Хелп луѓе! Препорачајте студио некое кое е стравно добро, за сликање и снимање. Зафатени се скоро сите: Pro Wedding, Luna, Studio 38, Spasov Visual Storytelling, Nikolenko, Say Yes, и тн. Незнам каде се' не се јавив веќе.
Разгледај го nikolakocevphotography, кај нас сликаше тој а снимаше dule_janev (соработуваат). Дечките се од свети николе ама работат низ цела мк и ние бевме презадоволни, сликите ни беа преубави.
убаво ми изгледа профилов, прашај си за инфо https://instagram.com/krstevskiphotography?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Ајде да пишам некој совет! Не ме сваќајте погрешно , не сакам да ова звучи како да си правам реклама на мојата фирма. Ретко имаме свадби за изработка надвор од Струмица, пошто 99% сме си на сопствен терен. Вака , замислете ја вашата свадба како нешто динамично каде на пример само ресторанот трае околу 6 часа а плус и денскиот дел. Па, кога бирате екипа за вашата свадба најпрво гледајте да таа екипа пред се се луѓе. Луѓе зборам во смисла да сакаат да ви угодат на вас , пошто тој ден е Ваш ден и не се повторува друг пат. Има напорни моменти , стресови , проблеми , грешки .... Така ви требаат да се луѓе кои имаат харизма , да успеат да ве насмеат , да ве мотивираат и слично ... Едноставно да сватите дека тие луѓе , ќе се покрај вас цело време на вашата свадба , дали 10, 12 или 14 часа и да се полни позитивна енергија која ќе ја пренесуваат на вас. Ова е и најтешкиот дел од нашата професија: Да сватиш дека тој пар на млади денес е нивниот ден и да се потрудиш да им ги доловиш сите моменти на среќа. Друго битно е да не "Пресудувате" т.е. да се одредите за фотограф или фото студио исклучиво од 10 те фотографии ставени на ФБ. Свадбата е динамичен процес. Има многу исто битни моменти за фотографирање од самата фотосесија. Умешноста да комплетно како услуга се долови "духот" на вашата свадба. Трето . Не договарајте без средба. Дали ќе е лична ( средба на кафе муабет, средба некаде во нивна канцеларија и слично) , дали ќе е средба на Вибер , Skype , битно е да се слушнете и видете за да ја видите енергијата на луѓето. Не заборавајте , тие (фотографи, видеоператори) се тука за вас , не вие за нив. Тие се тие кои треба да се погрижат да имате спомени од вашиот најубав ден. Не ја подценувајте , омаловажувајте работата на другите. Многу често слушам : ,, е ќе му дадам толку пари за фотографирање,, , ,, да, бе за едно чкрапање да дадам толку пари,, и да не редам. Добрите фотографи чинат пари пред се заради нивното знаење , умешност , искуство , заради енергијата и фокусот кој го внесуваат во работата. Замислете се на позиција на фотографот да 10 , 12 или повеќе часа да е насочен кон работата , да ја има константно таа енергија во себе се со цел да ви угоди на вас и на сите околу вас. Плус разликата со сите кои се вклучени во свадбата како процес дали ќе се ресторани , стилисти, цвеќари , бутици за венчаници и друго (да не редам) е таа да сите имаат работа со вас пред свадбата , дали со денови , самиот ден или месеци пред свадбата. А работата на фотографите и видео операторите започнува од денот на вашата свадба и трае последователни после тоа со самата пост продукција. Значи сите други и ќе ве заборават после свадбата ама со фотографите ќе се гледате пак. Фотографите или видео операторите доаѓаат со празни картици на нивните орудиа (апарати , камери) и во самото течение на настаните ќе ја креираат свадбата. Убав ден на сите , и да си направите одличен избор.
Мене ми е битно фотостудиото да ми направи добри слики и видео. И спонатани и наместени. Колку време трае фотосесијата за младите дента на свадбата? Да знам како да си испланирам временски, еден саат доста е, или треба повеќе?
Вака... За полесно да направите план за вашата свадба може да ги следите следниве чекори... Целата свадба поделете ја на 2 етапи. Прво е денски дел (со се што планирате во него - дома, по невеста , матично , венчавка , фотосесија ...) и ресторан. За најдобро поставување на времето за пресметка започнете обратно од ресторан па назад. Ова го советувам на сите идни младоженци , а да не кажам дека и заедно го правиме планот за свадбата. На пример доколку приемот е во 20:00 часот , секако свадбата ке трае до 01:00 или 02:00 , зависи од политиката на ресторанот или зависи кој град во Македонија. Значи се што е од денски дел треба да заврши до 19:00 часот за да си оставите минимум 1 час за одмор или како што се шалам со клиентите да имате време за да си оптегнете нозе, да пиете едно кафе со цигара или да си смените чорапите. Последователно на ова од 18:00 -19:00 да имате фотосесија (времето се подесива според сезоната - зима , лето пролет т.е. кога се стемнува или колку е голем денот) Значи венчавка кај 17 до накај 17:45 , одприлика е 45 мин до 50 , зависи во која црква е или град. 16:40 најкасно пред црква.... Ме разбирате како оди за поставување на план за свадба. Почнувате со најфиксното време , а тоа е приемот во ресторан , и се враќате наназад. Во самата пресметка го согледувате и времето за патување од точка А до Б или потребно време за од дома кон црква, за од дома за до невеста, за од фотосесија до ресторан и слично. Се надевам ви беше од корист мојов совет. П.С. За фотосесиај пожелно е да имате 45 мин . до 1 час расположливо време плус пресметано време за пат. Убава вечер....
Здраво LadyR, Јас сум самостојна фотографка, соработувам со колеги по потреба па доколку сте отворени за таква соработка може да ме исконтактирате. Ова е мојот инстаграм профил: https://instagram.com/natas_ah?igshid=ZDdkNTZiNTM=
Од мое искуство, голема препорака за Marry Me Wedding! ☺️ https://instagram.com/marrymewedd?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Здраво, дали имате препорака за добро фото / видео за свадба? Итно бараме, ни откажаа 20 дена пред свадба :/ значи свадбава е крај на април... хаос :х Секоја препорака за добар фото+видео тим е добредојдена, цена каква и да е само да се најде!!! Однапред ви благодарам..
https://www.facebook.com/PhotofaceRadovis Photo Face Deckite se TOP! Profesionalni, pozitivni dobro organizirani imavme super sorabotka ni napravija odlicni fotografii prezadovolni sme!
Здраво, ве молам добра препорака за фото студио од Скопје, со коректен однос, пристојни цени и да ми дадете контакт телефон. Фала на сите, што ќе ми излезете во пресрет.