Сите сакаме по некој фраер или фраерка, некој недопирлив, да се трудиш повеќе да ти биде интересно, но кога ќе ти пукне филмот ќе сфатиш дека е подобро да имаш некој нормален, фин и паметен дечко..
Јас искрено паѓам само на сопки. И тоВа. А меѓу срамежлив и фраер? Па фраер во секој случај. Срамежливите не можат да излезат на крај со мене. А фраер ако не е, јас ќе го направам Нека си биде фраер, што има лошо? Само идиот да не е. Спојлер Како овој во филмот.
Не ме интеренсираат ни фраери ни срамежливи. Има време за се бре луѓе. Зошто уште на 15 години да се замарам за глупости. Целиот живот е пред мене.
Ми се верува во се. Имав една соученичка (беше 1 год. помала од нас) и секој петок и сабота беше пијана до даска така што машките што стигнале до неа ја изфаќале и ја смотале. А таа пустата се прави јака пи*ка.
Искрено само сакам дечко ми да ме разбере колку толку да има хемија и љубов.Доволно е да е фин па и мирен (не превише) само доколку се разбираме.Но сепак од друга страна па кој ми гарантира дека финиот нема да ме повреди што би направил фраерот?Сепак повеќе се палам на фраери..
Дефинитивно пагам на фраери т.с. на идиоти и тоа на оние со диплома но никој од ваквите не испаднал на крај со мене :evil: што значи може да се рече дека пагам но како збор а да им паднам пред колена неее само може да подклекнам за да се качат на мојата метличка и да ги возам каде сакам
Многу ми е чудно ова како јас со моите 23 години сеуште не сум запознала некое опасно филмско фраериште на кое ненормално ќе се запалам , додека на голем дел од денешните 15 - годишни девојчиња секој дечко им е таков , па дури и теми отвараат за тоа ... Како и јас немав 15 години , изгледа детенцава навистина се големи фраери штом толку ги фалат ... Штета за нас поголемите
I love bad boys..because I am bad girl ..бед бојс дефинитивно..мафијаши,криминалци.. ..а не некој сега се испилил ке ми се прајт мафијаш..не знајт да го држит ко ке се мочат ке ми се пуват тука..ко ке видам вакви ми идет вака да си напрам
Да бе, и јас се затрескав во еден фраер еднаш, што Спојлер не му се дигаше Не сум иронична. Дечкото насекаде се фалеше со све и свашта, ама веројатно ќе да е големо его мал пенис. И ондак то. Под фраери подразбирам сељаци.
Потпишувам и мавам печат на ова. Да не ја повторувам Спринг, тоа ми е отприлика мислењето. Башка, да дозволам да “ме смува фраер“, би значело дека сум обична девојка која паѓа на изглед и увежбани финти. Не фала. Потребно ми е повеќе. Реално гледано, не сум јас јака фуфица, што ќе ми е таков тип. Јас сакам срамежливо машко, што ќе знае да ме смири. Ми треба емотивец, не тип со најубава можна насмевка што ќе се лапа феноменално... Запаѓаат во маѓепсан круг со тие бед бојс... ко да сакаат да бидат повредени. А можеби и сакаат... духовни мазохисти, јебига...
Не сакам фраери кои глуметараат јебовци, влегуваат некаде и сите од женскиот род се подмочкуваат во гаќи, а после го облетуваат и чучулигаат околу него. Многу ми е малоумно, отсекогаш ми било. Истото важи и за бед бојс, фраерите со бесни коли и мотори. Моето мислење е дека ваквиот чалам произлегува од очајната потреба да го скријат своето незнаење и простотилук. Ќе се специјализираат на 2-3 теми - било да е автомобили, мотори, телефони, баскет и ќе солат памет. Слушнале, па недослушнале, се перчат, па ако имаат и некоја паричка, отиде носот и егото до небо. Тој што е паметен и фино воспитан нема да се ку*оперчи народски кажано. Тој освојува девојки на друг начин. Мене ме пали дечко со свое јас, со манири. Абре домаќинско дете, да не изведува многу многу, да е приземјен, реален, духовит и многу паметен. А дали ќе вози томос, ќе има истетовирано змеј на десно колено и ќе треска по масата, ќе отвара пиво со заби и ќе се билда, па ќе ми покажува после бицепси и трицепси ич не ми е гајле. Или ќе дели шмеќерски насмевки и ќе ги троши парите од тато и мама, а не кренал ништо потешко од кантичката со протеини за билдање. Абре марш таму... фраери...
