За трудничка не, си направивме сами фотографии, а за бебето откако се роди- презадоволна сум од феритејл. Со првото бебе правевме во фотофактори и сега кога ќе споредам можам да кажам дека феритејл се класи и класи подобри.
Pobarajte na insta pod FairyTale Photography, 6.000 den so 20 fotografii i roditeli slikaat isto taka. Mn se kvalitetni ali ponudata e preskapa spored mene..
Ако може да ми пишеш зошто негативно искуство со фото фактори? Баш мислев за роденден да ги контактирам, па да не избрзам. Фала
Јас го сликав малото за роденденска сесија во фото фактори, таму беа супер, и позадини и огранизација, ми сменија 4 позадини од кои една новогодишна и плус позадината каде што имаше cakesmash. Е сега.. ми ги пратија сликите дигитално после 2 недели тоа се супер, а печатени уште ги чекам... Веќе два пати се јавив, некој дефект имале.. Следната недела мм ќе го пуштам да се јави
Кога се јавив да резервирам кажав дека бебето има 4месеци и ми рече супер, ќе направиме повеќе сцени бла бла. Кога стигнавме таму цела фотосесија ни траеше 10мин преку сила и ни сврте некој муабет, па таа е малку измеѓу возраст, не е ни бебе за да го врземе, а сепак сѐ уште не седи сам за да можеме да го ставиме да седи, што во суштина е вистина, но не го кажа истото и по тел за да почекаме два теи месеци на пример Тоа на страна, 20 фотографии избраа тие и само тие ни ги пратија од кои 3-4 се скроз исти само ориентацијата е сменета (хоризонтална па вертикална), а една е буквално како детево лежи со раката искочена од тоа кај што треба да лежи и гледа нагоре во апаратот без никаков концепт; за разлика од нив Феритејл сите слики ни ги испратија со намалена резолуција и необработени за да избереме кои 20 сакаме да ги средат, со можност доколку има повеќе кои ти се допаѓаат и тие да ти ги средат за цена од 100ден по фотографија. Можеби и ги начекавме кога не им бил денот или биле во гужва, ама за 5000ден таква 10мин фотосесија и те како не се исплатеше;
Фото Фактори нас не сликаше за 1 ви роденден. ОК беше дечкото се трудеше максимално за да направи слики иако синко жив се дереше цел роденден. Јас од Фери Теил не сум задоволна имам пишувано за нејзе. Кратко: Син ми имаше 4 месеца на НГ сесија, плачеше , на сите слики плаче она упорно форсира, замолив да дојдеме друг ден барем 10 мин неможело, пребукирана, потоа да не оговара на деугари наши на. кој ја препорачавме ние , како се препотила, не сме знаеле детето да го смириме. После не ни ги испрати сите слики што не следуваа и пишав демек да дојдеме да си ги земеме, се разбира не појдов. А за Фото Фектори , сега повеќето имаат поплаки. Старосвативе го сликале детето викаат чекаме 2 недели за слики , кај 100 евра па уште он да ни бира слики.
Закажав новогодишна кај Каролина, прво искуство, па ќе пишам отпосле. 2800 за едно детенце, околу 100на слики преку we transfer.
Се сликавме во Image. 2000 денари е за едно дете. Имаат и Дедо Мраз. Супер се, и лани за роденден таму го сликавме.
Надвор од темата малку, дечкото што ќе ја прави фотосесијата не печати слики само електронски ќе ми ги испрати, па да ми препорачате каде да ги вадам по можност и календари да прават. Ако знаете цени уште подобро
Гледајќи дека за многу пари имате лоши искуства, да ви дадам една добра препорака https://instagram.com/nikolakocevphotography?igshid=YmMyMTA2M2Y= Новогодишните сесии се 1.500 ден 1 час сликање на 3 сцени, сите слики ги испраќа електронски. Не е реклама, неколку пати нè слика и сум презадоволна. Во Свети Николе е, но со новиот автопат за пола саат од Скопје се стига и се исплати
Го чекав, многу ми закасни годинава. Ама сцениве за разлика од лани некако не ми се по кејф, а спремна бев да закажам. И сега се мислам за никола и имаге, 500 ден е разлика. Со имагефото какво искуство имате?