Oваа тема ја отворив со цел да си помогнеме едни на други, јас како почетник имам многу прашања околу фотографирањето, неодамна си купив професионален апарат али ми треба помош, не е баш лесно да се научиш сам. 3а почеток сакам да прашам некој искусен како да ја замаглам позадината? Спојлер Aко темава е дупла или непотребна, слободно заклучете ја.
Hикој не ни одговара Jас научив нешто од Google дека и надвор кога сликаш треба да користиш блиц, не сум знаела али стварно поубаво излегуваат сликите
Еве како на пример оваа. fajlovi/image/54850 Значи се ти зависи и од објективот и од светлината ова на пример е објектив 50мм со фактор 1.8, мене ф ми е овде 1.8 и тогаш има најголема длабочина, кога пример е на 11 или 5.6 има поголема острина со што целата слика ќе ти биде остра.. еве прочитај нешто за длабочина.. http://www.illustratedphotography.com/b ... epth-field Ќе се потрудам да ви најдам на македонски описи и ќе ви ги испраќам овде за да разберете полесно.. http://multiviamedia.edu.mk/index.php?o ... &Itemid=49 http://stipka.com.mk/tefter/sex/1377-up ... i-portreti
Совладано е тоа, заборавив да пишам во темава. Сакам да изучувам техники. Може некој да ми помогне? Да ми каже какви техники има Јас ја знам таа Bokeh техника и многу е интересна
Колку што гледам ljubam е најспремна кога станува збор за фотографија, јас сум во фаза на учење. За учење си купувам Ре-Фото(списание за фотографија) редовно. Кога ќе имам време ќе ставам информации за одредени техники.
*Излева месечно, Го купувам од Тобако кај нас во Кавадарци(ама верувам дека го има насекаде) и чини 250 денари се вика Re-Foto Спојлер http://www.refoto.rs/
Сега не знам колку е поврзано прашањево со темата ама да ве прашам:кое е најдобро фото-студио во Скопје(истовремено и да има пристојни цени) за сликање слики за документи? Со кое сте имале најдобро искуство?
Значи дали е ова некој посебен начин на сликање, или пак фотографијата е изработена на фотошоп? Ако е начин на сликање, знае некој како се постигнува?
Јас мислам дека се две слики,и дека едната е ставена врз другата и намален и е opacity-то на фотошоп.
зашто темава не е активна?јас навистина би сакала да научам да сликам убаво бидејќи имам професионален апарат
Навистина , зошто темава не е активна ?? Некој може ли да ми објасни за Bokeh техниката ?? И сакам да научам да сликам поубаво
Неколку основни совети како да фотографирате 1.Пазете на позадината Гледајте позадината со својата содржина да не го одвлекува вниманието од објектот на снимање.Едноставна и ненаметлива позадина го истакнува објектот.Некогаш поради тоа се исплатува да се најди некој нов ќош или едноставно да се промени местото. 2.Приближете се По правила што сте поблиску до предметот на снимање,фотографијата е подобра.Приближувањето ја елиминира непожелната позадина која го одвлекува вниманието на предметот кој се снима.Снимете така да сликата ја исполните со јасен и интересен мотив.Погледнетего упатството на вашиот фотоапарат за да дознаете колку можете да се приближите за да би добиле остра фотографија.Многу едноставни фотоапарати неможат да снимаат на дистанца помала од 1,2-1,5m. 3.Објектот не мора секогаш да е во средина Нема ништо лошо во тоа ако особата која ја снимате е во средината на фотографијата,сепак,пробајте понекогаш да ја поставите на една страна и со тоа ке постигнете динамична композиција која за окото е поинтересна. 4.Фатете и дел од околината Кога снимате одалечени објекти,вклучетеги во фотографијата и предметите кои ви се блиску.Тие на фотографијата ке му дадат длабина и перспектива. 5.Бидете “невидливи” Кога снимате луѓе,настојувајте тие да се занимаваат со некоја активност!Тогаш нема да обрнуваат внимание на вас и на фотографијата ке се осети спонтаност. Зафатете ги со нешто и нивните изрази ке бидат поприродни и опуштени. 6.Добро анализирајте го светлото! ДОВОЛНО светло е потребно за експонирање на филмот во вашиот фотоапарат,но ДОБРО светло прави успешна фотографија!Светлото е заслужно за да фотографијата изгледа “пластична”,колористичка и привлечна за тој што го снимавме.Запамтете дека јаката сончева светлост не е секогаш најдобро светло за фотографијата.Многу ке се изненадат кога ке откријат дека покриеното сонце со облаци дава најдобро осветлување за снимање на луѓе.Многу јакото сонце дава оштри сенки на лицето и прави личноста да жмирка.Облачното време дава меко светло кое е идеално за портрети. 7.Држете го фотоапаратот цврсто и мирно Понекогаш потенцијално добра фотографија не успева бидејки се заборават некои основни правила.Мирното држење на фотоапаратот е дефиниција за оштра фотографија.Кога го притискате откинувачот направетего тоа нежно,бидејки и мало помрднување на фотоапаратот може да биде причина за неоштра фотографија.Најдете погоден потпирач(стол,ограда,покрив на автомобил)за вашата рака или употребете мал статив.Блицот кој е вграден во вашиот фотоапарат не е корисен само по ноќе и затворена просторија.Користете го и во самрак и по јако сонце за да би ги ублажиле оштрите сенки.Проверете во упатството колкава е јачината на вашиот блиц,од неа зависи просторот во кој објектот ќе биде правилно осветлен обично се движи од 1,5m до 4,5m. 8. Фотоапаратот нека ви е прирака Сите овие совети нема да ви помогнат доколку вашиот фотоапарат сте го оставиле дома.Колку неповратни моменти сте изгубиле поради тоа?Спонтаните моменти снимени на филм се непроценливи фото-спомени.За да ги фатите фотоапаратот мора да биде покрај вас.Ако вашиот стандарден фотоапарат е преголем,набавете џепен модел кој денес го има многу во понуда.
Техникава планирам со скоро време да ја усовршам, ама пустата јас немам време Пробав да направам неколку фотографии и ми успеа, ама со вклучени новогодишни сијалички во позадина. Без предмет во фокус не ми успева, па ставав некои ситни работи пред објективот, да речеме во мојов случај - моливи. Од сијаличките бев на некое растојаните од два-три метри, на апаратот имав вклучено макро опција и малку зум. И одеднаш ги гледаш сијаличките во позадина како се претвараат во големи кругови светлина - done! Ако има некој подетално инфо како да се направи техникава, нека пише. Затоа што би требало и на дневна светлина да успева, ама уште немам експериментирано за да знам како. Сакам да пробам навечер да се качам некаде на повисоко и да направам фотографии со уличните светла во позадина. Еве овде во горениот дел од сликата на дневна светлина се направиле кругови, отпосле ги приметив. А светлина во форма на пеперутки, ѕвездички, срциња - тоа стварно не знам како би се извело.
На јака светлина, девојката го покрива сонцето, или пред зјдисонце се добива најубав ефект.. Бокехот, треба да се слика со објективи со отвор од 1.2, 1.8, 1.4, колку повеќе ја отворите блендата, и фокусирате во предмет напред, а во позадина имајте некои вештачки светла, или нека биде шарена позадина, ама фокусот да ви биде во некој предмет понапред, и ќе излезе, ама мене најубави ми се на природна светлина. Ама како што реков најубаво е да имате 50, 35, 24/70 мм ф.1.2, или 1.4 или 1.8. Инаку таа фотографијата горе, е слика врз слика, со намалување на опацити на едната се постигнува тоа.