И јас се согласувам за Фото Мемори. Тие беа ангажирани од страна на едни пријатели кај што бевме старосватови. Поточно, беа препорачани од ресторанот. Им дадоа попуст за сликите. Им рекоа дека снимањето ќе биде гратис, ама не беше така. Кога отишле да ги земат ЦД-та, им рекле дека треба да платат 4 000 денари.ако сакаат да ги добијат ЦД-та. Оние се изнервираа, ама не можеа ништо да направат бидејќи немаа потпишано никаков договор. Си платија 4 000 денари. Ама тоа не беше се. Цд-та не биле како што треба. Од ресторан им ставиле снимка од 2 саати, а нели оибчно се става по 4 саати снимка. Свадбата трае 6 саати, еден саат ти поминува во сликање со гости и остануваат 5 саати, од кои 4 ставаат на Цд-та. отишле пак кај нив за да им дадат други дискови и така беше. Ја оправија работата. Многу се разочарани од Фото Мемори, ама бидна. Јас ти ги препорачувам Фото Маестро. Прават прекрасни фотографии и снимки. Само што не знам која им е цената. Фото 5 не ме бендисуваат. За другите двајца прв пат слушам. Најдобри се Зага продукција, ама затоа се скапи. Најнискиот пакет им изнесува 500 евра.
Веќе ги ангажиравме Фото 5. Сите слики во полна резолуција на CD, двајца фотографи, една камера, сликање во матично друг ден, фотосесија после свадба, photobook 22 страни, кратко видео од 3минути пред почеток на снимката од свадба, и по 100 фотографии за моите и родителите на мм. За сведоците сликите се по 50 денари а за останати гости 200. Ова го договоривме а што ќе се испочитува ќе знам откако ќе завршиме со свадбата.
Значи ги поскапиле цените за сликите со гостите. Се ќе напрвата само за да земат повеќе пари. Мене не ми се допаѓа тоа со блокчињата. Што ќе ми е цело блокче? Доволна ми е сликата со младите.
Скоро секаде се поскапени цените за следната година,а гостите може да си земат само една слика и за тоа ќе платат 100денари. Ако некој сака уште и така ќе ги имаме сите слики на CD ќе им извадиме колку сакаат. Заборавив да кажам дека со тој пакет цената на сликите е 13*18 е 15 денари, и така сликите ќе ги имаме па кој сака ќе му извадиме по таа цена. На други места цената беше 35, 30 и 25 денари. Инаку ако некој од гостите не сака да земе слика немаме никаква обврска ние да ги земеме т.е. платиме. На некои места сите слики што се извадени а гостите не ги земале младоженсите после свадбата треба да си ги платат.
Еве вака јас да ви пренесам мое позитивно искуство од Perfect Wedding Studio од Штип. Ги открив на фб, немав никој познат кој ги најмил ама според тоа што го видов на нивната страница решив да одам со нив. На крај, бев ептен задоволна, имам видео од 5 саати, снимено со 2 камери и над 1500 преубави слики направени од 2 фотографи. Плативме вкупно 450е, во кои влегуваат и сликите за гостите кои ги плативме со сопругот. П.С. Заборавив да кажам дека добив 3 двд комплети (со 3 цд-а внатре), видеото во Full HD резолуција, сите слики во оригинална големина и плус 100 фотографии гратис од нив.
Супер штo си зaдoвoлнa и имaш oдличнo искуствo Зaинтересирaнa сум зa дa ги кoнтaктирaм, ке мoже ли инфo кoј пaкет гo земaвте и дaли имaaт мoжнoст зa кoмбинaцијa нa услугите или пaкетите кoи ги нудaт не се прoменливи? Кoлку штo прoчитaв oд штип се кaквa и е пoлитикaтa зa свaдби нaдвoр oд штип се плaкaaт дoпoлнителнo пaтни трoшoци и дoкoлку си зaпoзнaенa кoлку изнесувaaт зa скoпје?
Дечки гледам дека се думате за цени за Вил ју! Слободно можете да ме контактирате кога сте во недомница, цените се различни за различни пакети и со различно понуди. Почнувајќи од 350 до 550 евра. Слободно обратете ни се на https://www.facebook.com/Will-You-403061256435623/ или пак на мјелот willyouphoto@gmail.com.
Ние го одбравме вип пакетот со мали измени, пошто не сакавме Love story да снимаме, па отприлика ни намалија со цена. Ама на ова ги додадовме сликите за гостите кои ги плативме ние со сопругот и сè вкупно ни дојде околу 450е. Не праат проблем пошто имаат многу свадби кои ги работат надвор од Штип. Мојата свадба беше во Гевгелија, ние доплативме 1.000 ден. за патни трошоци.
Здраво, гледам дека многу си ги пофалила фото студио Will you? па сакав да те прашам како се движат цените кај нив или да не имаш некоја понуда што ти испратиле? Поззз
@Wallis јас и ден денес ги фалам Will you, а пролетва планирам да ги побарам и за друг семеен повод, ако се слободни во тој период. Инаку, свадбата беше 2013 год. и можно е да ги корегирале цените од тогаш. А, ако добро сум разбрала сега веќе соработуваат и со снимател, па цените на пакетите сигурно би биле поразлични. Најдобро би било директно да ги контактираш на фб или на мобилен. Девојчињата се ултра фини, коректни и не отстапуваат од договореното. И честитки.
Здраво нова сум на форумов ме интересира некој да ми препорача фотограф за фотографирање на мојата свадаба не сакам нешто класично сакам по алтернативно нешто и не можам да се одлучам некако како што контактирам некој студија по Скопје многу ми се кич многу фалби многу лош квалитет и во голема дилема сум Поздрав
Will you?https://m.facebook.com/profile.php?id=403061256435623&tsid=0.5921380943618715&source=typeahead Во секој поглед се предобри девојките! Еве една слика од нашата фотосесија:
Не сум сигурна @Tea-te , пријателки ми се па за мене беше со попуст, но мислам пакетите им почнуваат од 300е. Пиши им на фејсбук, ќе ти ги пратат пакетите и ќе си видиш дали ти одговараат цените.
Дaли имaте искуствo сo Вaнчo рaбoтеше вo бимбo сеa слушaм ке oтвaрaл сaм студиo, секoјa инфoрмaцијa ми е дoбредoјденa зa негoвaтa рaбoтa, oднoсoт сo клиентите, испoрaчувaње нa слики видеo пoсле свaдбa, фaлa ви
Јас сум презадоволна од Idea Lab Photography, фотографираа и снимаа на мојата свадба. Од квалитет и материјал добив и повеќе од тоа што очекував и што ми понудија. Со цената беа приступачни, а и стално нудат нешто промотивно во своите пакети. Како што видов кај нив на страната сега имаат промотивно во свадбените пакети гратис предсвадбена фотосесија на повеќе локации... А да и еден совет од мене не се лажете со студија кај што имаат повеќе тимови, зошто презентираниот квалитет е од првиот тим, другите тимови им се каде каде подоле во квалитет од првиот... а со студија со еден тим квалитетот е тој што ви го презентираат и тој квалитет и го добивате... Поздрав
Дали ги знае некој и дали има искуство Timeless photography https://www.facebook.com/mkd.timeless/?fref=ts дечкиве ми дадоа добра понуда но сакам да слушнам мислење од некој