Барав слична тема но не најдов ако има слободно клуч Ме интерсира дали вие имате ваш фото-споменар или фото-книга.. каква е кои фотаграфии ги ставате во него, дали има само ваши слики или и од ваши пријатели ваши драги личности може и слика да ставите Сакам нешто слично на оваа но малку да е пошаренко мислам да има и текст некој
Фото-Споменар Имав споменар онака само со слики во него ставав разни слики од пријатели семејство си ставаф слики од ДЕјвид Бекам како мала си замислував за него Ама тоа беше одамна забаталив сега!
Фото-Споменар Немам вакво чудо јас. Си купувам фото-албуми и во нив сликите си ги редам, а најчесто албумите што ги купувам одат во пакет со little pieces of paper кои се вметнуваат под сликите и на кои си пишувам од кога и каде е сликата.
Фото-Споменар јас си имам фото албум каде под секоја слика има пишено каде е со кого и по кој побод сликана сликава...такво нешто како оваа погоре немам
Фото-Споменар Немам некој посебен фото албум. На пр.така како што кажувате вие се’ забележано. Си имам фото албуми многу, а сликите снајдисе-па живеј ...измешани низ сите албуми. Треба еден ден се така убаво да си средам...за спомен еден ден, убаво е кога се потсетуваш!
Фото-Споменар Јас сега скоро најдов дома еден прекрасен голем, розов албум. Во него ги одбрав најубавите мои слики од детството, па до сега и ги ставив внатре. Кога го отворам изгледа како кратка ретроспектива на моето растење. И нормално ќе продолжам да ставам слики од поважни настани кои ќе ми се случуваат. Веројатно и тоа е еден вид фото-споменар, само што немам запишано датум и место...
Фото-Споменар Фотографиите се во фото албуми, додека оние што ми будат спомени и сакам да не ги заборавам ги имам закачено на пано. Ништо посебно.
Фото-Споменар Имам фото споменар, од 07.04.2006 па наваму сите слики што ги имаме со дечко ми до ден денес се извадени и во него коментари, се започна вака....и покрај се....и така коментарчиња пишувани. И многу ми е убаво кога седнувам да го разгледувам.
Фото-Споменар Секако дека имам,и тоа повеќе. Имам цел споменар со ликовите од филмот Млади бунтовници,потоа имам од моите омилени актери и пејачи само тие сега незнам ни каде се ,имам од мене и него посебен,и во тек на изработка е со моите другарки и тој посебен ќе биде ќе си пишува се што, каде, како...
Фото-Споменар Имам дома еден куп големи албуми каде што се подредени сите слики по ред. Најчесто мајка ми во сите нив има запишувано од која година се сликите и од кои поводи. Татко ми штрапал ли штрапал, не можел да се донаштрапа, па дома имаме милион слики. Нема некои посебни приказни пишувано во албумите, доволно е што има датуми. Освен тоа, од сите родендени и слави имаме снимки на видео касети, па тие ни се доволен спомен
Фото-Споменар На дечко ми му направив фото споменар. Еден дел беше со слики, јас и тој со некои луди пози сликани на за нас значајни настани, а друг дел беше со други ствари како карти од концерти, од музеи каде што сме патувале, билети од метро, некои ливчиња со наши шкртаници и потписи и под секоја слика мал текст за настанот.
Фото-Споменар Сликите ми се расфрлани на сите можни страни во домот, можам да најдам и во фиоката кај што ја чувам долната облека...Воопшто не им водам ред, ниту ги подредувам, ниту ги селектирам, ниту запишувам...Само сликите на малата и оние од свадбата си стојат во посалам албуми, сите останати се во книги, во фиоки...Одамна си велам дека еден ден ќе ги соберам и ќе ги сместам како што треба, па ќе запишувам дати, места, случки...можеби некогаш, сега немам мерак за такво нешто...
Фото-Споменар Во мојот споменар има слики од Мајли ама тој ми е од 2009 и имам пишувано за тоше 7 страни. Слики не ставам во споменарот,а сега не ни пишувам во него
Фото-Споменар Јас имам 2-3 албуми со фотографии,на кои се семејството и пријателите,бидејќи јас најчесто ги сликам.Мислам дека на секое излегување носам апарат и по една слика вадам обавезно и си ја ставам во албум.Имам сочувано се!Од родендени,обични прошетки,фотосесија по дома....до летувања и зимувања.И кога ми е досадно ќе си земам еден од албумите и си ги разгледувам.
свадбени фото албуми да ве прашам од каде да се снабдам со албум со декорација како за редење свадбени фотографии,досега само со JUMBO имам најдено ама сакам пораскошни затоашто сакам да им подарам на свекорот и свекрвата?
свадбени фото албуми Баш прееска видов и во Базаро имаше убави. Инаку по фото студијата држат цени-надувани.
свадбени фото албуми Ги имам гледано во Пантер Мис и тоа по некои пристапни цени (не сум сигурна точно колку се) ама баш се баш онака свадбени, со чипка. Сега незнам дали ќе ги има, јас ги гледав пред околу еден месец.
Незнам дали ми е на точно место поставено прашањево меѓутоа сакам да ве прашам дали знаете каде може да најдам споменар каде што можеш да залепиш слика и доле да пишуваш текст ?