Јас веќе и направив на цуци ама не новогодишна иако има почнато да слика со таква сценографија во Fairytale photography. 3000 ден за 20 слики по твој избор + 50 ден од слика ако сакаш повеќе. Прашував кај Жарко во Photo Factory ама претерано 5600 му е и кај други ама или дома доаѓаат или за надвор се. Девојкава од fairytale е лудило, смирена, трпелива, ептен професионална. Сценографии има еден куп, со цветови на глава неколку варијанти, па како во шума со срнички, бебе мирно а бе глас не пушти цела сесија. Ова и беше за 6месеци сесија, за годинка сигурно пак кај нејзе ќе идам. А да, ми дозволи и да ја сликаме со нејзиниот најдобар другар, мопсот Барт pet friendly е
Да прашав сегде, ама искрено не ми се даваат толку пари за Нова Година да го сликам. Ќе му правам таква сесија за роденден, сега дома или на плоштад.
oлеле скапоо... Дојдете Пп, лани околу 1000ден беше Можда не се толку добри како овие, али барем ќе бидат подобри сликите отколку јас да ја сликам сама дома пред елка
Ако има некаде за 1000 новогодишна фотосесија кажувајте. Едит: Инаку да Fairytale е 5000 денари за новороденче фотосесијата кога прашував.
Има да. Тие првите три слики се кај Мики Николоски Photography. Така е на фб. Мислам 700ден беше лани. А другите се во Foto Metz. Јас овие ги следам, а има и останатите студија мислам исто вака.
Новогодишна или обична? Ние се сликавме пред две недели обична и 3000 ден плативме + 50 ден од слика ако сакаш повеќе.
А има ли фото студио како порано....одиш се сликаш, со бебе, само бебе, плаќаш и си одиш? Само јас сум старомодна или незнам шо е со народов...минимум по 2000 денари фотосесија.
Во Гевгелија има пакети да одбереш конкретно нас за 15 слики не чинеше 800 ден, а секоја наредна слика формат 13*18 се доплаќа 60 денари. Фотографиите кои ги бирате ги праќаат и електронски