирање..., а резултатот е помал и од нула. Во текот на денот имеше некои изненадувања за кои ни ние самите не знаевме, а беа приредени од наши блиски луѓе и наместо екстра фотографии од истите, десо ни кажува дека го фатиле неспремен..... Фотографиите со гостите уште полоши. Нема ниту една убава фотографија -ужас, сите се со сенки и осветлувања, луѓе фатани од страна, направени без никакво внимание на истите, а одговорот од Десо - јас не го знаев ресторанот, рестораните во Скопје си ги знам..., а имаше време и време да проба каде би можел да слика ... Се нервирам од самото ова што го пишувам да го споделам со вас. Нека се откаже од професијата, во него не постои ни П од професионалност. АМАТЕР ќе ни направеше подобри фотографии!!!....
Angella1, многу ми е жал за твоето негативно искуство околу свадбата. Те прочитав и во темата за шминка и незадоволството од изборот што си го направила. Инаку, на форумов девојките навистина помагаат (барем тоа е моето искуство), но тоа не значи дека секој пост добива одговор, не зашто не заслужува, туку тоа е склоп на околности (не сите активни членови отвараат категорија Семејство>Свадба, туку само оние кои или спремаат свадба или им е интересна темата; а зависи и од периодот - во сезоната на подготвка на свадбите /зимскиот период/ темава е многу поактивна). Е, сега за твојот случај, тргнувам од претпоставката дека за кратко време сте ја спремале свадбата, па сте морале да донесувате брзи решенија, па оттаму и така да кажам "не толку среќните" избори на провајдерите (сега не ми текнува друг збор) на услуги. Ако е така, разбирливо е дека мора да се прават компромиси и отстапки (пр: музиката некои ја закажуваат и цела година однапред, па ако бараш слободна група за еден месец ќе бираш од тие што останале со слободен термин - ова само за илустрација). Но, ако сте имале доволно време за подготовки, а сте оставиле сé за последните два месеци, тогаш чија е одговорноста? Еве, накратко моето искуство со форумов и подготовките на мојата свадба. Имавме скоро година дена за организација. И си почнав со време. Надвор од Мк сме, па немав многу кај да се распрашувам преку познати и искуствата на форумов ми беа појдовна точка за многу донесени одлуки во врска со свадбата. Но, пред да почнам да пишувам и да прашувам овде, го прочитав секој еден пост во Свадба дотогаш напишан. Во слободни денови седев и до 4 сабајле и читав искуства, само за да не поставувам досадни и веќе одговорени прашања ( може има по некое ), па така и постепено елиминирав опции. И за да не сум ептен офф од темава - конкретно фотограф си избрав точно благодарение на препораките и искуствата од овој форум и за момент не зажалив. И мене ми беа многу важни фотографиите, па договорив фотограф дури и пред музиката: ресторан - фотограф - музика, па сé останато. Една идеја за тебе, свадбата што поминала - поминала, но ако сте во можност со сопругот, облечете се ко младенци уште еднаш и направете си една фина и интересна фотосесија со добар фотограф (со препораки). Така барем од вас ќе имате добри фотографии кои со мерак ќе си ги разгледувате додека стареете еден покрај друг. Спојлер Среќен и долговечен да ви е бракот Едит: Во меѓувреме се сетив на еден случај овде - брачен пар тужат фотограф затоа што останле без слики од свадбата (поради несреќен склоп на околности на фотографот му откажала комплетната опрема: двата фотоапарати и еден резервен, па на пола свадба останал без опции) и судот како казна за фотографот носи одлука истиов да им ја плати комплетно цела свадба (станува збор за дваесетина илјади евра). Во Македонија не знам како би поминал вашиот случај на суд (најверојатно нема ни да биде примен), но распрашајте се за опции. Постои и Организација на потрошувачи, може тие ќе знаат да ве упатат што да преземете ако сакате да го истуркате ова до крај. Ова е сајтот: http://www.opm.org.mk/
Ја исчитав целата тема. Можам само да се заблагодарам на сите девојки кои споделија искуства Имам едно прашање- колку што можев да прочитам Ирена Мила сите ја испофаливте Јас лично незнаев за неа пред да го отворам форумот. Воодушевена сум и јас Ај плс кажете ми дека цените им се македонски
Еве ви линк и од мојот фотограф, едниствен што има нерви да се справи со мене https://www.facebook.com/SamirDemishiPhotography
Фемнки колку се движат цените на ирена мила или ,,љубов,,( името на феминкат на форумот). не можам никаде да најдам цени..ја побарав на фб ама не не прифака. Ве молам кој знае нека и пише. Поздрав
мислам дека 400-450 евра беше ама само за пола ден. Знам дека по саати се наплаќаше нешто така.. Да побарам поточно ќе ти пишам едит-неможам да го најдам ценовикот поодамна дека прашував па сум го избришала изгледа само знам дека беа прилично скапи затоа и сум го избришала еве ти нивна фб страна тројца фотографи се вкупно не е само иренамила пиши им ќе ти вратат https://www.facebook.com/pages/Will-You/403061256435623
Здраво јас не сум подолго време на форумов и не следам, и некој ми кажа дека се зборувало. Слободно може да ми се обратите на погорната страна на фб и цените почнуваат од 300 евра и имаме соработка со камерман.
