Топло ти ја препорачувам Каролина Ди (на инстае вака потпишана),сликаше кај мене на веридба и сум презадоволна од неа,начинот на кој соработува,се труди,фаќа моменти,пристојна цена,изработка на слики
Знае некој дали Perfekt wedding од Штип фотографираат и регистрација во ресторант или само со свадби работат? На страната имаат понуди само за свадба, па не знам дали прифаќаат и помали паќети. Оти реално 600 евра за 4-5 часа сликање и снимање ми е многу да дадам
Дајте предлог фотограф ама не со цела екипа да дојде, со камерман со девојќи за слики делење... Само еден фотограф ми треба
Помеѓу фото Маестро и студио 5 кое би го избрале? Ќе правиме матично во ресторан, па идејата ни е кратка фотосесија во ресторанот пред да почне матичното, и после со гостите кои ќе се околу 20 луѓе.
На мојата свадба беа они. Хартијата од која беа изработени сликите беше топ. Во делот со сликањето не беа нешто нај нај, но нели за нај нај се ЗАГА тука кои се дупло поскапи и тоа им доаѓа колку пари толку музика. Во делот со портретите за гостите се живи цигани, премногу се усрамив. Да знаев дека тоа го прават никогаш не би ги зела или бар би напоменала. Воопшто не се трудат.
Здраво девојки, морам да го споделам на кратко со Вас моето искуство со Студио 5... Уште пред да знам дека ќе се мажам знаев дека ова студио ќе го изберам цело време им гледав слики и бев пресреќна кога ми кажаа дека се слободни за мојата свадба. НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Препотентен газда, збунет сликар и камерман на кој му беше многу жешко на мојата свадба во лето па се истуфка цела свадба и превртуваше очи на цела фотосесија на која претходно не убедуваше да не одиме зашто е жешко, па се натегавме 10 минути дали да отидеме или не иако претходно нормално беше договорено. Сликите ништо посебно иако газдата презентира како да они прават некоја магија, не стојат на договореното, не добивме тоа што требаше, сликите од едвај добиената фотосесија ајде некако се тераат ама сликите на најблиските- хорор па сите гости посебно најблиските разочарани до максимум, морав да слушам критики од сите долго време после свадбата... Со еден збор УЖАС... Ми се плачеше... Би сакала да Ви раскажам се во детали ама ќе треба да напишам есеј...
Стварно не можам да ве разберам, кој може со сила да ве натера да купите слики или да дадете пари на музика зошто нели оди по вас на оро? . Јас со фото Маестро имам прекрасно искуство и ги препорачувам на сите затоа што се прави професионалци од организација на свадба до изработка на видео и фотографии и се било како што сме се договориле од почеток до крај. Прв пат ги приметив лани на свадба кај што бев старосватица и они снимаа, имав 50-60слики и 2500ден ми беше премногу иако беа топ и сликите и хартијата. Прашав дали може да одберам до 1500ден и девојчето беше љубезно и ми дозволи без проблем. Пред 2 месеци правев и јас свадба и кога се договаравме со нив ни напоменаа дека прават многу слики но никој не е обврзан да ги купи и ги разбирам, нивно е да понудат па кој сака нека си купи зашто да не. Кога отидовме во студиото после свадба да си платиме ни покажаа куп со слики што останале од свадбата, најмногу портрети значи никого не натерале да ги купи. Тоа што во Тинекс имате голема понуда на производи не значи дека морате све да купите и дека се цигани нели? А за препорака Панајоти и Манца се исто така добри фото студија според мене .