Да се се случува, во ред е 5,10 па и 15 минути, ама се што е повеќе според мене е неодговорност и непочитување. Во тој случај подобро откажете го терминот и не им правете штета на луѓето да можат со другите клиенти да продолжат.
Искрено не сум особа што касни и не сакам да каснам ама ете на секој може да му се случи.Тргнавме пола час порано ама ете згрешивме пат застанувавме дополнително со детето што тоа и не одземе толку време колку што одзема тоа што го згрешивме патот.Значи се може да се случи ние бевме цело време во контакт се до моментот кога пишав дека пристигнавме тогаш престанаа да ми враќат значи не е можно да не се разминавме доколку биле таму.Нема логика никаква.Ете и да биле ако планирале во 15:00 да си отидат зошто си отишле во 14:30? Значи безобразно е како прво од нивна страна што не ми кажаа од сам почеток дека планираат само 30мин за фотосесија.
А како тоа рече имало единствен пат по кој се стига до локацијата а вие сте го згрешиле патот? Како сте го згрешиле ако има единствен пат? И да е така, можеби баш тогаш поминале кога вие сте го згрешиле патот. Малце не ми се поклопуваат приказниве… А ако терминот е еден час а вие касните половина може не сакале да ве фотографираат за толку кратко зашто сепак си имаат стандард и сакаат да понудат квалитет, а не половичен продукт или резултат. Замисли имаш закажано фарбање на фризер и му доцниш за пола време од целиот термин. Што ќе ти каже? Епа ај пола коса само ќе ти ја исфарбам? Не, туку ќе ти го откаже цел термин. Немам интерес никого да бранам ама еве јас страшно се нервирам кога заради некој друг несериозен што доцнел пред мене после мене ми доцнат со закажаниот термин фризери, козметичари итн. Неќам да чекам само заради некој што некој друг не си го испланирал убаво времето. И секако, ако треба да возам некаде кајшто до сега не сум била или не сум сигурна за патот, претходно си го проверувам патот на мапа, гледам рути и калкулирам непредвидени ситуации.
Фотосесијата требаше да биде пред еден хотел.Ние го згрешивме предхотдно патот накај хотелот продолживме и потоа се враќавме назад.И до тогаш бевме во контакт.Патот кој велам е единствен е околу 2км што води накај хотелот( што го одмимавме претходно)Нашата комуникација престана во моментот кога пишав дека пристигнавме. А ова што го спредуваш со коса фарбање нема врска.Нема логика некој да ти рече фотосесијата би траела 30мин само.За каков квалитет зборува фотосесија од пола саат? Пошо така ми кажаа 30 мин планирале само.Ако споредуваме со коса фарбање тогаш исто е како фризер да ти рече ке ти извадам прамени за 30 мин ќе бидеш готова.Шо нема логика нели. А незнам како планираш непредвидливи ситуации планираш дека може гума да ти се дупне и тргнуваш саат време порано,планираш дека може да ти се слоши и исто тргнуваш саат време порано?? Нивниот однос не беше човечки и професионален и тоа е тоа кажав што имав да кажам кој сака да си довери битни моменти со вакви преваранти нека повели.
Читам и не ми се верува дека ве оставиле на цедило за половина час, ние кога правевме во Охрид дечките што се договоривме ( Red Central ) спомнаа дека поради патот да не бидат уморни ќе бидат таму ден порано, јас искрено мислев исто фотосесија од саат време а потрошивме цел ден, снимавме сликавме во ниеден момент не спомнаа колку мислеле да не сликаат дири и на нас веќе ни стана напорно ама не убедија со зајдисонцето. Постои телефон, можеле да се јават и да ве прашаат до каде сте, колку ќе треба да ве зачекаат и слично, сепак тоа што го направиле не е фер и не е оправдување вашето доцнење, не дека оправдувам доцнење и не го ценам времето на другите но на толку пат од 4 саати, да задоцниш малце е нормално.
Тоа е веќе друго, кога се работи за свадба нормално дека се фотографира цел ден, бидејќи цел ден им е за вас резервиран, но кога се работи за вакви кратки фотосесии во денот имаат закажано по неколку клиенти, и секое доцнење и одложување ги спречува да стигнат на другите термини.
Dali moze da mi kazete nekoj fotograf koj bi dosol za fotosesija za nadvor od SK no da ne e preskap so normalni ceni
Не гледаш дека се они и се рекламираат, волку бранење е апла нивни профил. Па и оној Јована со едно мислење, така да они губат, не ти. Лошиот збор уште подалеку се слуша.
Малку е смешно да се рекламираш и да правиш фејк профили како Јована за да се браниш. Прифати критика, не биле задоволни и не ве препорачуваат, зашто сте биле непрофесионални. Ете може некој ве препорачува. Не може на сите да ни се допаѓа исто. Сум била битен гостин кај што сликале, не ми се допаднаа нешто премногу фотографиите, битно на тие што требаше им се допаднаа. Затоа јас си ангажирав други. Ствар вкус.
Ги бранам зошто ја фотографираа мојата свадба, а ги запознав кај внукот на крштевка и оттогаш ни станаа како фамилијарни фотографи, за секоја пригода ги викаме оттогаш…Во право си не знаат сите да препознаат квалитет, секој за себе, секој со својот вкус…
Цените му се солени, а нема кран. Од минатата година, па до сега се драстично покачени цените. Јас прашував кај него 850евра бара, а лани барал 600евра. Прашајте во Струмица, Луми студиото. Они се 900евра, а нудат многу повеќе. Инаку да напоменам, ненормално високи цени имаат. Јас како луда барав некои нормални цени, Н Е М А! Не сакавме да се сликаме со гостите ни бараа плус 500евра и на крај одлучивме да се сликаме. Страшна работа, навистина немам коментар.
