Јас се мислам и неможам да најдам студио со пристојни цени. Реално јас немам 500евра за тукутака да ги дадам. Разбирам дека чим платиш повеќе дека ќе биде wow. Ама реално немам толку пари за да можам да се опуштам, сепак има и други работи за свадбата. Е сега јас не барам многу реално 2 фотографа, покани, слики, камерман. Дрон, кран и фотобук не барам реално. Е сега има неколку студиа Визија (стандард на повеќето свадби тие биле), Маестро и чекам одговор од ред продукција да им ги видам пакетите. Кој би го препорацчале од овие или некој што има пакет со фотографа, да има лав стори, слики, покани,камерман за 300-350евра
Мислам визија се поскапи а ред немој , види прво какви лоши слики имаат на фб па после размисли дека другарка беше на свадба што сликаа она и сликата со гостите била катастеофа црна ништо не се гледало, измешани бои,катастрофа и не ја земала сликата и плус имала портрет и слика од танго, и тие биле лоши слики.
Foto Poli види ги. Така им е фб страната, а има и контакт, па прашај си за цени. Мислам дека имаат пакети за цената која ти одговара.
Да една другарка ми потврди за ред сега бидејќи нејзе тие и биле за свадба и кажа дека фотографиите не биле воопшто добри. А инаку визија се наефтини околу 250евра беше нивниот пакет, и тоа со 2 фотографа.
Маестро пред 2години беа добри но има и ново види на фб фото видео премиум не се скапи а квалитетни фотографии ни даваа на 2свадби до сега ми се погодија тоа фотостудио да е...
Добар фотограф е и Ѓорѓи Ристовски од Тетово е мислам. Сликаше на една свадба од другарка, сликите сите спонтани, топ искочија.
Препoрака фoтo студиo 5, наjефтиниoт пакет им е 350 евра. Сoвршени слики, премнoгу труд и вистински прoфесиoналци. Истo и снимката беше oдлична.
Нас не сликаа студио 5, иако јас имав една замисла, без снимање за Wedding story, не можев со Новица да се убедам, си тера човекот по негово,фати да снима нешто по 10 пати кај што одиѓе, разбирам сака да е совршено и вистина испадна совршено. Кај нас планот беше сторито да е highights од цела свадба, се како што беше природно, го додаде тоа што беше негова идеа и топ, се каам што се изнервирав малце хаха. Не сакав ни фотосесија, жешко, јас трудна мачење ми беше ама ми рече еден ден ќе ти е жал. Нешто на брзнина успеавме и тоа го направиа феноменално. Вчера за прв пат ја гледав снимката после 8 месеци.. преееубавоо. Стварно се за препорака.
За нашата свадба ги одбравме Atelier 22 и неможам да ви објаснам колку сакам да постои временска машина за да го вратам времето. Полош избор неможеше да направиме. Видеото од 10 минути целото се тресе гледаш и ти станува лошо. Целото искуство беше ужасно. Сликите уништени. За на крај да добиеме слики од најмалите. И пак да плаќаме за да извадиме слики како што треба. И кога се јавив да прашам одговорот беше ние сме алтернативни такви мали слики даваме. Им оставам лоша критика секако ја бришат и ме блокираат од инстаграм. Жалното е што ќе има луѓе како нас што нема да можат да го прочитаат нашето искуство и тие ќе се заебат. Така да јас никогаш не би ви препорачала Atelier 22, Alternative wedding photography
Студио 5 ги препорачувам, love story испадна многу подобро од што очекував, сликите исто добри, photobook одличен. Поздрав
Немам лично искуство со нив, ама неколку другарки сакаа да ги ангажираат, бидејќи имаа слушнато позитивни коментари, но, за жал зафатени им беа термините. Ако се одлучите за нив, најпаметно е со време да се договорите и капар да оставите. По фотографиите кои ги постираат од венчавки, ми делуваат професионално.
Здраво Феминки, да ми препорачате студио за мала прослава, да не биде со камери и кранови да дојдат Гледам во последно време не е активна темава, дали воопшто се ангажираат фотостудија за регистрација, сега јас секако би сакала да имам фотографии од свадбата колку и да е мала
Јас морам да го пофалам nikolakocevphotography, дечкото е од свети николе и пре преубави фотографии ни направи притоа сите слики ги добивме во електронска форма во оригинална резолуција.