1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотомодел или манекенка... Како да почнам?

Дискусија во 'На работното место' започната од unlucky, 10 јануари 2011.

  1. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    Епаа ваака девојки. Моја ОГРОМНА желба е да станам манекенка, фотомодел.
    Имам 14 години и сум од Охрид.. За жал во Охрид нема да посетуваш курс по манекенство и сл. па јас бидејќи мислам дека имам предиспозиции за да станам манекенка барам начин на кој ќе се истакнам.. Испратив мои фотографии во Скопје во Црнокрак од таму добив позитивен одговор и повик за во Скопје, но се остана на тоа... Барам некои конкурси и сл... Ама ништо буквалноо..

    Ако има некое девојче поискусно или ако знае како одат тие работи доколку не си од Скопје( бидејќи во Мк најпознато модно студио е Црнокрак) или можеби слушнало за некој таков избор или конкурс кој се одвива набрзо, или како можам да направам фотосесија(огромна желба ми е), да напише тука, ќе бидам многу благодарна...

    П.С. се надевам дека темава не ја сместив во погрешна категорија:)
     
    На deannna, Ecii и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    фотомодел или манекенка.. како да почнам??

    Јас имав другарка и таа до сега направи повеќе фотосесии и тоа во Охрид. Исто така имаше фотосесија и од Крема, требало да следиш вакви работи ако си имала огромна желба.
     
  3. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    фотомодел или манекенка.. како да почнам??

    па многу ме интересираат, али искрено порано само барав на нет и стоев со скрстени раце :)
    па сега решив да се заангажирам за мојата иднина.. никогаш не е касно нели? :)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    фотомодел или манекенка.. како да почнам??

    Секако дека не :) ќе ја прашам другарка ми дали има некои фотосесии во иднина и ќе ти пишам овде.
     
  5. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    тенк ју вери мааач.. ќе го очекувам твојот одговор :*
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Unlucky, додека го читав твојот пост ми текна на едно модно студио ШАНЕЛ од Битола, прашај и таму, можеби ќе добиеш повеке информации. Како и да е, вреди да се обидеш.

    Поздравче, па пиши што си направила.
     
  7. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Јас не сум од Скопје, ама одев во Црнокрак до пред една година и супер е. Само треба да ја начекаш аудицијата за примање, ама мислам дека можеш во секое време да отидеш. Како почетник(се разбира ако те примат) ќе одиш во Жаре бербер емисијата (јас сум била 3-4 пати,а ко уште ги носи таму), а потоа можеби и ќе одиш на ревии во различни градови.
    А фотомодел можат само малкумина да стасаат, се разбира ако имаш добра фацка за некоја реклама или телце за списание за облека... Види пробај си
    ако сакаш имам бројче од Мики Црнокрак ќе ти дадам во лп
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    unlucky за да те примат во црнокрак мислам дека траба да завршиш курс за манекенство ВО црнокрак, па во зависност од тоа како изгледаш ќе те ангажираат повеќе или помалку, на курс може да се запишеш ми се чини лесно без некои аудиции бидејќи се плаќа, а после дали ќе те викнат за нешто да работиш зависи од нив без разлика на тоа што си платила за курсот и дипломата. Во секој случај ако си убава и згодна ќе имаш повеќе шанси така да не се мисли.. ако сакаш повеќе да се информираш види на http://crnokrak.com.mk/ имаш e-mail и број, прашај си па тие ќе си ти кажат најточно :) good luck
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мој совет ти е да пробаш во Подиум и во Моделс Ин, многу големи професионалци :). Јас порано бев во Мак Моделс и бев задоволна (имам работено само на ревии), но сега гледам дека не се некако активни :?: Кај Црнокрак не ми се допаѓа одењето по емисии, снимање спотови, хостеси за промоции и слично :( (сепак тоа не е работа за манекенка). Сепак тоа е твој избор. ;)
     
    На Rose96 и unlucky им се допаѓа ова.
  10. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    А дали некој знае колку време треба да се посетува курсот во Црнокрак колку чини и како јас би можела да го посетувам од ох.. ќе мора секој викенд да одам во ск илии??
     
  11. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80

    А каде да ги побарам Подиум и Моделс ИН во кои градови се наоѓаат???
     
