Just Smile договорени, бевме на презентација, ептен ми се допадна квалитетот на сликите и видеата, и Кико е супер дечко... Се надевам на супер соработка..
Ние сме од Охрид и ги ангажиравме Mega Production, ги има на Facebook & Instagram , контактирајте ги...имаат нова опрема, и се супер дечки...ние сме презадоволни...
Искуство со JUST SMILE photo studio? Искуство со ФОТО СТУДИО 5? Дали знаете како се движат цените во фото студио 5? И дали некое од двеве студија нуди возило за денот на свадбата? Благодарам
Со Concept production од Битола имате некој искуство? Знам само дека некои од дечките работеле во Зага па сега си отвориле сопствено студио.
Не знам дали сега ќе ти заврши работа ова.Јас од мое искуство би ти го препорачала Панајоти. Човекот си ја знае работата,освен топ слики и многу добро ни ја имаше измонтирано цела свадба. Ептен сме задоволни. Се надевам ти помогнав
Девојки, ми треба фото студио да ми направат албум со сликите од регистрацијата, како мала свадба. Ама албум како книга да е, испечатен. Каде во Скопје, по можност Аеродром, Центар околината да најдам такво студио?
Топло ги препорачувам Метеор, уште за време на фотосесијата бев презадоволна, кога ги добив сликите и снимката уште повеќе се убедив дека се прекрасни. Викендов сликаа и кај брат ми на свадба, и здравје за крштевка летоска пак ќе ги барам.
Не знам колку ќе ти е од корист баш сега што ти пишувам..Ако не ги знаеш газдите на баба 3д не ги земај.. Кај една моја братучедка и снимаа газдите и супер и беше и видеоснимка и слики но как друга братучедка снимаа друг тим што не беа газдите и беа катастрофа.. снимките до пола луѓето снимани во ресторан или пола глави скратени или пола нозе а за слики ако не ги земеш вечерта кај нив од преку ден после преку зет и невеста за поевтино нормално нема да ги добиеш бидејќи ги бришат..
Навреме се предомисливме баш поради многу лоши коментари од повеќе луѓе, а воедно и лош и непрофесионален однос во смисла на тоа дека не ги добиваш сите слики со пакетот, туку само слики каде се младоженецот и невестата не можевме да сфатиме што ни зборат искрено додека не ни објаснија дека ете на пример ако сака деверот да си земе слики, ќе дојде во студио и ќе си бира слики и ќе си ги доплати, а истите тие слики нема на нас да ни бидат дадени... Ние ги избравме Идеа Лаб, па се надевам на професионална и забавна соработка со нив.
Ми треба препорака за фотограф во околината на Штип, Струмица, Радовиш? Колку време пред свадба се закажуваат?