Здраво на сите.... Одвреме - навреме ја читам темава за свадбена фотографија и можам да констатирам само дека нивото на вредност кон свадбената фотографија ни е на најниско можно ниво. Проблемов има 2 страни! 1. Фотографите - Неможноста да се направи "математика" колку се реалните трошоци при изработка на една свадба и желбата да се дојде до "Експрес " фотографиите со гостите . Па , најчесто фотографите имаат ниски цени за да ги малтретираат гостите со принтање на фотографии и буквално изнуда на пари од гостите. Па , кога ќе видам смешни понуди за изработка на свадби за 400 евра , 500 евра со 2 фотографи , камери , бесови , дронови , кранови е жално. Да го земеме фактот дека за убава монтажа на едно комплетно видео се поребни неколку дена и по моментална цена на работна рака по час , само за делот на монтажа за човек е минимум од 6000 - 10000 денари. А не се пресметани трошоците за дуќан , компјутер , струја , харддискови и да не редам. Исто е и за обработка на фотографиите . да сакаш да направиш само селекција на добри кадри потребно е еден работен ден , а не пак комплетна обработка . Кај нас главен проблем е продажбата на фотогарфии. Бај да веј .. Во светот , продажба на фотографии на свадба има само во Македонија и Србија. Фактов кажува многу. Во цел свет , фотографите наплаќаат , цена / час ангажман . На пример среден фотограф во Бугарија има цена 100 евра/ час ангажман , екстра фотограф има цена минимум 200 евра/ час ангажман . Низ западна европа цените се многу повисоки. 2 Клиентите. Обично ги третираат фотографите како пивско шише ( сметаат дека сите се исти, и бараат рафт каде е поефтино пивото) , без да имаат јасна представа што сакаат и генерално целат кон најефтина понуда. Едукација!? Цена на фотографски ангажман зависи од повеќе фактори: - Должина на настан - цената е различна доколку ангажманот е 8 , 10 или 15 часа или колку настани има ,колку церемонии .... - Опремата која се користи . колку тела (апарати ) се користат, какви објективи, светла, додатоци. Значи таа опрема чини многу пари ( илјадници евра) и има рок на употреба. Треба да се пресмета од свадба колку е амортизацијата на таа опрема. - Постпродукција (обработка) - тука влегува цена на PC со сите додатоци , хард дискови ( потребно е да се направи копија на сите фотографии , да ги имаш на минимум 2 места за недај Боже) , софтвер, работно време за едитирање ( за квалитетен едит потребно е неколку дена - па штом некој ги дава брзо фотографиите сметајте дека не се едитирани) - Режиски трошоци - Греење , ладење, кирија на локал, одржување, даноци, пензиско и здравствено осигурување, патни трошоци, едукација ...... листата е долга. - Животни трошоци - Сметајте дека сезона на свадби е во одредени месеци. Па треба да се акумулират средства да кога нема ангажмани да може да се живее , да се поминува плата , да се покријат режиските трошоци. Обично доколку е фирма , се внимава на сето ова , ама најчесто поголем дел се некои кои немаат фирми , и незнат да си направат елементарна пресметка за одржлив бизнис. Па , најчесто се со мотото - дај шта даш. И овие прават проблеми на оние што се легитимни бизниси . Па читам по форумов - е претераа со цени , овие се скапи , тие се ефтини и тн. Секој од нас сака да зима добра плата , така? Епа за да ви даде некој добра плата , треба да наплати од некој. Исто е и кај фотографите или фото студијата. Треба добро да наплати , за да даде добри плати или да извади добра плата за себе доколку е индивидуалец. Заклучок : Квалитет и квантитет - се обратно пропорционални Останете со здравје и убав помин на Вашите свадби. Се надевам ќе си направите најдобар избор за фотогарф или фото студио . Ем да се ефтини , ем да се квалитетни....( малку сарказам)
Едно големо браво за фото студио Маестро. Сликаа кај другарка на свадба, сликите се врв. Не знам какво искуство имате вие со нив, мене многу ми се допаднаа фотографиите јас се покајав што не ги земав нив кај мене на свадба. Секоја замисла на другарка ми и ја остварија.
Zdravo devojki, ke ve zamolam za mislenje, sekoj sovet e dobredojden. Bukiravme fotograf (krstevskiphotography) za svadba. Ama jas neznaev deka treba i odelno da ima luge sto ke ne slikaat so gostite za vreme na priemot i voedno tie sliki treba da se isprintaat i dadat do kraj na vecerta. Oddelno ni treba i videograf, nekoj shto ke ja snimi celata svadba. Kakvi e vasheto iskustvo dali sekogas oddelno se zakazuvaat site 3 raboti i dali imate predlog za dobri videografi vo Skopje i nekoi shto ke gi napravat tie sliki so gostite i ke gi isprintaat, za dr sliki ne ni trebaat si imame fotograf. Fala mn i kako shto kazav sekoj sovet e dobredojden
Прв пат слушам одделно да е ова. Сигурно фотографот што сте го букирале само слика (претпоставувам ваша фотосесија) и нема цел тим потребен за свадба. Најдобро барајте си друг, неверувам да најдете посебно некој за гости + видеограф.
Ако треба да барате плус фотограф за гостите и камерман за свадбата, не ми е јасно што ќе слика овој веќе најдениот? Фотосесија само? Ако е така, најдобро е да му откажете и да најдете едно фото-студио што нуди и камерман или кран, и слики за гостите и фотосесија, повеќето имаат пакети со понуди што се е вклучено. Пошто вака може да испадне дупло поскапо на две-три места да платите.