Лоши момци или пак нежни, слатки и срамежливи? Јас, искрено "паѓам" на оние недопирливите, лошите. Тие како да имаат некоја маѓија со која успеваат кај мене..едноставно се палам на нив, и со сите што досега сум била сите биле такви.. Оние другите, срамежливите и нежните некако ми се тапа..незнаат да се понашаат со девојче или пак незнаат едно здраво да кажат..уфф..се нервирам кога ќе се сетам на една таква случка: -први мај и поголемо друштво онака, и плус момци од соседната населба ( дивење растур беа, но на прв поглед), и као сеа седиме пиеме капучино, и ми доаѓа другарка и ми вика те бара *****, и ја искачам и го глеам типов убав ненормално, и ме чека. Идам јас, и застанувам и му викам си ме барал ? И типов се зд'тка, и вика Дд..а, те барав.. и таков целиот , јас веднаш сфатив дека овој абер си нема од праење муабет и ми падна смешно, ама ај си викам да не испаднам таква да му се изнасмеам у фаца па цело маало да го зеза, почнав тема некоја си таму, колку да почне овој да збори.. Со сила му ги вадев зборовите од уста, и снемав трпение, и му викам извини ме викна да ти праам друштво да стоиме вака ко будали или со причина? , и типов само вика ми се допаѓаш многу, ама незнам дали имам шанса кај тебе, и ја ваква , и викам ме болат нозе од стоење, идам да седнам и си отидов, а детево после едвај збореше -.- .. А една таква случка, шо за мене беше од соништата со "најлошиот" шо сум била до сеа: Нова година, али ние со другаркиве 5 до 12 одлучивме каде.. И ја као нова у маало, не ги знам сите добро, и као ај за Нова ќе бидат сите фраери од кај мене од маало, ќе сум се запознаела. Се запознав со поголемиот дел од нив (не викам дека не беа убави), и одма се опуштив со нив, зезање, џускање ау..али со тој "најопасниот" фраер не сум се запознала.. Играм ја со другарки, и само позади мене ми доаѓа фраеров и ме фаќа за рака, и ми вика ***** мило ми е.. ти си ****** новата во моето срце а? УУпс, во маало а? И ја као, шо му е на овој? И викам, да таа сум НОВАТА ВО МААЛО мило ми е.. и се тргнав.. Чоеков значи почна да ми се свиѓа ненормално многу (има се она што сакам кај едно машко), али не му обратив внимание.. Овој не се откажа од мене.. ми праќаше пијачки, ми намигнуваше, песни пушташе, играше до мене и слично.. И као ај, да одморам, седнувам на сепаре , и позади мене доаѓа овој, и само ми ја зима чашката и ми вика иако не сум келнер, за тебе би бил.. и ми става виски и ја таква пропаднав.. Ај седна до мене, свртевме два три муабета и пуштија песна за танго, и овој ме кани..и ајде играме и ми вика, ќе бидеш така најдобра како што си најубава, за да искочиш со мене до надвор, и ме фати за рака, и ја му викам абе ало каде надвор, и овој ме однесе и ме залапаа..и ми вика да не ти смета? и продолжува да ме лапа чоеков.. и така бидна шо бидна, влегуваме внатре и исто као да сме влегле како на свадба, сите аплауз.. и сите другарки шо беа тука ми викаат као ау не си свесна која среќа ја имаш, на никоја до сеа вака не напраил и слично..после тоа шо не ли праеше за да ме доосвои како шо викаше он.. Значии уфф.. најголем фраер .. Можеби малце забегав со темава, али што би одбрале СРАМЕЖЛИВИ ИЛИ ЈАКИ ФРАЕРИ?
-.- Како тоа на 15 год некој те ПАЛИ и СИТЕ со кои си била се „фраери“, типот ти сипувал виски... Звучам како да сум 10 год постара од тебе, а не сум ама изгледа сум ЕПТЕН заостаната чим ми се преврте желудник после постов „Темава“ секако ќе биде заклучена или преместена, па да не биде без ич еве мој одговор. Не, мене не ме палат фраери. :geek: А особено не такви кои тебе те прават најсреќна на свет
Епа така ти е тоа...за некоја година децава место млеко од Спојлер цицка чивас ќе пијат! Инаку сегашниот ми дечко имаше титула на тешко фраерче...ама сега ја запозна Анели и се смири...
