Тие си имаат свои сцени. Пр. новогодишни, велигденски, за бебиња во корпи, цветови, итн....... Во ред е да бараш и твоја сцена, но што ќе ти е. Остави тие сами да направат. Контактирај ги, коректни се многу. Или, разгледај слики на нивниот ФБ профил.
Отворено или дома. И сфатив дека многу поубави се сликите на отворено. Нас на зајдисонце не сликаше. Јас се испозаљубив во маж ми пак на сликиве Здравје за прв роденден и крштевка на ѕверов пак она ќе не слика.
Многу добри слики прави, ние правевме трудничка и за новороденче, а здравје чекам да седи псотабилно (се надевам ќе биде тоа сега додека е поубаво времето ) и таква да направиме. Јас фатив кај неа добар пакет за 3 сесии во септември и многу сум задоволна
И јас почнав да разгледувам за новогодишна фотосесија ама не разбирам зошто никој не ги испраќа сите направени фотографии дигитално туку они прават избор на 10 или 15. Секако ја сликаат 20мин и сликите електронски сакам да си ги имам сите, принтани нека извадат 10 ама не разбирам која е поентата што не сакаат да ми ја испратат цела фотосесија електронски. Немаат екстра трошок да прикачат на wetransfer уште 30тина слики … стварно не ги разбирам. Предложете некои други освен fairytale и photo factory што се профи од искуство
И јас овој момент не го разбирам и нема никогаш да го разберам. Кога веќе се сликани сликите, што е битно дали јас ќе ги имам сите електронски, не е дека им е дополнителен трошок.
За фотосесијата за новороденче беше точно 1месец преееубави фотографии имавме и замолив да ми ги пратат или да дојдам до студио повторно со екстерен диск да си ги префрлам, дури понудив и да доплатам и не прифатија и ептен ми беше криво, во секој случај нема да ги одберам пак за следнава фото сесија - ми рекоа дека се презафатени за да можат да ми одвојат компјутер за префрлање на мој екстерен харддиск и друго што ме изнервира премногу е чекањето… цел месец бебето ми порасна додека ги добијам тие 15 слики
Разгледај ги Loveclick, јас немам лично искуство ама мн мои блиски ми ги препорачаа и за таму резервиравме, со тоа што сликите се добиваат само дигитално. За новогодишниве имаат опција за фотосесија дома со 30 слики и фотосесија надвор во пророда, парк или сл. За вторава опција не сум сигурна колку слики има, ние одбравме за дома зашто бебево 4 месеци ќе има па мислам дека подобро би реагирало во позната средина.
Е ја следам loveclick и девојкава е ептен вмрежена по настани и ми изгледа дека си работи турбо. Може да размислам за дома и ние да ја направиме новогодишнава зошто секако имаме преубав амбиент и украси баш ќе и пишам за цена и детали
Нема веќе термини за дома, бар мене така ми кажа. Ај баш кажи ми што ќе ти каже ако и пишеш. Јас си закажав за надвор во природа со неа. Јас кај неа лани фатив многу добар пакет понуда со три фотосесии. Едната ја правевме трудничка, втората дома новороденче, и третава ја договараме веќе 2 месеци и така испадна сеа (а мн сакав дома новогодишна ама тоа е што е ). Многу добро слика, јас сум многу задоволна ама и она не ги дава сите слики, ти дава да одбереш
Ние правевме минатата година во Image. Нај океј ценаа имаа за нас петорица. Фини, топло, убаво студио. Дома си работат, во Бардовци. Побарај си на инстаграм Imagefoto.mk црно бело лого Плус битно, секоја можна фотографија си ја добиваш