Ова денес го најдов. Во автокоманда се. Ептен добри ми изгледаат. Јас секако планирав во ист гејт како лани. Ама сега некако не ми се допаѓа сценографијата и една слика е 300 денари. Ова повеќе ми се допаѓа.
И ова не е лошо ама па сакам секоја годима со дедо мраз да имам по една баш ќе ја видам во ист гејт, каква таква бар со дедо мраз да е
Отвори на фб foto blic има видео ставено. Јас ќе ја сликам на работа со дедо мраз ама не се баш добри онака се. Па затоа ова во автокоманда ми се виде ок. Една сама и една заедничка. Доста ми се.
Creative photography najdobri, lani bevme so malata toas imase 9 meseci, 4 sceni 20 sliki isprintani plus fotoalbum cena ne pamtam, ovaa godina 2500 so dve deca a so edno 2000, isto so 20 sliki plus fotoalbum. 4 sceni epten kreativni edvaj cekam petok da dojde da se isposlikame Ps slikive so keke od lani
Пишуваат ли фотографите "Среќна Нова 2023 година" или сами си додавате во некоја апликација? Како инаку би знаеле која година е честитката?
Сите ги дава онлајн, и 10 бираш ти принта. Девојката е ок, се труди, но нешто не ми остави впечаток на спонтаност туку шаблонски пози како по книга. И лоша забелешка околу хигиената, ние газиме со чевли, просторот е тесен што значи прашина има а децата ги легнуваме доле во реквизити... Ќе видиме квалитетот на сликите, како за прво искуство ОК....
Каква е сценара со Дедо Мраз во Ист Гејт? Ако имате некаде слика да видам Малата не се радува многу на украсиве и на Дедо Мраз, но би сакала барем една сликичка да имам од оваа година И дали знаете дали во ГТЦ има сцена со Дедо Мраз како претходниве години?
Во ист гејт е фото блиц, најди ги на фб имаат објавено видеа. А во гтц има на влезот кај Полини, не знам кој слика. Исто има и во веро џамбо. *денес имавме обид да се сликаме со дедо мраз, ...се отепа од плачење. А дома му се радува.
Во кое студио да испринтам слики/честитки, ама да биде на квалитетна хартија и живописни бои. Ако треба и поскапо ќе платам, ама да бидат убави сликите, а не бледи. Ако знае некој нека пише, не е битна локација.
Ние тука ја однесовме малата, искача 3000 минимум. Слика е 250 денари, а мораш 12 да извадиш. Ликов си ја знае работата, сликите се со убав амбиент и не се дречави, хартијата е квалитетна, само не беше ок што коментираше за други студија колку биле селски.