Дечко ми? хахахаха... секогаш кога ќе бидеме излезени има по некоја приказна да раскаже за тоа како требало да излезе со таа што во моментот поминала покрај нас, како се пишувал на фејсбук со некоја друга пред да ме запознае...како оваа била страмежлива и не прозборела ни збор на нивниот состанок итн итн итн!! Прво реагирав бурно на неговите исповедувања и бев љубоморна, а сега веќе не! Од едно уво влегува од друго излегува...и викендов баш му кажав дека несакам веќе да знам за неговото минато (тоа се било пред мене)... А бе "тешко фраерче"
Дефинитивно не, иако моментално сум верена со еден од таквите некогашни фраери кој успеав да го превоспитам А на 15 години јас со другарките дискутирав за тоа кој колку бубулици имал, а не дали фраер, дали пие виски ит.н.
А што е фраер ??? Дечко што може да фати девојка за 5 мин значи способен е момакот или оној што се фали колку легнал и што им се правел на бившите девојки?!?!? Ако навистина ве палат такви тогаш Ок, јас немам дечко имам маж
Како тоа најлошиот момак со кој си се мувала бил толку фин, учтив и јак на зборови... не разбирам зашто е лош момак?! Затоа што е способен да си најде девојче? Всушност и целата оваа тема би требало да се вика: Способни или не?!
Добри момчиња, секогаш. Од типот на Кларк Кент. И ако некој не е толку снаодлив на зборови и отворено ти каже дека му се допаѓаш, не значи дека не е „фраер“. Напротив, ако некој ми пријде со толку ниски и излитени фрази само ќе го одмерам со еден поглед да знае никогаш повеќе да не ми прозбори, па не да ме освојува понатака.
Зависи од тоа што ти подразбираш под фраер а што под лошо момче... Јас лошите момчиња и не би ги нарекла баш фраери... Ако за тебе е фраер дечко што може за 5 минути да заведе девојче, да има многу девојки што сакаат да бидат со него и сл. и ако ти се допаѓаат такви момчиња ок но за мене воопшто тоа не е пресудно... За мене е фраер секој дечко што знае да се однесува со девојка, што колку-толку има некоја култура како и оној кој не му е најважно туѓото мислење и кој не се натпреварува во тоа кој повеќе девојки ќе има...
Мозе и ни е во крвта зенска, ама и јас како повекето девојки кои ги познавам си пагам по лосите момци. Е со да правам кога ми се такви сексоповикателни , кога топат со поглед ииии.. ај да не зборувам повеке. Имам јас еден таков фраер ехеее одаамна си го имаме меракот , ај белким ке бидни несто. Не знам, ама ме пленат со самата самодоверба која ја имаат, со харизмата која си ја носат , со погледот со ти вика I wanna F*** you. Овие другиве ми се само мили и добри за разговор, за тепање време.
Мојот фраер е ко Тошо. Не ебе жива сила. Има лепота и стас за извоз, ама дечкото си е научен внимание да и посветува само на една девојка. И многу ми е мило што не го прави тоа како класичен папучар, туку со стил и фраерлук, па ни јас не сум загушена од врската. А гледам му пишуваат цурици нешто провокации, ово - оно...ама јок бре брате. А и такви фраери само сакам, што не се замараат многу многу со тоа што се случува околу нив, а не да ми се фали за секоја што ја плеснал и колку сум среќна што го имам.
