Devojki, nekolku pati e postaveno prasanjevo ama ne najdov odgovor...ve molam pisete iskustva so Say yes od Skopje...itno e!! Fala
Искуство со Баба 3D, катастрофа. Да почнам од договарањето, крајно незаинтересирани и неорганизирани, се што се договаравме обратно бидна (тргнување, задржување на местата кај што требаше сегде каснеа). Со тој што е газда нерви испокинав, толку вообразен лик, никакви предлози не почитуваше (ама не имаше во рака бидејќи само они беа слободни во тој период). Гостите беа крајно незадоволни од односот на таа што продаваше слики и од она што беше во договорот за продавање ништо не се испочитува (дознавме другиот ден, бидејќи гостите нема сигурно да не замараат дента со тоа). Снимката ја чекавме месец и половина, сликите околу месец, а Love Story видеото еве трет месец више нема абер (видео од 3 минути максимум). Се со ”молење” зедовме, со неколку пати јавување и одење до таму. Џабе им е квалитетот кога односот им е нула и никад више за ништo. P.S. за цената да не почнувам и плус патните трошоци ги наплаќаат со почетна тарифа од 3000 денари, пошо тие 22 шо ги земаат им се малку. Брука !
Нас Фото Центар не сликаше. Сликите беа убави, ама не ги прават како некои што ги прават што излегуваат филмски, јас такви сакав. И сликарот го мрзеше да слика, дека видеше кревет легнуваше веднаш свекрвата кажуваше кога бил кај нив задремал на петоседот.
На две свадби кај што бев сликаа и снимаа они. СОВРШЕНО Барај ги Злате и Јасмина да сликаат и нема да се покаеш.
Здраво на сите. Работам како свадбен фотограф. Можам да ви дадам совети или пишете пп. Вака... Свадбената фотографија не подразбираат само 10 тината фотографии објавени на одреден профил на ФБ на некое фото студио или фотограф. Свадбената фотографија е комплетната услуга која треба да ја добиете, од фотосесија, фатени моменти, обичаи, репортажни фотографии и слично. 1. Кога бирате, одберете легално фотостудио, фирма и барајте да подпишете договор за тоа што е кажано, ветено и пред се договорено. Да имате црно на бело. 2. Битно е колку ангажмани договара на една дата. Значи дали одреденото фс оди на квантитет или квалитет. Најдобра опција е ако работи само една свадба на дата. Има многу фс кои трупаат само бројка, без да се води сметка за крајниот квалитет. 3. Дали фс има константна екипа на луѓе, дали тимот е истиот на секоја свадба или дел од тимот е истиот. 4. Дали прави пост продукција на материјалите без разлика фото или видео и каква. 5. Дс барате да ви покажат комплетна услуга, како што имаат дадено на клиент, а не само 10 те фотографии кои се најдобри. На секој може да му се погодат тие фотографии ама побитна е комплетната услуга. 6. Опрема која се користи а побитно е кој стои позади апаратот или камерата. Овде е небитно името на фирмата доколу екипата не е добра. Најбитни се луѓето и нивното искуство. 7. Со тој што договарате, тој да ви дојде на ангажманот. Од искуство зборам дека секогаш внатрешен член на екипа ќе се залага повеќе за да е се најдобро изработено. 8. Колку пари, толку музика. Неможете да очекувате дека за ефтин пакет на услуга ќе добиете висол квалитет. 9. Фотографската услуга е субјективно нешто. Зависи од погледот или креативноста на тој што е позади парчето опрема. Најсмешно ми е кога кај мене ќе дојде клиент и ќе каже дека сака 2 камери и 2 фото апарати. Јас одговарат ама одма дека фото и видео опрема не продаваме. 10. Кај нас фали малку повеќе да се зголеми свеста на клиентите за уметност и да сватат дека фотографијата не е само претискање на копчето. 11. Барајте фирми или фс каде имаат добри екипи или се една добра екипа, кои ќе прикажат интерес да ви направат спомен. На пример секогаш кога имам барање за понуда за свадба секогаш клиентот го прашувам како им е замислена свадбата и барам повеќе информации. Најчето при барање за понуда за свадба, нај прво клиентот пристапува вака: " Здраво планираме да правиме свадба, може ли да ни пратите понуди и цени." Јас им одговарам дека пред да разговараме за цените, да ми дадат опис за нивната свадба, на која дата е, каде е, кој ресторан, која црква, каде сакаат фотосесија, какви се како луѓе, што очекуваат од фотографот, дали имаат некои желби или сакат одредем стил. Ако и повторно пак ладно ми го постават истото прашање да им пратам цени и пакети, едноставно сметам дека тие клиенти не се за мене и дека нив ги интересира само цена а не како ќе се сработи нивната свадба. Темава е долга за свадбена фотографија, барајте фс кое ќе покаже интерес за вас, да не ве гледа само како продажба на експрес фотографии. Поздрав и успех во изборот на фотографи или фото студија
https://instagram.com/am_official_photography?utm_medium=copy_link https://www.facebook.com/proweddingmacedonia/
Здраво, ако може препорака за добар фотограф, значи не барам фотостидио што ќе слика и продава слики, снима итн. Сакам фотограф што ќе биде присутен на прославата и ќе "фаќа моменти", нормално да направи и фотосесија од нас и по некоја намерна слика со гостите но најважно ми е кас да си платам само услуга и да добијам средени фотографии и да платам за тоа а слики јас да си вадам од после кога и колку сакам.
Здраво на сите, нова сум на форумов и планираме свадба во јуни. Навистина немаме ни разгледано за фото студио, битно ми е да не се прескапи и сакам сликите да се средени, на една другарка и дадоа само сликани без да ги средат сликите од свадба, со мобилен поубаво да сликавме. Може и некој што има повеќе искуство да ми пише од студио што е задоволен, јас директно понатака ќе контактирам со студиото. Која е цената? Фала, девојки
Здраво на сите Планираме свадба во септември во Скопје Ги најдов Фото студио Пента од Велес на ФБ и доста сме заинтересирани Дали некој може да сподели искуство со нив?
Да ми предложете некое фото студио од источна македонија, стварно да ги бива за случајни фотки. Ми треба за регистрација во ресторант со најблиските и сакам да се доловат само убавите моменти, не ми требат некои филмски фотосесии и сл