Морам да кажам дека за мојата свадба лани они самите не побараа за неколку состаноци ( обично на кафе ), и се што им кажавме дека ни значи беше фатено во видеото, тоа многу ме изненади да бидам искрена затоа што мислев дека само ќе дојдат и ќе снимаат се што ќе им се види интересно, дополнително камерманот што снимаше цел ден, буквално беше цел ден до нас и ако нешто испуштиме или касниме со агендата не потсетуваше, тоа е од моето искуство, краткото видео го имаат објавено кај нив за нас изгледа волшебно, можам да кажам ко филм фатени се толку убави моменти на креативен начин, немам зборови. Секако се согласувам за односот и комуникацијата се навистина цело време достапни и враќаат на пораки, јас лично ги имам препорачано кај мои другарки и ептен ми се допадна тоа што на ниту една од трите свадби каде што бев присутна нема ист стил на видеото и фотките, штета само што за крштевката што ја правевме беа зафатени. Се надевам ќе помогнам на некоја идна невеста со овој коментар
Ние ги закажавме за следна година 2 фотографи 2 видеографи Photobook Short reels video Art highlights movie 45000 (редовна цена е 50000 ама имаа некој попуст) Имаат и други пакети, пиши им ќе ти пратат ценовник. Кај неколку другарки беа, предобри слики и видеа имаат.
Здраво, дали може да ми споделите искуства со Pro wedding Red Central Production Nikolenko Цените им се скоро исти за понудата што ми треба, но не можам да се одлучам кои да ги одберам.
Здраво девојки Сакам да си извадам фотографии од свадба, но цената кај што сакав е 40денари од слика. Дали може да препорачате каде во Скопје би извадила поефтини ама сепак со добар квалитет?
SAYYES студио, размислете пред да ги побарате!!! Морам да споделам мое мислење, бидејќи не ни имаат некое друго место да им оставам review. Планиравме свадба, баш на форумов читав за сликари и сите ги разгледував, ги побарав прво Sayyes, бидејќи ми се допадна стилот на слики спонтани и малку поразлични од класика "ајде гушнете се бакнете се". Прво им пишав на инстаграм за да видам дали им е слободен датумот, и дури од тогаш им објаснав дека се работи за 1 сликар и 1 камерман а за другите работи што би ги понудиле ќе се договориме со нив. И океј договоривме состанок, отидовме кај нив во канцеларија све супер, направивме и timeline и ни кажаа дека ги добиваме сите слики, видео и love story. Ние им рековме дека сакаме со капар и договор, за да се осеќаме сигурни сепак е битен ден, а сликарите се според нас најбитни. И тие се двоумеа малку ама ајде рекоа добро па следната недела ќе се видиме и ќе потпишеме, 400 евра за 8 саати со еден сликар и еден камерман. Кога отидовме следната недела да однесеме капар, кога влеговме таму одма осетивме дека нешто се случува многу чудна непријатна атмосфера, не се ни поздравија не сакаа ни во очи да не погледнат. Едниот од нив се тргна скроз на страна, другиот седна пред нас со лист, и вика ајде уште еднаш да ги дефинираме саатите, и мене ми падна чудно зошто све се договоривме и цена заокружувме и све си запишаја претходниот пат, но ајде и тој вика "Аха 8 саати значи 800 евра". Ние искрено се шокиравме и не знаевме како да изреагираме само го гледавме бледо неколку секунди, и јас му реков како 800 евра кога идаме да оставиме капар веќе се договоривме за све. Тој почна да мумла нешто да го трга листот да се тресе во рацете ," Не не, се работеше за еден човек 400 евра, за двајца е 800" Јас му реков дури од ко ви пишав знаевте дека бараме двајца, и камерман и сликар, нема поента ова, и тој упорно запна, и после и другиот од таму му се придружи " НЕ НЕ цената за двајца е 800 евра". А цело време пред нас стои и нивниот ценовник на кој пишува дека пакетот за еден сликар и камерман е првата цена што ни ја понудија. Ние само си заминавме пренервирани, но исто и благодарни сме што на крај не се тие наши сликари кога се спремни на такви трикови и фори. Претпоставуваме дека добиле барање вероватно за некоја поголема свадба или нешто "поисплатливо". Ние на крај си најдовме сликари, но не можам да верувам дека некој може така да се понаша, разбирам дека тоа е бизнис ама нивниот бизнис е поврзан со најбитниот ден од нивните корисници. И што ќе беше на крај ако не побаравме да потпишеме?? Ќе не оставеа без сликари или ќе ни наплатеа 800 евра после договорените 400??? Пазете, никогаш не пуштајте рака без договор и капар!!!
Сакам да споделам прелошо искуство со Панајоти Showtime. Типот е заинтересиран само за пари. Сликите се премрачни не знам кому му се допаѓа таков мрачен изглед на слики. Кај мене на свадба гледаа само да се најадат, дури на забавниот дел од свадбата воопшто не снимаа и сликаа, кога ги побарав каде се видов дека си седат на маса си јадат а не беше ни вечерата послужена. Да напоменам немав целодневна свадба туку само ресторан. Значи без матично, без црква, без по невеста. Сликите што им ги даваа на гостите беа размачкани со виолетова боја а сликите што ми ги дадоа мене испринтани на крај беа исто катастрофални. Кога најкултурно го известив дека сум незадоволна наместо да понуди решение да го исправи проблемот ме изнавреѓа, се дрзна да се кара со мене, на сето тоа бев во шок зошто за мои пари типот ме напаѓаше како не бил тој крив него мојата венчаница била грда, ние не сме знаеле како да застанеме и ред други навреди што ниедна невеста не треба да ги искуси. Ми пишуваше навредливи пораки во 1 ноќеска. Едно “извинете за непријатностите” ќе беше доволно. На почеток е се фин дур не му дадеш пари после ќе гледаат он и неговата екипа само да си се најадат. Моите гости беа сите тотално незадоволни од сликите, исто сликаше и кај пријателка на свадба и она не беше ич задоволна. Одберете други ако се мислите за нив за да не се нервирате ко мене. Од други свадби гледам дека Баба 3Д студио се одлични.
@Ina444 можеш и на гугл да оставиш рецензија, да видат повеќе луѓе. @arwen93 на гугл има слика од една невеста за тоа какви им се „способностите“ за уредување на сликите. Практикувајте да споделувате било какво искуство таму, за било што. Ем се има подобар увид за тоа што би се добило, ем нема да се залажуваат и други. Посебно ако нема никаков коментар, ако оценките варираат, ако има безобразна реплика од одговорниот за веќе добиена ниска оценка и сл. доволно кажува.
Pro wedding најдобри!!! Презадоволни сме, сликите се ептен филмски, многу љубезен тим, имаш топла препорака од мене.
Ние сме презадоволни. Се што се договоривме беше испочитувано, сликите се со предобар квалитет, многу љубезен тим. На сите им ги препорачувам.