Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотографи за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од kalinaaa, 20 март 2011.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Дали ќе може инфо како им се движат цените за пакетите и што се добива? :)
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Во мојот пост пишав за цената што добивме.
    За другите пакети не се сеќавам како беше ама имаше поскапи и поевтини опции.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Ај бидејќи си поминала низ тоа, што мислиш дали е доволен еден камерман? Јас некако сум за 2 ама ме предомислуваат....:^)
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Доволни се Софија
    .Ако е искусен ќе ги фати сите битни моменти. И кај нас беше еден камерман со два фотографа.
     
    На Artemission и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се надоврзам со камерманиве.
    И јас сметам дека е доволен еден.
    Туку што е со кранот муабетот? Ќе ме снима са висине? :D
    Што мислите за кран?

    А не е доволен и еден фотограф?
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Теди јас врска немам што е работата со кранот. Кај нас кран немаше, ама снимката е супер. Се е опфатено убаво, сите моменти.
    Еден фотограф мислам дека е малку, бидејќи кога почнува свадбата ќе треба да биде или кај тебе или кај него. Е сега ако некој дома од вас може да ви заврши работа, сака да ве слика и го бидува, па да направите слики и од двете доми.
    Многу се битни спомените, верувај. На крај само сликите остануваат за листење.
    А во ресторанот доволен е и еден. Нема толку потреба за два. Освен ако имаш 500-600 гости.

    Не штедете на сликарот. Не и да фрлате пари. Ама нека биде некоја средна цена што вас најмногу ви одговара.
     
    На Barbie20 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дуфи,
    ова од други муабети, на едни сликарот им препорачал 2 камермана и 1 сликар, као он идел кај младоженецот, па пред да тргаат по невеста идел тој кај нејзе, па ги чекал таму, и после нели сите сме заедно.
    Мене ми е пологично ова твоево, него две камери да ме демнат цел ден, зашто само додека дојде по мене сме одделени.
    А и ако е добар фотографот може и 1 е доволен, сепак е мала разлика во цена фотограф плус, нека има и уште еден.
    Не знам за ова не сум решила, ќе размислам.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Кога е свадбата @TeddyGrey ?

    Шо знам, два камермани навистина не е потребно. Кај нас камерманот беше кај маж ми. Ние и не теравме некои адети, освен земање на невестата. Кај мене дома немаше, ама па не ни имаше потреба. Снимката кај мене започнува кога доаѓаат по мене. Ама се им е убаво склопено, секое деталче е опфатено.
    Сликарот кој беше со мене си ја заврши супер работата. Имам сама милион слики. Фатена од секој агол.
    Верувај секогаш кога ќе ги листиш сликите , ќе ти будат прекрасни емоции.:l:

    Сликаа Perfect Wedding Studio од Штип. Мал збор е да кажам дека сме презадоволни. Пакетот си го избравме ние со нивна консултација. Мажето не сакаше Love Story, па ни намалија на цената. Беа сосем коректни према нас.
    Се што се договивме ни исполнија.
    Дечките се млади и многу иновативни. Се гледа дека си уживаат во работата. На фотосесијата ние се изморивме , они уште полни со идеи.
    Имаме прекрасни слики, не знаеш која да ја одбереш попрво.
    Работат со последната технологија , се нај нај за нив.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Свадбава ќе биде во Октомври, да ти кажам право немам уште ресторан, неделава ќе гледам, не сум врзана за која сабота да е, било која од Октомври. Ваљда ресторанот што ми се свиѓа кога ќе е слободен тогаш ќе ја правам.
    Можда рано почнувам да се спремам со се, ама мозоков ми работи турбо, па собирам информации од сите страни.
    За адетите исто ќе биде и кај мене, освен тоа ништо друго. Камерман секако ќе имам еден, за фотограф само ќе размислам дали уште еден плус. Ма да и тоа ме влече дека еден ќе е доволен.
    За Love Story јас не знам дали сакам, ама можно е мојов да сака. Ќе видам тоа компромисно ќе се договориме ние.
    А фотосесии што прават пред свадба или после (не знам како праат) од кај испадна таква мода не знам. Го прашав јас еден сликар за таква фотосесија, ми вика ако сакате ќе ве сликам не е проблем, ако го ангажираме, симболична цена би била, ваљда само сликите ќе ни ги наплати. А гледам во некои ценовници таква фотосесија иде од 50 до 150 Еур.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Епа @TeddyGrey имаш многу време.
    Ние во декември ја закажавме свадбата за септември. Тогаш капарисавме и музика. Фотограф некој месец покасно.
    Фустанот го бирав 2-3 месеци пред свадбата.
    За се друго месец дена пред свадбата.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Камерман доволно ти е еден. Двајца се потребни ако имаш премногу гости па да се опфатат најбитните детали во снимката. Така барем мислам. А, дали сакаш еден или двајца фотографи зависи од тебе. Кај мене лично јас сакав фотограф што ќе биде кај мене пред да дојдат сватовите и еден кај нив за да си направам повеќе слики, а не да го чекам кога ќе дојдат тие.
    Работата со кран е што ќе имаш снимка од далеку, опфатени сите. Мене ми побараа да доплатам за тоа 50 евра, но одбив иако гледав снимки така снимени и ми се допадна.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ние закажавме свадба во мај и за се друго горе доле знаев што и од каде, ама за фото студио никако да се одлучам. Фотографијата и снимањето на свадбата ми се многу битни, јас сум фанатик за сликање, значи уживам да се сликам и стварно имам проблем да изберам фото студио. Дај препорачајте некое, пишете повеќе деталии искуства. Во поглед на цената би дала до 700 евра максимум.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Од тоа што следам на фб,Панајоти ми се убедливо најдобри.Имам слушнато дека 500 евра земаат:)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Почетна цена на Панајоти е 150Евра. После тоа по избор, се доплаќа камерман плус, дрон, кран, фотобук.
    @BoaVista разгледај ги Панајоти, на многу им се свиѓаат.
    Say Yes исто така.
    Мене посебен впечаток ми остави и Андреа Игњатовски, ми се свиѓаа сликите и кога му пишав на фб ептен убаво ми објасни се и приступачен е. И тоа ми падна убаво.
    Јас се мислам помеѓу него и Say Yes.
    Ако сакаш пиши ми ЛП ќе ти ги пратам 3 - 4 понуди што ги имам.
     
    На BoaVista и kala21 им се допаѓа ова.
  15. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    токму овие и јас ги разгледував по фб ... ако не ти е проблем би сакала да ми ги пратиш понудите во пп .. фала :D
     
  16. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Ние плативме 100 евра точно.Еден камерман,2 сликари,фотосесија,сите слики на ЦД а од нив бесплатно можи да одбериш 200 за да ги имаш како слики,2 копии од видеото од свадбата,love story и голем албум за слики.Цениве што ги читам погоре малку страшно ми делуваат 500-700 евра???? Не е премногу?
     
    На Peachbunny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    За квалитетни слики и спомени воопшто не е за мене.
    На крај сликите остануваат.
    Кај нас ефтините студиа работат ради реда,со слаба опрема , никаква обработка.

    Парите кои ги плативме за сликите воопшто не ги жалам оти се многу профи, боите прекрасни. А сумата беше на пола од таа што ја спомна ти.
    Ама бевме спремни да платиме и повеќе,само да го добиеме тоа што го посакувавме.

    Инаку кога беше свадбата? Сега цените се доста покачени на се.


    Би им препорачала на идните невести да не штедат на слики, да изберат некој среден пакет , кој ќе им одговара на џебот.
    Другар на маж ми од непрофесионално фото студио се со уништен слики и спомени. Ги имат,како да ги немат, црни,темни,заматени.
     
  18. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    2014,август.Кај нас најскапо е 200 евра,со две камери.Овде кај мене таа цена е во скоро сите студиа.Јас сум лично презадоволна ,истите беа и за крштевката од малото пред некој месец(2016,исто август).
    За крштевката (снимање во црква и ресторант,слики на ЦД и фотосесија на малото) плативме 2000 ден.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    @m.i.g очигледно секој град си води своја политика со цените.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас уште не се одлучив за фото студио :sweat: Во игра ми се следниве фото студија, па ве молам пишете некој збор повеќе, од искуство или од муабети што сте слушнале, би ви била благодарна:

    -Say yes, го видов на форумот, сликите ми се допаднаа многу, цената ми одговара, ама love story неможам да најдам да погледнам, па секој коментар за снимката и love story то би бил добредојден,
    -Perfect wedding studio
    -Idea lab Photography
    -Memory Baba, сликаа кај сестра ми на свадба, јас сум задоволна од сликите, посебно од снимката и love story то, мислам дека за love strory се ептен профи, ама сега овие другиве фото студија ме ставаат во дилема.

    Најдов уште едно интересно студио на фб Infinity Art Production https://www.facebook.com/infinityartfoto/