Пфф, секаде барам златна средина, и оваа ми е баш тежок избор-лошо или добро момче... Мислам дека од двете типови бегам. Кога лошо момче ќе науми да ме надитри, и сигурен е дека јас нема да му оддолеам (демек кој знае кој е), не, бегам од такви. Ако навистина наумил, тогаш јас ќе бидам таа што ќе го надитри, ќе добие се, ама нема да даде ништо... Не дека нешто, онака, да си знае дека не може да има баш се. Задоволство е лошото момче конечно да се покаже каков што е пред тебе, да си ја покаже и слабата страна, ама таквите не мислам дека се менуваат, и не ризикувам. А сум имала такво искуство како marchy15, типов мисли што да зборува со мене, и ми кажува некоја "смешна случка", и некако се тресе, и дтка по малку. Јас се насмевнувам, и ааа хахаха, да да, многу интерсно. Лошото кај лошите момчиња е што не повредуваат. Сеуште ја барам таа златна средина-Be bad, but treat me good...
Па и околу тоа што навистина е фраер има големи несогласувања ама не генерализирам ни па сугерирам избор ни за себе ни за други. Ако под фраер се мисли на некој заводник кој е олицетворение на бед бој и е во кожњак и мотор и тежок зависник од никотин и рок музика или угланцан силно финансиски поткован метросексуалец или член на некоја крими групација во градот или што ти знам јас не значи дека е полош избор од оние префини и навидум префинети типови за кои после ќе се слушне како испразниле цел шаржер во саканата на некое фино место на уште пофино попладневно кафе и не вир цел океан излегол под навидум мирната површина. Најважна е душата на човекот тоа дали тој изградил имиџ на фраер или е во вона би опција или тотална спротивност нема којзнае колку значење. Сепак фраерлукот е надворешна манифестација и најголемиот фраер во градот може е помек од шеќерна волна прајват со саканата и обратно идеалниот и најпосакуван и најперспективен дечко да е потаен психопат, никој не знае кој се‘ во какви чевли влегува и затоа јас сум за тоа секој да си види што му одговара без а приори осуди кои најчесто се тотално неоправдани и се само дел од лепењето етикети за кое народецот наш има толку јака мотивација мислиш животот од тоа им зависи.
Да не се лажеме во поголемите случаеви попривлечни ни се лошите момци како што е и во мојот случај.Нежните тешко може да ни бидат привлечни и не ни се предизвик.Ама ако се многу дига можам да го спуштам
фраерчињата се убави за око ама ако знаеш како да ги скротиш се меки ко лебче и срамезливи во душа а фраерлукот е маска на која речиси сите девојчиња пагаат ко муви
Уффф таквите `фраерчиња` никогаш не ме привлекувале.Секогаш сум сакала мирни и сталожени момци,секако кои се со тек на времето и просторот `Фраерчињата (ако така милувате да ги нарекувате) ги дефинирам како несозреани,зелени дечишта што немаат врска од животот,што мислат дека со правење глупости направиле некоја јака финта и се во центарот на вниманието,а всушност неможат да замислат колку се мизерни. По нив се залетуваат девојчиња во пубертет од 12-13 години кои мислат дека се што лета се јаде,незнаејќи дека вистинските вредности во животот се многу повеќе од едно обично `фраерче`
Нити во пубертетските денови ме палеа фраери. А и како би ме кога сите сањаа за згодните дечки од бој бендовите, филмовите, јас сањав за супермен, ама не у костимот, него новинарот со цвиќери. Умниот трапав дечко. И се уште ми остана тоа во глава ко модел на дечко што страшно ме возбудува. Е ок, де не е се во цвикерите и не бев до сега со такви... но да, било тоа внатре нешто во луѓето, не било страшна перфекција од линии, цртки, рески, влакненца и облини на лице и тело, него биле привлечни за моето око, интересни за моето уво, мелем бре за моево срце и душа, не дечки по кои сите паѓале во несвест.
Откако прочитав поголем дел од темата нешто ме натера да се запрашам а и вас да ве прашам всушност вас, мислам девојките кои ги привлекуваат фраери условно кажано,а да,прашањето е Што мислите што е тоа што не привлекува кај фраерите фраерлукот сам по себе или чувството што го имаш кога го спушташ на земја да ти биде послушен и само твој без разлика што тоа можеби ќе биде само на одредено време ? Не засекогаш.