1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фото совети

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од belieber, 14 февруари 2012.

  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Oваа тема ја отворив со цел да си помогнеме едни на други, јас како почетник имам многу прашања околу фотографирањето, неодамна си купив професионален апарат али ми треба помош, не е баш лесно да се научиш сам.
    3а почеток сакам да прашам некој искусен како да ја замаглам позадината? :?:

    Aко темава е дупла или непотребна, слободно заклучете ја.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Јупии браво за темата едвај чекам да УЧАМ лека полека ;)
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Hикој не ни одговара :(
    Jас научив нешто од Google дека и надвор кога сликаш треба да користиш блиц, не сум знаела али стварно поубаво излегуваат сликите :)
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Во кој смисол да ја замагалиш? Мислиш заблурено да делува а фокусот да ти во една точка?
     
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    E на пример сликаш портрет и позадината замаглена да биде
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Еве како на пример оваа. fajlovi/image/54850 Значи се ти зависи и од објективот и од светлината ова на пример е објектив 50мм со фактор 1.8, мене ф ми е овде 1.8 и тогаш има најголема длабочина, кога пример е на 11 или 5.6 има поголема острина со што целата слика ќе ти биде остра.. еве прочитај нешто за длабочина..

    http://www.illustratedphotography.com/b ... epth-field

    Ќе се потрудам да ви најдам на македонски описи и ќе ви ги испраќам овде за да разберете полесно..

    http://multiviamedia.edu.mk/index.php?o ... &Itemid=49

    http://stipka.com.mk/tefter/sex/1377-up ... i-portreti
     
    На irenna, Divinebutterfly, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  7. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Совладано е тоа, заборавив да пишам во темава. Сакам да изучувам техники. Може некој да ми помогне? Да ми каже какви техники има
    Јас ја знам таа Bokeh техника и многу е интересна

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Колку што гледам ljubam е најспремна кога станува збор за фотографија, јас сум во фаза на учење. За учење си купувам Ре-Фото(списание за фотографија) редовно. Кога ќе имам време ќе ставам информации за одредени техники.
     
  9. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Каде го има тоа списание?
    И колку чини?
    Не сум знаела дека има такво нешто :lol:
     
  10. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    *Излева месечно, Го купувам од Тобако кај нас во Кавадарци(ама верувам дека го има насекаде) и чини 250 денари се вика Re-Foto
    http://www.refoto.rs/
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kiwibird

    Kiwibird Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Сега не знам колку е поврзано прашањево со темата ама да ве прашам:кое е најдобро фото-студио во Скопје(истовремено и да има пристојни цени) за сликање слики за документи? Со кое сте имале најдобро искуство?
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Значи дали е ова некој посебен начин на сликање, или пак фотографијата е изработена на фотошоп?
    Ако е начин на сликање, знае некој како се постигнува?
     
  13. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Јас мислам дека се две слики,и дека едната е ставена врз другата и намален и е opacity-то на фотошоп. :)
     
    На JoxyTheFreak и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  14. winter-girl

    winter-girl Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    зашто темава не е активна?јас навистина би сакала да научам да сликам убаво бидејќи имам професионален апарат :wasntme: :?:
     
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Навистина , зошто темава не е активна ?? Некој може ли да ми објасни за Bokeh техниката ?? И сакам да научам да сликам поубаво :)
     
  16. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Неколку основни совети како да фотографирате

    1.Пазете на позадината
    Гледајте позадината со својата содржина да не го одвлекува вниманието од објектот на снимање.Едноставна и ненаметлива позадина го истакнува објектот.Некогаш поради тоа се исплатува да се најди некој нов ќош или едноставно да се промени местото.

    2.Приближете се
    По правила што сте поблиску до предметот на снимање,фотографијата е подобра.Приближувањето ја елиминира непожелната позадина која го одвлекува вниманието на предметот кој се снима.Снимете така да сликата ја исполните со јасен и интересен мотив.Погледнетего упатството на вашиот фотоапарат за да дознаете колку можете да се приближите за да би добиле остра фотографија.Многу едноставни фотоапарати неможат да снимаат на дистанца помала од 1,2-1,5m.

    3.Објектот не мора секогаш да е во средина
    Нема ништо лошо во тоа ако особата која ја снимате е во средината на фотографијата,сепак,пробајте понекогаш да ја поставите на една страна и со тоа ке постигнете динамична композиција која за окото е поинтересна.