Сум била на неколку свадби каде што биле они задолжени за сликите и снимката. Мене лично ми се свиѓаат, посебно сликите. Цд-то е скоро со иста приказна и песните во позадина се исти кај повеќето свадби. Инаку во глобала се супер. Квалитетот им е одличен, можам слободно да кажам дека се меѓу подобрите.
Здраво девојки, Нова сум на форумов како член и случајно налетав на дискусијава подготвувајќи се за свадбата која ми е закажана во Јуни. Околу фотографирање се одлучив за Idea Lab Photography https://www.facebook.com/pages/IDEA-LAB-Photography/561036617316352?ref=hl , воедно имам и присуствувано на 2 свадби кај мој пријателки на кој што фотографираа и снимаа, а квалитетот им е екстра, сама се уверив во фотографиите и видеото, а и пријателките од двете свадби без компромис ми ги препорачаа. Така се решив да ги ангажирам и за мојата свадба, цените им се прифатливи, не се класично студио како поголемиот дел студија што сликаат само местена фотографија и сликање колку само да се сликне нешто, имаат неколку пакети според бројот на часови на ангажман но и прават пакет по желба на клиентот како во мојот случај. Двајца, но по избор и тројца фотографи се плус камерман т.е. ги има пакетите на нивната страна да не бидам долга Од фотографија ми понудија класична фотографија (местена) плус фотографирање на спонтани моменти (спонтана фотографија) во текот на целиот ден, ова највеќе ми се допаѓаше зошто ретко кој од студијата ја нудат спонтаната фотографија (или ја нудат, а одпослем даваат нешто што воопшто не личи на спонтан момент, а тврдат дека тоа е спонтана фотографија, ова од искуство на пријатели го пишувам), а најубави и најинтересни се спонтаните моменти. За фотосесија се договоривме на 2 локации бидејќи толку имавме време на располагање, ако имав повеќе време можев да си избирам и трета локација како што ми понудија со пакетот и плус фотосесија дома кај мене од сабајле кога ќе дојдат. За видео ми понудија камера плус додатна камера за моменти, фул хд со најавна, одјавна шпица и све што треба и како треба измонтирано, како што видов самата, двд комплет + блу реј комплет + скратена верзија во двд и блу реј комплет + уште неколку работи што доаѓаат со самиот пакет. А да и да не заборавам целиот материјал им е спакуван во дрвена кутија или како што ја нарекуваат они wedding box... Се надевам во нивниот квалитет и останува само да почекам до Јуни За сите што немате одлучено за фотографија, а сте за необична, спонтана, тематска и квалитетна фотографија и видео материјал ви препорачувам да ги разгледате дел од свадбите што им се на страната или пак да ги исконтактирате детално да ви објаснат и презентираат ... Уф бев многу долга, доста беше
Вчера си закажавме во Имиџ фото студио во Лептокарија.Цената таа си е како и во повеќето.150 евра за сликање и снимање.И плус 200 евра мислам беше за 350 слики,видео хд,3 слики а4 формат,цд со сите слики на него,гратис покани,гратис бонови,И кратко видео како најава така нешто. Има ли некој коментар за ова фото студио да ми кажете да си знам?
Кога ги закажував ми дадоа некој си попуст и излезе околу 20,000ден за пакетот според мојте желби плус патни трошкови до св.Јован Бигорски бидејќи тамо ќе ни биде венчавањето неколку дена пред свадбата
Кај братучедка ми сликаа имиџ фото и воопшто не беше задоволна, сликите не се ништо посебни, спонтани моменти нема, сликите и ги дадоа намалени не поголеми од 5x5см, те условуваат да извадиш мислам 300 слики мин. по цена од 30-40ден од слика за да ти ги дадат оргиналите... од кога си плати плус 150-200е за сликите и ги дадоа оргиналите некој си 600-700 слики од целата свадба, целиот ден што мислам дека е многу малце 600слики, фотосесијата е лоша, без креативност, без обработка на сликите, без ефекти, без динамика, колку само да биде сликнато ради реда и без врска. За видеото класика ништо посебно ...
Не знам дали го имаме испостирано линков.. ама гледавме да освежиме малку иако имаме за апдејтување од уште свадби ама се' си бара посветеност. http://willyouportfolio.tumblr.com/