Здраво девојки. Дали некоја има искуство со Фото Тото? https://www.instagram.com/totoproduction_photography?igsh=MTFpMjZicW0yd2dvNg==
Preporaka za Red Central Production. OK foto studio so dobar kvalitet na fotografii i korekten odnos, fotografite imaat normalen, opusten pristap i lesno se dogovaraat rabotite. Zadovolni sme od komunikacijata i celokupnata sorabotka.
https://www.instagram.com/jrphotographymk?igsh=MTM5d2x1eHEzODliOQ==&utm_source=qr Една моја топла препорака за фотограф, дечките се супер креативни и прават врвни фотографии, брза испорака и многу добра комуникација
Имавме договорено фотосесија со нив. Патувавме 4 часа со мало дете до локацијата и закаснивме половина час затоа што моравме неколку пати да застанеме поради детето. Кога стигнавме на локацијата немаше никој. Ми пишаа дека си заминале, дека планирале да нè фотографираат само 30 минути и дека сме си го испуштиле терминот. Претходно буквално ништо не ни напоменаа дека фотосесијата би траела само 30-40 мин.затоа што јас до сега не сум имала такво искуство фотосесија што трае само 30 мин.Воедно по патот кој се движевме до локацијата има единствен пристап, што значи ќе се разминевме доколку биле таму а не помина ниту една кола. Веројатно бевме само измамени! Така да една голема АНТИПРЕПОРАКА од мене за овие!!! Ова е се само професионалност НЕ! Внимавајте на кого му ги доверувате важните момемти во животот.
Во овој случај не знам колку сте во право, ние кога се фотографиравме бевме таму неколку минути пред терминот, и ние сме со мало дете па стигнавме на време, но и јас би си заминала ако некој не се појави повеќе од 10/15 минути да сум на нивно место искрено, за било каков термин се почитува договореното време според мене
Ахх бе македонче македонче, каде си каснела на терминот па и уште ги напаѓаш луѓето, и јас да сум на нејзиното место би си заминала, овде пак луѓето биле толерантни ама до толку да закасниш никој не те чека ниту 15 минути камоли 30 минути, во странство 5 минути да закасниш го губиш терминот, така да луѓето се потполно во право што си заминале, почитување на туѓото време пред се! Да ви закаснеа на вас 30 минути за настан тогаш ќе ги толериравте ли вие? Секој сака навремено да почне со работата, тоа е професионализам, крај! Инаку на нас ни ја фотографираа крштевката, презадоволна сум!!
Дали вие читате дека воопште никаде не ги сретнавме по пат?! Дека они воопште и не се појавиле таму.Дали читате дека бевме со мало дете и го згрешивме патот им пишав дека одиме патот го згрешивме цело време бевме во контаткт се додека не им пишав дека стасавме таму и тогаш не добив одговор од нив никаков после 10 мин вратија нема логика да биле таму а да не се сретнавме на разминување.
Не сте воопште во право цело време бевме во контакт се додека не им пишав дека стасавме од тогаш ги снема.Ние сакавме ли да го згрешиме патот? И да каснеме најмм ради тоа??? Дали е во ред дете 4 часа да малтертираш и некој да излезе ваков идиот. Наплати си го каснењето или пола саат одземи од планираното време ама пола саат само фотосесија????? Каква е таа фотосесија од пола саат? Друг момент ги прашав кога планиравте вие да си заминете ми пишаа планиравме во 15:00 стасуваме 14:30 ги нема ???
Нормално дека нема да бидат таму ако не сте биле точно во закажаниот термин…Тоа и го зборувам, секое доцнење го поместува нивниот распоред, и јас работам слична работа и знам како е, не можат заради еден неодоговорен да ги изгубат сите клиенти што закажале за тој ден
Значи планирале цел саат да ве фотографираат, секако ако сте биле на време. Како што кажав ако не почнеш на време џабе е се, не можат да ти посветат доволно внимание, затоа постои закажувањето на термин кој мора да се почитува, а вие ако сте имале толку долг пат требало добро да размислите пред да тргнете и да го испланирате времето, со мало дете секогаш се тргнува порано според мене, барем јас така правам.
They haven't even shown up at all, that's what I'm talking about. Тогаш ако планирале цел саат а пола саат касневме требаше да не фотографираат тоа пола час што останува.Ама поентата е дали уопште дошле што е голема веројатноста дека не.
Јас кога закажував фотографи првиот коментар им беше ако доцнете 10 минути не толерираме, на нас ни е до минута планирано времето... Така да, не дека ги бранам ама безобразни се.
Нормално, тоа им е професија на луѓето , од тоа живеат, нормално дека секоја минута им значи, како што знаете точно да отидете на маникир и на фризер така ќе отидете и на фотосесија.
Далку од тоа, јас на пример до минута не сум каснела никаде, ама сега за недај боже и тогаш да не толерираат, нема смисла. Може ни се дупнала гума, може дијареа ме фатило, еве тропам така на памет сега.