Еве нов линк од моите најнови свадбени фотографии, ама не бев на цела свадба.. бев повикана само за почетокот.. така да нема многу моменти. https://www.facebook.com/media/set/?set ... 208&type=1
Љубам, одлични се, кај стигнав те испофалив, не знам дали постои некому кому не сум ги покажала, значи феноменално немам зборови.
Љубам, прекрасни се, полни се со емоции. Талентот надалеку се познава. Талентот и љубовта кон работата. Се гледа дека не се сликани само колку да помине ред. Секоја невеста сонува за такви свадбени фотографии. Инаку, јас да кажам збор - два за Имиџ во Лептокарија. Тие беа најмени на последната свадба што бев и ајде, да речам сликите се ок, имаат испуштено некои моменти, ама имаше многу слики и можеше да се избере. Исто така барем пазеа да гледаш кога се сликаш со младоженецот и невестата. (На предходната свадба што бев целосно мижам на сликата, како да сум заспана. До толку не личев на ништо што не сакав ни да ја земам сликата ама дечко ми ме убеди, немало смисла...) Сликите се добри, ама затоа што невестата и сестра и си ги зеле работите во свои раце. Им кажале се, сакам тоа, тоа и тоа да го фатиш. Се што кажале се е фатено, што не се сетиле да кажат во моментот - го нема (Секоја чест и на двете, таква прибраност немам видено.) А за камерата немам зборови. Се е снимено од погрешен агол. Сите снимки изгледаат како половични. Многу работи имаат снимено од позади, дома се гледа грбот на музиката и некаде од таму се наѕирка нешто што личи на невестата. Камерата се тресе на моменти. Монтажата е за никаде. Како да ја гледам свадбата на мајка ми и татко ми. Во црквата повеќе се слуша една жена како збори со едно девојче отколку што се слуша попот. Цедињата можеле да ги проверат пред да ги дадат. Ги земавме од таму и одма отидовме да ги гледаме. Едното кочеше на едно место, едното не сакаше ни да се пушти, па одвај некако го пуштивме и сецкаше цело време, се делеа пикселите на екранот. Можеби не се такви секогаш, ама во овој случај беа катастрофа. Јас не би ризикувала и не би си дала самата на себе толкава одговорност. Да не трчкаа девојките по фотографот можеби и сликите ќе чист промашај. Јас не верувам дека би била толку смирена на мојата свадба. А за фото студио Мемори, во Тафталиџе... Ми требаше да ми се умножи една слика и тие ми беа најблиску. Некоја девојка беше таму мислам, ми рече дека не може да ми ја умножи. Скенер немаат, сакав од интернет да ја симнам или да ми ја прата по меил, не можеше, затоа што немаат интернет. Преку блутут не можеше, никој од компјутерите им нема блутут... Единствен начин беше да ја однесам фотографијата на усб. Епа штом не се способни една фотографија да умножат, се прашувам како ќе се снајдат на свадба...
Ахахахахахахахахахаха, толку слатко се изнасмеав за Мемори, ми го олесни денов, морам да ти признаам! Фото студио Имиџ се жива катастрофа, на една свадба летово одев по нив и ги гонев да сликаат и да снимаат... А сликите и снимката се катастрофални исто како што ги опиша. Јас ги ангажирав фото студио Showtime, односно Панајоти, кој што има невидено око за емоција, и он беше единствен кој ме разбра до детали што барам. И најважно сликите не му се тапацирани.
Дали има некој искуство со фото студио Десо карши Соборна црква? ми ги препорачаа, но сакав да слушнам и од вас мислење. Немам сеуште понуда од нив, треба да се видам од понеделник
Љубам кога ќе се мажам да си знаеш дека тебе ќе те викам за фотограф на свадба Одлични се фотографиите,колку само емоции има и секој момент ти е доловен. Браво.
