Барав по форумов ама не најдов ваква тема, се надевам нема да ја избришете. Имам желба да направам фотосесија тука во Скопје (не во студио), ама не знам кое фотостудио прави фотосесии и колку се креативни и оригинални. Доколку имате искуство или сте информирани пишете, би ви била многу благодарна Позз
Имаше една многу оригинална, талентирана членка на форумов, се вика @ljubam, која, ако не се лажам, се занимава со правење фотосесии. Од тоа што можев да видам како фотографии кои ги направила, јас сум превоодушевена.
И јас ти ја препорачувам @ljubam навистина воодушевена сум од нејзините фотографии ја имам и за пријателка на фб,девојката е феноменална...
Додуша, да бидам искрена, не знам дали воопшто имаше потреба да се отвара нова тема за ова. Можеше едноставно да биде поставено во Општи прашања, што е многу фреквентна и често посетувана тема и да се даде одговор. Ама ај...