Со направена свадба пред неполна недела и сеуште под импресии од сѐ, најтопла препорака за фото студио Фока и @bozarov_pixels Позадоволни не можеме да бидеме, крајно професионални и дефинитивно се едни со најдобра опрема кај нас. Толку убави моменти имаа фатено и емоции доловени преку сите фотографии. Фотосесијата, нешто што мене лично најмногу ме загрижуваше, ја претворија во забава и за многу кратко време извлекоа максимум од нас, искрено уживав, а сликите ни се баш спонтани и зрачат со љубов Точно знаат што и во кој момент е потребно да се направи, ептен си ја знаат работата и ни ја водеа цела свадба. За мене се незаменливи, разгледајте ги, ако се решите за нив воопшто нема да згрешите.
Па можеш да наведеш што поточно не ти се допаднало. Фотографии, видеа, организација, однос. Има многу фактори
Ние бевме на свадба кај што сликаа они и искрено сликите ги земаа после месец дена… ние сликите ги имавме за два дена од друго студио. Исто за снимката со месеци чекаа, сликите беа толку со ефекти и фотошопирани што боите на фустани одела беа сменети, да не зборам тенот. Мене лично не ми се допаѓа тоа, друго е да изберам неколку да ми ги потсредиш, ама сите слики да се сменат, и тоа ги имаш два пати сите во црно бело и сите со ефекти. Мене не ми се свиѓаа.
Нас пред месец дена не сликаа Баба 3Д и сме презадоволни од нив. Да, сите фотографии се добиваат со некаков филтер и црно бели, но истите ги доставуваат и во оргинал. Филтрите кои беа користени за нашите фотографии воопшто не беа нападни и не изгледаа вештачки. Најмногу бевме задоволни од нивниот професионален однос. Дечкото кој што снимаше воопшто не пречеше на свадбата, не се ни приметуваше дека е таму. Ги немаше оние крупни кадри некој цело време да стои со камерата и да снима во лице. Имавме платено за 2 фотографа и камерман, имаме премногу слики. Повеќето од сликите се спонтани и убаво изгледаат. Исто и гостите беа задоволни од сликите, буквално од секој гостин имаше минимум по 2-3 убави, спонтани фотографии. Снимката и сликите ги добивме за 4 дена, а love story-то ни беше испратено една недела после свадба.
Фото стејшн за свадба сликање снимање дали знаете дали прават едит на слики поточно на лице или оргинали ги даваат, или е ствар на договор
Дали може да ми препорачате добри студија за снимање и сликање на свадби? и кој има искуства со: 1.Дигитал Имиџ Фото - Silvija image foto 2.Showtime-Panajoti 3.Just Smile Studio 4.Dzole Photography
Девојче секоја чест за преопраката. Морам да го споделам моето искуство со Red Central Production. Коректни, точни и пред се најуслужливи. Не беа најевтините сликари морам да признаам, но не бе ни едни од најскапите. Нормална цена, меѓутоа вредат секој денар, па и повеќе. Прво, дечките два пати доаѓаа од Тетово до Велес, за регистрација и за свадба. Иако не беше планирано добивме и гратис фотосесија за регистрацијата (сликите се преубави). Второ, не беа од оние фотографи што ја диктираат свадбата, од типот: „ајде сега младоженецот да ја бакне невестата“, туку напротив беа таму само за да ги сликнат моментите од свадбата како што се одвиваше самата по себе. Секако, ние ова нешто и си го побаравме, можеби за тоа. Трето, на свадбата имавме повеќе камери од Сител, а не се примети ниту една. Беа спонтани и стоеја во позадина. Значи свадбата ни ја снимаа со: 2 камери, кран и дрон. Четврто, дечките на свадбата седнаа само за вечерата и тоа откако сите гости веќе беа седнати. Петто, во врска со цената беа премногу коректни, до тој степен што сликите што се делат во текот на свадбата, на најблиските (родители, браќа, сестри) не им ги наплатиле. И нешто што ми остави најголем впечаток: По грешка сум им платила 100 евра повеќе, само што приметиле, ме тргна на страна камерманот и ми ги врати. Можеби сум изгубила јас доверба во човештвото па вакво нешто ме фасцинира, но навистина не верувам дека секој би го направил тоа. За сликите не знам ни дали ќе ви доловам колку се добри. Сите се спонтани и навистина е доловена секоја емоција. Не би сакала да прикачувам овде, но она што си имаат објавено на социјалните мрежи мислам може да ви долови до некаде колку се добри. И за крај: пребрзи се! Целиот материјал од свадбата беше готов за помалку од 2 недели. Facebook Instagram Website Еве ви линкчиња од нив, за контакт не знам дали смеам овде да го прикачам јавно бројот, но ако ви треба слободно пишете ми и ќе ви пратам. Исто и ако ве интересира нешто повеќе, слободно.
Здраво Ги читав вашите коментари и се мислам помеѓу Say Yes, City Plus и Red Central Production. За сите добив и препораки. Ве молам за мислење измеѓу овие студиа. Фалаа
Здраво, ме интересира фото студио за свадба, ако може да споделите поскорешни искуства за *Marry Me Wedding photography *Pro Wedding Studio *Studio Foka Однапред фала ви♥️
Зависи што ви е приоритет. За Red Central имам само пофални зборови кога станува збор за слики. За видеото и не толку. Доста интересни моменти од свадбата се испуштени и целата свадба е снимена од многу блиску. Не е кој знае колку лошо, но сум видела и далеку подобри видеа. Сум видела и видеа од свадби кој што воопшто не биле интересни, но камерманите издвоиле такви моменти што ќе си речеш „на оваа свадба ли бев?“ од што нема да ти се верува колку било забавно. Со red central го имав тоа чувство но од сликите, од видеото не. Тоа што и повеќе камери ни ја снимаа свадбата на видеото делува некако како вишок. Кранот повеќе пречи отколку што помага (иако да не бил кранот многу моменти ќе биле и пропуштени). Да правам свадба повторно, би ги одбрала нив во секој случај, но пред време ќе им кажам што ми е важно да биде забележано, макар што не можеш да предвидиш се. Во секој случај тоа што им недостасува во вештини за снимање надополнуваат со други работи. Пример, постојано коминицираат со тебе, ќе ти ги пратат сите можни слики што ги направиле, наместо они да одберат 200-300, на брзинка да ги едитираат и толку. За видеото те прашуваат што да се скрати, други забелешки. И доста се брзи. За таа цена исто има и други сликари, You & Me. Видеото е прекрасно, сите важни моменти се опфатени и изгледа магично, немам збор. Сликите се исто добри, но од друг аспект сите ми се пожалија дека каснат, праќаат малку слики, многу моменти недостасуваат на сликите.