Љубам се наежив колку прекрасни фотографии правиш,ми се оди да го облечам фустанот уште еднаш само за да не сликаш Инаку,ве читкав за Имиџ,па пошто беа и на нашата свадба,јас сум задоволна,иако како Љубам не е никој-да се разбереме! Конкретно Имиџ,се двајца,Игор и незнам уште едниот како се вика,така да пошто имаат многу работа ангажираат други.Конкретно за нашата ангажираа фотограф од Панајоту.Гледам дека Имиџ ги прават оние фотки-со тегнење на невестата-кои јас секако немаше да ги дозволам,па ширење на фустан,па зиркање од грмушки-ме сфаќате нели И спотовите им се скроз исти-младоженецот се спрема,па снимаат чевли,лептир машна,па гледа низ прозор,па во саат,па невестата ја местат,па чека и таа зирка низ завеса,па се смешка итнннн-јас немав ваков спот,спотот ми беше колекција од некои моменти од свадбата,сосем просечен,а мене ми се допадна. Имам и такви местени фотографии ама и спонтани,кои се прекрасни .Цедето е солидно,нема некој проблем,се е документирано иако саглам не сум го изгледала Мене ми се допаднаа дечките,јас ги препорачав на уште неколку,па сега засега задоволни се. Се како што зборевме-се беше така,за тоа им давам големо браво!
Фала ви многу. Ели се сретнав со еден постар од Имиџ, кој знам дека е на повик на неколку свадби. ЈАс бев повикана како момент фотограф, се сеќавам дека Пирамтика беше на таа свадба, прво имаше ужасно не професионален однос, се дереше на гостите, и на својот колега кој беше страшно фин човек, невестата во момент му се развика дека е нејзина свадба, не негова. И од квалитетот на сликите воопшто не беа задоволни, како и на друга свадба невестата каде што бев момент фотограф, беше во Имиџ исто така да се пожали од истата личност и квалитетот на фотографиите. Сега секој има различно искуство, зависи и кој како ги преработува, ако воопшто ги, и што очекувале од самите нив.
Љубам, само ти биди ми здрава и жива ! Јас воопшто не сакам свадби со сите пропратни кичурајки и ептен сум неутрална во врска со свадбени фотосесии, украсувања. Твоиве последни црно-бели фотографии ме оставија без коментар, значи успеа да разбудиш емоција и во најголемиот рамнодушник во врска со темава. Здравје, има уште многу време до моето „нешто што ќе се обидам да личи на свадба“, ама радо би позирањата да бидат пред твојот објектив. Секоја чест.
За Имиџ можам да потврдам. После свадбата баш праевме муабет со другарот и жена му, ме интересираше пред се како беа задоволни со Љубам и ми потврдија дека луѓето од Имиџ биле непрофесионални и - патем Љубам тебе те испофалија за фотките А и јас кога ги видов се воодушевив. Не дека очекував да се разочарам, да се разбереме, ама ми ги потврдија очекувањата. Мене ми беше доволно да ја видам онаа фотка која ти ја даваат од сликањето при приемот, страшен материјал. И поим да немаш од фотографија од авион ќе приметиш. Катастрофа. За другото непрофесионално однесување за време на свадбата муабет да не правам Настана натегање и дообјаснување со цурата која ги делеше сликите околу тоа, кој, како, зошто, и стигнавме до апсолутно ирелевантен муабет. Само зинав и оставив другар ми со кој заедно стигнавме на свадбата да се доразбере со нив. Туку јас општо не разбирам како можат луѓето да им дадат макар еден денар на овие као демек фото студија. Не зборувам сега за Имиџ само, не ги знам до толку ама сите ми се по еден терк. Абе еден денар не би им дала. Поарно да и дадам на фотограф ко Љубам и дупло повеќе ама да знам дека ќе имам прекрасен спомен и квалитетно направени, оригинални и неповторливи фотки отколку да имам 7.845 верзија од истата поза и истата идеја која ја прават со години, која згора на се ми е ужасно кичеста. Кога ќе видам такви слики ко од евтин каталог извадени, секогаш онака кривам уста и си велам, зошто луѓето не си го ценат тој ден кој треба да им остане во прекрасно сеќавање?! По правило се вели, еднаш се мажиш/жениш. Па нели сакаш да биде посебен и ти да имаш посебен фото запис? Не знам, јас вака си размислувам. Па уште и не дај Боже, како во случајов нели, да се расправам со некој и дополнително да се нервирам место да уживам во денот. Навистина не ми е јасно. Пред оваа свадба, бев и на уште една свадба, каде што другарка ми во последен момент ангажирала исто така некое си ЖЉ фото студио. А истото студио нели и снима на свадбата. Кога го гледав ДВД-то се чудев. Ефекти ала МТВ од хиљаду и некоја. Мислам дека у времето на Чарли Чаплин се правеле поквалитетни и поарни видео снимки, макар биле без звук. Страшно нешто. Јас само знам, дека јас ужасно би била лута од моја свадба да искочи такво нешто што треба да ми биде спомен а е ирелевантен со мене - како на пример зумирање на згодни цури по личен избор на фотографот/камераманот. Љубам прекрасни фотки правиш, не еднаш сум ти рекла и ми се допаѓа што ги проспособуваш кон луѓето. Секогаш убацуваш идеја плус која е оригинална и уникатна. Стварно браво! Ако еден ден се мажам, да сме здрави и живи, те викам и те ангажирам од утро до мрак, макар ја правела свадбата на Сејшелите! Ма цел одмор ти плаќам!