  12. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Имам еден другар кој имаше ептен голема желба да стане манекен, се запиша на тој курсот е сега незнам да не те излажам ама во глава ми се врти 100евра и 2,3 недели постојано одеше во ск. Го заврши курсот и од тогаш не го викнаа за некоја работа, си остана на тоа, значи џабе фрлени пари, ама не сум 100% сигурна. Можеби може да те примат во агенција без курс,ама јас досега не сум слушнала за таква работа, не сум сигурна, ама отприлика вака оди работата
     
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    2.458
    мене едно девојче ми имаше кажано дека во црнкокрак се плака 900 денари месечно за членство..
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И двете се во Скопје, најди ги на ФБ и контактирај ги ;)
     
  15. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Епа јас имам искуство со Црнокрак, ама одамнешно и лошо искуство. Не ми се свиѓа нивниот однос спрема девојките, а обавезно треба и да си платиш за да влезеш кај нив. Мене тоа ми е смешно, зошто да работиш како модел а да им плаќаш, нели тоа е работа и треба они да ти плаќаат. Не дека не плаќаат. Плаќаат тие кои ќе те најмат, но Црнокрак земаат процент. А и плус кај нив може само да бидеш хостеса, на некоја (нискокласна) ревија, а за фотомодел, па не останав толку долго за да знам што се случува со тоа. Баталив манекенска кариера.
    Работите можеби се промениле последниве неколку години (гледав и кај Жаре во емисија сега ги викаат, ама исто ти се фаќа.. )

    Подобри види по другите агенции, информирај се како одат работите кај нив и прифати каде ти одговара најмногу. Сега барем на фб ги има сите, имаат оставено броеви за контакт. А малечка си, нека видат и твоите. Секако ќе биде потребна нивна согласност :)

    И ти посакувам успешна манекенска кариера, па да те гледаме по светски ревии и списанија. ;)

    п.с. заборавив за курсот да кажам збор. Не мора одма да се започне со курсот, туку кога ќе се оформи група со повеќе нови. И многу ми е безвезален. Светлана или некоја “поискусна“манекенка ги учи девојките како да одат по писта, да се вртат.. блабла.. и тоа трае отприлика 2-3 месеци 1-2 неделно. А од фотомоделство ни Ф нема. Никакво спремање.
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Девојче јас би те посоветувала да не пробуваш воопшто да влегуваш во тие води, валкани работи се, на почеток се е супер додека да те навлечат на тоа и потоа постепено почнуваат да си играат со теб, да манипулираат со твоето тело....можеби ќе те разочарам со ова што ти ги кажувам, но вистината е таа, нека не те убедуваат тие што не знаат, јас ти го пишувам ова со 99% сигурност, е сега твое си е дали ќе ме послушаш или не :?:
    поздрав и со среќа :)
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    За да успееш да влезеш во Црнокрак и да имаш активна манекенска кариера потребно е да го завршиш курсот кој се организира кога агенцијата ќе утврди дека има потреба од новви лица има реклами пуштаат по тв, или пак да ги исконтактираш Мики или Светлана. И на курс ќе одиш, зашто сите одат и оние кои имаат предиспозиции и оние кои ги немаат, пиша некој претходно што како се дешава и курсот трае месец ипол до два зависи колку често ќе одиш, зашто колку што се сеќавам треба да имаш 10 посети. Се на се цената е окулу 50 евра или помалку. Е сега драга моја, ако имаш некој познат кој ќе те бутка ок, ако не ќе треба да одиш по емисии, саеми и сл но без хонорар, за да успееш ти требаат повеќе врски одколку изглед и талент. И така, ова од искуство ти го кажувам поздравче
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    Фала на ситее.. Па сега ќе видиме што ќе биде.. Времето ќе покаже.. :D
     
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    зошто валкани води се?
    што е лошото? :^)
     
  20. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Еве јас ќе ти кажам најубаво.Одев во Црнотрак баш точно една година од тоа и да ти кажам се зачленив во месец април лани (овој пердиод) и тој курс треше до 10 Јуни.Професори се Светлана на девојките и Мики на момците, отприлика има по 20-25 девојки во група и се учи одење по писта, вртење, соблекување на облека и тоа ништо посебно.Еднаш неделно по 3 часа и се плаќа 1000 од месец, ама ти даваат од еднаш да платиш 3000 денари на крај кога ќе завршиш со курсот.Велат и за фотомодели, ама ништо од тоа бидејќи само се учи одење и на последниот час ве сликаат по 2 слики само онака колку да се каже дека ве сликале и исто така полагате пред др. познати манекенки и ви даваат дипломи.Ништо посебно.Мене искрено ме викаа во емисија кај Жаре и одев 2-3 пати, ама подоцна ги одбив бидејќи те искотистуваат, одиш таму и го губиш цел ден, а не ти даваат пари, а и слушам некои лоши работи за нив.Незнам колку години имаш, ама секако ако им се допаднеш те викаат на ревија после 16 години бидејќи имале забрана за деца под 16 години.
    Се надевам дека ти помогнав барем малку, јави се, распрашај се, и ти посакувам се најдобро и да имаш славна кариера. :) :)