Јас прв пат ќе одам кај нив, ми ги предложи другарка. Блиска нејзина го сликала таму бебето и била презадоволна. Штом ми кажаа цена, избрав термин и ми пишаа готово закажано е. Искрено незнам како се со термини.
Концепт за крштевката ни сликаа, оти немаа термини плејбек и ич не сме задоволни од нив. Многу убави слики имам видено кај нив, ама ете, кај нас тотална утка беа, ниеден спонтан момент не е сликан, сите слики едитирани со ист ефект, ко зелени се, во пакетот ни следуваа 50 слики кои самите си ги одбрале и капак на сѐ беше што кумовите со Јован се сликаа во повеќе наврати а на денот на крштевката зедоа една слика и во електронската верзија на сликите, сите останати слики со нив беа избришани. Сега и најсовршени на свет да се и бесплатно да сликаат, веќе завршив со нив.
Едино вчера што пуштија линк од капиштец, тоа така не е лошо за 1200 денари, ајде да речам прифатливо. Инаку во кое фотостудио може за бебе? Сигурно испод 100че нема да е фотографија. Како што ми е кенкава периодов ќе го дигне студиото во вис, хахахаха Не знам како ќе се сликаме.а сакам да си пратам слика по роднини наместо честитка. До лани честитки праќав.
Во било кое мислам може бе. Само ако сакаш само треба да седи, ако не заедно со тебе можеш или и со мт сите тројца. Јас во Бисер го сликам големиот од раѓање сам, баш така како честитка, сега сакам со бебе заедно ама ќе почекам уште малку д ујача бебе, ми се клати коа седи, а големиов неможе да го држи не е до толку голем Слика зависно од формат, ти ги наплаќаат регулар студиска фотографија, мислам големина на честитка е околу 60 ден една.
Читам околу фотосесииве за цените и стварно се високи, но треба да имаме и во предвид дека тие сцени си коштаат, и се инвестиција. Пример другарче мое го држи Споменар, има на фб и инстаграм профили и слика родендени крштевки фотосесии и разни настани, не отвара студио сеуште заради тоа што сцените си коштаат. И нормално колку пари толку музика, во однос на сцени и слики. Ма да по него овие 20 слики што ги даваат се премалку. Кога е ангажиран сите слики ги обработува и ги дава на линк да се симнат од таму. Нема ограничувања на слики, 20/30/50. Ако направи 200 толку ги обработува и дава. Инаку во капиштец има студио до пицерија 511 мислам дека 1500 денари се новогодишните фотосесии.
@Lavica2016 Потврдувам за Споменар, преубави фотографии ни направи од крштевката. Многу спонтани слики, и буквално цело време сликаше дечкото. Не да молиш ти или да бараш да те сликаат. Се изнаслика, и најважно сите слики ги добивме, и цена ептен прифатлива имаше. Здравје и за 1 роденден планирам да го викнам.
Да знам, затоа и го кажувам. И останува цел роденден или крштевка додека не ги фати сите моменти и не закажува еден по друг настан за да не врши притисок на луѓето за убрзавање ипак деца и бебиња се во прашање и не може да предвиди како ќе биде расположено
Ааа за таму значи зборевте епа добро. Не бев сигурна пред 2 години беше 1500 па валда сега ради короната намалиле
За Споменар само пофални зборови. Професионалци, креативци и многу пријатни луѓе. Трудничка фотосесија ни правеа и крштевката ни ја сликаа, презадоволна сум од се. Затоа кога ќе ги видам цениве низ студијава до плафон си викам подобро ќе си ги ангажирам Споменар и дома новогодишна фотосесија ќе ми направат, без да ме ограничуваат во број на слики.
Јас да ги пофалам Фото Зрак од Прилеп. 1000 денари, 30 минути сесија на 5 сцени. 5 принт фотографии и 30% попуст на сите услуги до крај на јануари. Дечкото профи, имаат преубава корпа за бебе и сцените им се преубави.
Вчера се сликавме и ние во Плејбек сите слики ми ги прати на меил за 2 часа, супер се испаднати, за 1000 ден фотосесија сум задоволна и јас. Има и тв со цртани таман се занимаваше мојата и беше мирна, ние позади изигрававме кловнови но убави излегоа слики. Има две позадини, јас дури и ја преслеков во др фустанче, дечкото супер беше ме почека. За разлика од шонудата на Пукич што сметам е претерана, а Концепт па не ми се допадна сценара со фичото