Ќе мораш да им пишеш, зашто мојата свадба беше пред 4 години и плус и они имаат различни пакети, со камерман-без камерман, дали само сликање во ресторан или цел ден и одење по дома, колку слики сакаш да добиеш.... Но имаат нормални цени.
Сакам мноогу да го пофалам тимот на Kristijan photography. Пред две недели правевме свадба и по препорака на пријатели делот со фотографии и снимање им го доверивме на Kristijan photography. Преубава предсвадбена сесија, слики дента исти како што гледавме кај нив на ФБ, слики од гостите одлични. Многу добро и ја водеа свадбата, цел ден ни помина на смеа, цело семејство немаше трема поради него. А што е најважно и цените се сосема нормални.
Ви ги читам коментарите за Панајоти... И јас сакам моето искуство да го споделам и со вас... Панајоти е еден голем Професионалец во неговата бража, лично јас сум презадоволна од неговата соработка, видео и слики... Сопругот мој се разбира многу во фотографии и апарати, и знам дека кога виде со каква опрема работи ми рече: овој не само што си ја знае работата, туку овој има опрема која што вреди колку нашата куќа... Тоа што јас го побарав од него и го добив... Клипот ми беше измонтиран ептен филмски и со приказна, ја тоа и го сакав , а додека сликите ми се најубавиот момент... таинствени со доза на нежност, баш сите негови фотографии ги дозивувам како една љубовна приказан, (а сите љубовни приказни си имаат свои тајни)... Лично јас и Моети искуство со ПАНАЈОТИ можам само нај нај најпофални зборови да споделам со вас... Сепак мислам дека се работи за вкус... Али едно Огромно БРАВО и едно огромно БЛАГОДАРАМ можам да кажам за ПАНАЈОТИ ...
Моментално цените на Kristijan photography му се одлични со оглед дека е професионалец а и си направил свое студио и си гради своја кариера подалеку од Baba3D,верувам и кај мене ке биде одличен. Панајоти убави и интересни слики вади,но измеѓу него и Baba3D сепак се одлучив за Кристијан photography
Женски многу ли се 400€ за сликар или не. Во пакетот има 200 слики, love story видео, дома, В црква, фотосесија ќе има сликар и камерман а во сала ќе се снима и со кран?
Здравоо девојки Спремам свадба па барам фотографи...Дали имала некоја искуство со willyouphotography или со atelier 22? Како се со цени? Квалитет на слики...дали снимаат итн, се она што опфаќа? Ви би била благодарна доколку некоја ми помогне може и лп Убав ден
Will you не снимаат, меѓутоа ќе те упатат и ќе ти дадат контакт за сниматели. Сликите им се преубави. И цените се поскапи од вообичаените. За другите немам инфо.
Дечки да споделам искуство со вас, бидејќи уште ми е пресно. За мојата свадба ги ангажиравме Студио 38 од Струмица по препорака на другарка - едниот од фотографите и беше колега од факултет. Студиото е ново, но дечките се професионалци со огромно искуство позади себе, изложби на алтернативна уметничка фотографија, студиска фотографија, фотосесии на познати фаци и брендови, најдобри во источна Македонија. Снимаат низ целата држава, само мора да си ги покриете патните трошоци кои се минимални. Имаат супер пакети со почетна цена од 350еу. Во поефтините пакети снимаат FULL HD, а добивате видео со wedding hightlights, а поскапите се со 4K резолуција со love story со све, имаат и кранови и дронови, дечките се топ, со најнова опрема. Квалитетот и бојата на фотографиите се феноменални, ептен добро фаќаат моменти и детали, а и они беа доста пријатни со нас и со нашите гости. Пошто свадбата ни беше така поголема, имаа две девојки кои ги делеа сликите на свадбата, за истите наплаќаа 150 денари, а за членовите на најблиската фамилијата беа бесплатни. Материјалите си ги добивме 5 дена по свадбата, имаат понуди наместо на цд, материјалите да ги добивате на екстерен хард диск што е многу пообро и по трајно од цд-ата. На испринтаните фотографии немаше нивно лого, а за photobook доплативме околу 150еу, истиот беше акрилен и мноооооооооогу добро изработен, се тоа, во консултација со нив. Пре, презадоволни сме од нив, топло препорачувам, не само за свадби, ами за било каква свеченост.