Да прашам нешто, затоа што читам Љубам дека пишала момент-фотограф. Значи покрај Љубам, младенците си имаат изнајмено и класично фото студио за снимање? И пример еве јас ја најмувам Љубам за фотосесија , а студиово не сакам да ми прави фотосесија со тие грдите без чувства слики. Може така? И можам да ја најмам Љубам за цела свадба? Се замислив како да утре се мажам, ама Љубам, жими се гледајќи ги фоткиве твои си добивам желба
Љубам совршенство. Искрено најмногу ми се допадна стилот кај Горан и Розалина. Ако некогаш правам свадба, сакам ти да ме сликаш Поздрав
Здраво, нова сум на форумов и очигледно, барам фотографи за свадба која што ќе ја правиме во мај следната година. Е сега, прегледав милион фотографски студија, ама ни едно не ми остави нешто посебно впечаток. Плус, сум била на свадби кај што фотографот е буквално центар на внимание и тоа ич не ми се свиѓа. Ги гледав зага, и горе-долу се ок, со тоа што се прилично скапички, а и мислам дека освен фото-сесијата и видеото, останатите слики им се како и сите други студија. Синоќа начекав еден албум на фејсбук што ми остави ептен впечаток, слики какви што би сакала да имам. Студиото се вика Атеље 22 и сакам да прашам дали сте имале искуство со нив претходно во однос на професионалност, цена итн... поздрав, и фала однапред
Ти благодарам Љубам за одговорот. Веќе им се јавив и договорив средба, па ќе видиме. Понудите не ми изгледаа високи, според фотографиите очекував цени во рангот на зага Поздрав
Нас за свадбата не сликаа пријатели, фото студио кое е во исти канцеларии со Фото Корел. Уште одамна на зезање викаа кога ќе правите свадба демек знаете кој ќе ве слика. И искрено не се замарав многу за фото студио. Човекот е камерман, ги познавам одамна и сакав да имам комоција и да бидат луѓе кои ги познавам. Искрено не се замарав да имам филмски слики нешто сите да паѓаат на гз, извештачено или не знам ти што. Сакав нормални, убави па и спонтани фотки. Јас лично сум задоволна од соработката со нив, беа ептен навремени во се, крајно фер и коректни. Истите не сликаа и снимаа за регистрацијата па и за крштевката. Љубам, ми се допаѓа твојата оригиналност, нешто малку поинакво. Но во суштина пак е малтене тоа па тоа. Сега гледам сите се сликаат воглавно на фонтаната и на плоштад кај тие заљубените, едно време беше актуелно Кале па сите таму, па Парк, па сите таму, па Белви, па сите таму, и се тоа па тоа. Убаво е што за промена ја гледам Чаршијата. Сликите во Матично се едно те исто. Но и не може да е нешто друго. Зага продукција пак праат некои филмски видеа кои мене ми се смешни. Демек цели љубовни приказни. Глупости у боја за 1000е. Мислиш приказни од бајките работава.