Леле дечки да знаете колку ме наеживте, не очекував дека вака ќе реагирате најсериозно.. искрено си го правам со Љубов ова и го сакам.. фала ви многу ми го направивте денот..
Леле Љубам , во првиот албум, црно-белата слика каде што си го фатила дедичкото како си ја брие солзата... се наежив. Ете вакви слики се бараат. Браво, прекрасно.
Немам многу време, аме еве баш сабајлево ги гледав сликите на ф.б. и ептен, ептен ми се свиѓаат, посебно албумот со наргилето.... Браво Љубам и продолжи, ја имаш нашата подршка, прекрасна си
Мене мајка ми ми ги покажа на Љубам сликите. Некако стигнале до нејзиниот фејсбук. Ми вика абе дојди да видиш едни слики, види, како се вака сликани, види види, со некоја посебна техника се, види, сите се движат а не се матни. Навистина прекрасни слики. И не е само до апаратот, и од нашиве студија во градов имаат добри апарати, па пак сликите се здрвени, неприродни... Ааа Љубам, остај свадбата, ти мене треба една (гола) фотосесија да ми мавнеш, екстра ларџ модел!
Само ќе ви кажам апаратот не ми е од најскапите... како што имаат студијата ама доволен ми е да си го направам тоа што јас сакам, не е секогаш се до опремата верувајте треба сепак да знаеш, да се потрудиш да доловиш и да го праваиш како последен пат да сликаш. Кај мене е тоа се чувствувам дека секогаш сакам да дадам максимум, дека го правам ко за себе и сакам да остави впечаток и да трае.. Имајте убав ден, да не ја окупирам темава, и на фб не ги ставам сите слики нормално ставам одредени.. ама сепак се трудам да има она што го забележи Трендафилка..
Е ај сега, само мене ли не ми се отвараат сликите? Едит: Ау, Љубааааааам. Имаш искрени пофалби од моите дома, вклучувајќи ме и мене. Преубаво.
ljubam,немам зборови....знаеш како велат секоја слика вреди 1000 зборови. Ама твоиве вредат и повеќе.
Сите професии, кои што се работат со мноогуу љубов, даваат воодушевувачки резултати!!!! Љубам, честитки, се изнагледав...... прекраснооооо...
Обично на фотографиите од свадби прво го забележуваме фустанот на невестата, бидермаерот, како е нашминкана, колку е згоден зетот... На фотографиите од Љубам, прво се забележуваат емоциите. Прекрасно...
Љубам, сликиве се ФИЛМСКИ Прекрасни, немам зборови, воопшто не се секојдневни свадбарски умрени слики, од боја до агол до емоција, навистина секоја ти чест!
Сѐ убаво Љубам, ама ги немаш оние двете - невестуле ѕирка низ прстен преку прозор, и онаа како се гледа во огледало. Муууу, две невести, види ти тоа изум, која е истинската - прашање е сега? Јас мислам накоро ќе ти ги побара некоја во репертоар.
Љубам, некоја идна невеста ако те побара за на свадба,да и фотографираш, и ти се претстави под кој ник е, ... ќе добие попуст?
Леле луѓе со сликиве беља си направив, кај зедов сега да ги гледам кај се испустев. Почнав да плачам да рикам, морав да се стишам заради ургенции од страна Ептен се пренајубави, и овие од Љубам и тие на Ателие 22.