Дали некој имал искуство со фото студио Продукција Те-Ма некаде кај Олимписки базент се наоѓало студиото, и ако некој знае како се викале порано, под друг назив биле затоа не можев да најдам ништо за нив на интернет?
Студио 5 е од 180 евра па нагоре. Во цената од 180 евра спаѓа сликање и снимање. Сликите да си ги купите ви се 35 денари. За 230 евра покрај сликање и снимање добивате и фотобук (албум со испечатени слики, некаде околку 30 слики мислам дека се. И за овој пакет секоја слика чини 35 денари
Zdravo ) prv pat pisuvam na forumov,a redovno citam )) sakam da prasam dali nekoj ima iskustvo so foto studio Media,se naoga kaj grcka ambasada vo centar???...bevme pred nekoj den,cenite im se prifatlivi..gi gledav na fb i ne se losi...ako ste slusnale za niv bilo kakov komentar bi mi bil dobredojden........inaku gi sakam mnogu zaga,ama preskapi se
Дали на форумов има некој од струмица кој знае кое е најдоброто фото студио од струмица и како се движат цените за свадбарски пакети. А ке ве лома да ме советувате и на што треба да се внимава кога се договара со фото студијата, затоашто слушам многу негативни искуства отпосле никогаш не излегувало онака како што било дговорено.Точно ли е тоа?
еве да им кажам на оние што ги интересира, добив и официјална понуда од зага и почениот пакет е 800 евра. можеби луѓево навистина имаат трошоци и цената им е реална но за мене тоа е премногу, иако фотографиите и снимката ми е нешто најбитно на свадбата. малку сум разочарана што е толку скапо но не ми е долга толку чергата за да си дозволам.
Зага прават прекрасни фотки ама 800 евра па нагоре е навистина многу за наш стандард,иако за некого не е многу,па ние најверојатно Студио 5 ќе ги ангажираме
Фото Ирис се околу 10000 денари за blu-ray dvd и 200 фотографии (или photobook како опција), нешто поефтино е за обично двд. Во цената е вклучен и автомобил, и од тоа што видов најповолно излегува. Слики од четири свадби имам видено, и сите беа задоволни, па се решивме за нив.
Јас бев задоволна од Image,лептокарија.Сега им се пониски цените.Добивме и гратис спотче од некои 6,7 минути кое убаво беше вметнато како најавна и одјавна шпица.Сите што ни го гледаа cd-то беа воодушевени. Е сега незнам дали важи истото,но моравме 350 слики за да ни го дадат цдето со сите слики,или да си платиме 100 ева па да вадима на друго место. Ние секако извадивме околу 400,им поделивме и на најблиските-кои секако ни платија, па ова не ни беше проблем. Е сега кај нив ми се допадна што не пишува на цела слика реклама ,демек да се заштитат да не ги вадат на друго место сликите.Студио 5 по цела слика се изрекламирани,па некаде ни невестата не се гледа .Ова ми е грозно Единсвена замерка ми е што вечерта што им ги даваа сликите на гостите беа многу темни Ова го коментирале гостите-демек сум сакала да се покажам со фото студио од Скопје,а биле бетер од нашите во градот Али тоа е.
Само што видов- видеото добило награда за најдобра љубовна приказна. А кога ќе ми текне пред некој месец колку се имаме смеено на клипов, ама ете...
Леле, мене ептен ми е cheesy видеово. Може сега им делува фина идејава, ама за 10-тина години ќе го кријат цд-то. Никогаш не би снимала нешто вакво.
Јас само се чудам колку денови го снимале видеото ? Колку пати ја шминкале девојкава во арапски стил, ама изгледа ужива во тоа, со оглед дека е поврзана со Арабеска Толку труд вложиле, а јас се` што гледав беше нејзиниот нос
кој си има пари може и животната пиказна од стартот на врската па се до судбоносното ДА да снима, и нормално ќе ужива во шминки,облека...
Видеото е изработено одлично, и за реклама и за нив. Таква приказна сакале и супер квалитет добиле. Јас го изгледав цело и е прекрасно, колку и да е за некој кич. Сите сакаме различни работи, и сите изгледаме различно, и носот на девојката воопшто не ми беше хитот во видеото туку самите сцени. Сепак и за да си го дозволите ова видео требаат добри финансии. Не знам кога некогаш во МКД некому ќе со допадне нешто и сите ќе речат едногласно ДА!! Се не ни чини!
Мене видеово ми е баш убаво, ама видеото . Изработката и снимањето. Младенциве ми се многу вештачки. Нели е љубовна приказна? Нема никаква искра на љубов во нивните очи, ни Љ од љубов нема на лицата. Ми се чини дека повеќе им е за утре да речат „Еј види, пари имам на претек, направив видео со арапска култура“. Пак ќе кажам, за изработката секоја чест, за актерите own:
Мене сите тие wedding love stories ми се патетични и блесави. Во поглед на техничка изработка се одлични, во поглед на приказна, илустрација, да не кажам вештачка глума - очајни. Гледав едно на стадион, невестата во копачки гонеше топка со младоженецот, едно во стилот на Џејмс Бонд... да се смее човек или да плаче само, не знам. За мене лично е глупаво и јас никогаш не би го сторила тоа. И не е точно Љубам дека не се угодува на македончето, еве јас ги имам гледано твоите фотографии од една свадба и бев воодушевена. Јас сакам инвентивност, но пристојност, неизнасиленост, топлина, шарм на фотографиите. Оние каде што момата се гледа во огледало, или зјапа низ прстенот и ред други клише будалаштини ме тераат само на зевање. Сериозно не знам кој се воодушевува на тоа. Не знам.