Се сoглaсувaм зa идеa лaб ги искoнтaктирaв нo ништo зaфaтени се зa жaл инaку бев спремнa дa ги aнгaжирaм
Женски дали имате некоја од вас искуство со Playback од Битола? Пишете, треба што побрзо да одговорам.
од голем дел пријатели имам слушнато дека се супер, и позитивни искуства . Верувам дека не би погрешила
Значи луѓе што и да правите никакооо немојте да го ангажирате Атила Асанов од Валандово тој е измамник! Има страна на фб Атила продукција наоѓа парови ги обработува ги убедува прави топ понуда со фотобук гратис или гратис одмор ако платиш унапред ти прави договот без никаква основа бидејќи не ни има фирма става потпис без печат и ја креира работата за да немаш основ за тужење. Изнајмува сниматели од други продукции, после свадбата ги добивате сликите но не и снимките пошо он не им плаќа ни на снимателите ниту на продукциската куќа за материјалите и после се убива од лажење со денес утре задутре... ова и се деси на сестра ми и среќа една од деверушите се сплетка со камерманот па тој и кажа дека материјалите се кај нив и се чека на Атила да им плати за да ги монтираат и да му ги дадат за да ги донесе. Откако почнавме со антирекламна пропаганда се јавија мноооогу други кои биле зафркнати на ист начин од истиот човек и кои не знаат ни каде им се материјалите. Ние си ги откупивме со договор ако некогаш Атила реши да ја заврши својата работа да ни ги вратат парите. Во меѓувреме му отидоа зет ми и татко ми да го присилат да потпише изјава на нотар да има на што да покренеме постапка. Многу внимавајте пошо никој не очекува ваква зафрканција баш на свадбата да го задеси.
Девојки има ли некој искуство со Панајоти за сликање ? Ги разгледував неговите слики на фб па ми се допаднаа ...а треба да одберам фотограф за свадбата ...така да секое мислење би ми било добредојдено
Здраво на сите Најпрво добро Ве најдов, Ве читав редовно и од скоро се зачленив. Се фатив во тесно па ми требаат совети хаха Ајде , иако испрочитав се, кажете предлог фото студио, да не е многу скапо .. И искуство има ли некој со фото ЛИК , и дали има две такви со исто име, дека јас знам за ЛИК во кисела вода, а некој овде спомнал аеродром... ? И искуство со АСА продукција- Александар Алексовски... Благодарам
Друго е ова. Мислам дека газдите се браќа, но си работат одделно. Инаку не би ти ги препорачала затоа што слушнав дека многу ги бркале гостите и ги замарале да земат безвеза исчкрапани слики.
Многу сакам фотографии. Убави фотографии, не мора свадбени само. Искрено, од сите свадби кај што сум била, ни една слика немам врамено, зашто поглупа слика од онаа на влез со младенците - не постои. Во поново време среќа имаме и телефони со релативно добри камери, па сами што ќе испосликаме и да личи убаво, спонтано. Последнава свадба каде што бев, кај ептен блиска другарка, беа веројатно и најразочарувачките слики што сум ги видела. Студио 5 беа во прашање. Фотографот беше екстремно напорен, не тераше да стоиме во некои ненормални пози (на сите слики ја држиме за стомак, па сега сите ја прашуваат дали е бремена - не е). На свадбата од слики има мишки, тилови, фризури и искривени фаци, една асална слика нема, една. Од младиве па ич. И од божемската “фотосесија“ што ја имаа после црква, една слика не им е добра за врамување. Сликите кои ги добија сите се со ужасно низок квалитет и со нивно лого и премала големина. Искрено, од мое гледиште, ќе скратам на друго за фотографиите да се како што треба. Ќе исфрлам сликање на влез, најнепотребно малтретирање. Љубам ја пратам и на фб, искрено во однос на фотографии ми се исто што и Зага, не гледам кај нив поголема креативност или квалитет, иако за мене додека не видов што прави Љубам, Зага ми беа врвот. Сеуште се, за love story, кое ете мене ми се допаѓа, ама не баш свадбарските, имаат и други во “цивилка“ со малку свадбарски Не знам колку Љубам наплаќа, ама ако правам свадба, си ја планирам неа. Креативни, интересни, невообичаени фотографии, нешто што ќе ми стои врамено.
duffi i nie se odlucivme za perfect wedding studio ... utre uplakame avans na tolku biranje i gledanje mislam deka napravivme ubav izbor
И јас исто се надевам. Им ги гледам фотографиите и ми се допаѓаат. Туку уште немам земено договор,а ни договорено за пакет. Кога е вашата свадба?