Не бе срц зашто 12? Ние бевме и извадивме само 6. Пошто другите не ми се свиѓаа. Малата не застана на место за да извади кадар. Мрчеше малку кога биравме кои слики демек толку се трудел сликал, а само малку сме одбрале. Ама си преќутев. Инаку супер квалитет е.
Стварно мораш 12 ? Па пишува дека си бираш кои и колку фотографии? И јас го гледав ако е така излегува дека не е бесплатна фотосесијата ,слика 250 ,излегува повеќе за разлика од некои што имаат пакет од 1500 ден со повеќе слики.
Епа нас ни рече мора 12, а баш 100 пати препрашавме со мм. Очигледно за секој различно кажува, со нас за 2 3 слики се ценкаше дополнително, да сме ги земеле поефтино да му се исплател трудот, сликањето се на се беше 10 минути.
Извини доцнам со одговорот. Споредбено со многу други, ептен професионална искочи до последно, тоа ценам, здравје би правеле пак кај неа. Електронски сите преку WeTransfer, а 10 по наш избор ни ги испечати.
Nemam nishto protiv zhenata, i jas sum slushala deka navistina se trudi, no mene slikite mi izgledaat premnogu shablonski kako i pozite ko za na tablo, mn mesteni pa duri i spontanite ne se spontani... Pak ke recam, zavisi koj shto kako bara sepak e i do nekade vks vo prashanje i mn segmenti treba i da se zapazat pri samoto fotografirabje. Ne se sveduva se do imanjeto na fotoaparat, chador za svetlo i pozadini, ima mnogu poveke vo samiot chin na fotografiranje kako i obrabotkata na sliki. Toa e samo moe mislenje i od dosegashnoto iskustvo
Би сакала да споделам лошо искуство од Fairytale. Се работи за фотосесија на детенце. Првично долго време чекавме за да ни ги достават сликите,за на крај да испадне дека истите се само префрлени од апарат и испратени на мејл. Нема никаква обработка, од страна се гледаат нозе,раце,штипки,сенки...КАТАСТРОФА Не го негирам фактот дека Госпоѓата знае да работи со деца,трпелива е и студиото е фул опремено,но крајниот продукт во однос на цената што се плаќа е една голема НУЛА
Делам мислење. Кај нив имавме фотосесија за прв роденден. Значи една слика немаме добра. Јас сакав да се слика само во една облека ама упорно да сме ја преслекувале и ја изгњавивме скроз, преку глава му дојде да девојчево, моја грешка не бев груба да речам стој амааа на една слика не се познава дека пишува ONE, со тортата прекриле буква,не можеле од ниеден агол да фатат за да се слика убаво, на сликата се познава другата позадина, детево полусмигнато, едната слика како што мрдало ја фатиле баш кај што си го скрила лицето. Ете ние од прв роденден немаме слика. Единствени да се, кај нив повеќе не.
Здраво мамички, Се ближи Велигден, па сакам да ве прашам ако знаете фотостудио во Скопје за Велигденски фотографии. Доволни ми се неколку слики, не мора да е голема фотосесија. Ви благодарам
Дали некоја скоро правела фотосесија за новороденче? Ако да каде, колку било отприлика и колку сте задоволни? Со првото правевме во Fairytale сега би сакала да видам и на други места опции.