    4.Фатете и дел од околината
    Кога снимате одалечени објекти,вклучетеги во фотографијата и предметите кои ви се блиску.Тие на фотографијата ке му дадат длабина и перспектива.

    5.Бидете “невидливи”
    Кога снимате луѓе,настојувајте тие да се занимаваат со некоја активност!Тогаш нема да обрнуваат внимание на вас и на фотографијата ке се осети спонтаност. Зафатете ги со нешто и нивните изрази ке бидат поприродни и опуштени.

    6.Добро анализирајте го светлото!
    ДОВОЛНО светло е потребно за експонирање на филмот во вашиот фотоапарат,но ДОБРО светло прави успешна фотографија!Светлото е заслужно за да фотографијата изгледа “пластична”,колористичка и привлечна за тој што го снимавме.Запамтете дека јаката сончева светлост не е секогаш најдобро светло за фотографијата.Многу ке се изненадат кога ке откријат дека покриеното сонце со облаци дава најдобро осветлување за снимање на луѓе.Многу јакото сонце дава оштри сенки на лицето и прави личноста да жмирка.Облачното време дава меко светло кое е идеално за портрети.

    7.Држете го фотоапаратот цврсто и мирно
    Понекогаш потенцијално добра фотографија не успева бидејки се заборават некои основни правила.Мирното држење на фотоапаратот е дефиниција за оштра фотографија.Кога го притискате откинувачот направетего тоа нежно,бидејки и мало помрднување на фотоапаратот може да биде причина за неоштра фотографија.Најдете погоден потпирач(стол,ограда,покрив на
    автомобил)за вашата рака или употребете мал статив.Блицот кој е вграден во вашиот фотоапарат не е корисен само по ноќе и затворена просторија.Користете го и во самрак и по јако сонце за да би ги ублажиле оштрите сенки.Проверете во упатството колкава е јачината на вашиот блиц,од неа зависи просторот во кој објектот ќе биде правилно осветлен обично се движи од 1,5m до 4,5m.

    8. Фотоапаратот нека ви е прирака
    Сите овие совети нема да ви помогнат доколку вашиот фотоапарат сте го оставиле дома.Колку неповратни моменти сте изгубиле поради тоа?Спонтаните моменти снимени на филм се непроценливи фото-спомени.За да ги фатите фотоапаратот мора да биде покрај вас.Ако вашиот стандарден фотоапарат е преголем,набавете џепен модел кој денес го има многу во понуда.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Техникава планирам со скоро време да ја усовршам, ама пустата јас немам време :worried:
    Пробав да направам неколку фотографии и ми успеа, ама со вклучени новогодишни сијалички во позадина. Без предмет во фокус не ми успева, па ставав некои ситни работи пред објективот, да речеме во мојов случај - моливи. Од сијаличките бев на некое растојаните од два-три метри, на апаратот имав вклучено макро опција и малку зум. И одеднаш ги гледаш сијаличките во позадина како се претвараат во големи кругови светлина - done!
    Ако има некој подетално инфо како да се направи техникава, нека пише. Затоа што би требало и на дневна светлина да успева, ама уште немам експериментирано за да знам како. Сакам да пробам навечер да се качам некаде на повисоко и да направам фотографии со уличните светла во позадина.

    Еве овде во горениот дел од сликата на дневна светлина се направиле кругови, отпосле ги приметив.
    [​IMG]

    А светлина во форма на пеперутки, ѕвездички, срциња - тоа стварно не знам како би се извело.
     
    На owl-ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. winter-girl

    winter-girl Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    како се постигнува ваква слика?
     

    Прикачени фајлови:

  19. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Повели :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На antonina, Hipster и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На јака светлина, девојката го покрива сонцето, или пред зјдисонце се добива најубав ефект..

    Бокехот, треба да се слика со објективи со отвор од 1.2, 1.8, 1.4, колку повеќе ја отворите блендата, и фокусирате во предмет напред, а во позадина имајте некои вештачки светла, или нека биде шарена позадина, ама фокусот да ви биде во некој предмет понапред, и ќе излезе, ама мене најубави ми се на природна светлина. Ама како што реков најубаво е да имате 50, 35, 24/70 мм ф.1.2, или 1.4 или 1.8.

    Инаку таа фотографијата горе, е слика врз слика, со намалување на опацити на едната се постигнува тоа.
     
    На Cacy, sweet-cherry и antonina им се допаѓа ова.