Јас пак ги разбирам типките што се палат на фраери. Тие уствари се палат на фактот дека ќе бидат the one што ќе го смири тој фраер. Знаете како во филмовите, типов ги има сите девојки што ќе ги посака и еден ден се појавува една фина,наивна, богаташка со крив нос и тој ненормално се заљубува во неа и баталува се и така двајцата ќе одјаваат во зајдисонцето. FAIL Грешка драги мои велкам то д риал лајф. Типот наверојатно ќе ја остави откако таа ќе ги истрпи сите негови срања и по некое време девојката ќе се префрли во темата сите машки се исти и со глава ќе тврди дека се кретени. тамтарарааааааам Абе јас за се ја кривам телевизијата и срањата на мачо типовите што глумат херои и дамата во невоља што не може сама да се снајде во животот туку и треба маж за тоа. Ветувам дека никогаш нема да бидам толку беспомошна. А, заборавив, не сакам фраери. Фин, паметен, дрзок по потреба, дечко е совршен за мене. Задржете си ги мажите што лупаат по маса....
Добри и срамежливи момчиња или пак не? Епа вака,нова сум на форумот и немам проверено дали постои ваква тема ,но сепак мене ми е многу битно друго мислење.. Мене лично повеќе ми се свиѓаат ’’лошите момчиња’’. До пред неколку месеци идев со еден М што го знаев скоро 8 години. Тој пред да станеме нешто повеќе ми беше многу добар другар.. Но ,отпосле правеше се што сакав, јас,кога и да се налутев тој секогаш ме молеше,а јас не попуштав не затоа што не го сакав,туку поради тоа знаев дека имав контрола над него. Едноставно обожавав да ме моли цело време . Но,одеднаш се појави еден друг дечко В. кој беше сосема спротивен од М,никогаш никого не молел,се што имаше да каже го кажуваше во лице,се што ќе ветеше не исполнеше,а тоа го дознав уште првиот пат кога го видов. Го знаев и од порано,но никогаш немавме прозборено збор се до мојот роденден. Тогаш направивме забава со мојата најдобра другарка и еден другар за да го прославиме нашиот роденден заедно. В беше повикан од страна на другарот. На тој роденден(пред 5месеци) за првпат прозборев со него,отпосле тој ми пишуваше на Facebook,го дозна и мојот број,почнавме се почесто да пишуваме,а тоа М го знаеше и се повеќе покажуваше знаци на љубомора. Нашиот однос се смени многу,и пред да се оддалечам од него му реков да направиме мала пауза бидејќи повеќе немав чувства кон него и да не му биде чудно ако излезам со друг за тоа време.. Тој некако се согласи,и ме остави да си ги средам мислите.. Отиде на одмор,додека тој беше таму јас излегов со В, и од тогаш секој ден се гледав со него. Тој не беше ни приближно убав како М,но ме привлекуваше на посебен начин. Ме праша да бидеме во врска и јас прифатив без да помислам на М. Кога се врати од одмор уште кога пристигнал цела вечер М ме чекал да се уклучам на Facebook бидејќи нема мобилен, но кога конечно се уклучив иако ми беше тешко му пишав дека повеќе несакам да излегувам со него и дека имам друг, а тој го знаеше него.. Претходно М ми имаше кажано дека ништо друго не би го налутило толку освен ако излезам со некој друг. Таа вечер ме избриша од пријатели беше многу лут но до пред 2 недели ме аддна и последната недела почнавме повторно да пишуваме но сега како пријатели. Тој знае дека сум со В,a и многу ми е убаво,знам дека ме сака бидејќи повеќе пати ме увреил во тоа иако исто е толку голем инат колку што сум јас и секогаш кога се караме и двајцата не попуштаме И никогаш не сум мислела дека би можела да бидам со некој кој нема да ми оди по газот цело време,но еве сега сум со еден таков и убаво ми е, и покрај тоа тој го брани тоа што е негово, и ме чува од секој кој што сака да ми наштети Но ,едно не ми е јасно.. зошто оставив поубав и подобар instead of bad boy кој неможе да седи мирен ниту 1 ден Посеветувајте ме некако ве молам,стварноо сум збунета
Јас ги обожавам бре Дотеран, напафермисан, намлечен со некое густо млеко за тело од бадем....па од утро до мрак ги наседнува столиците од две третини од локалните кафиЌи, правејќи залихи од еспресо и КИСЕЛА вода во својот желудник ко да сутра не постои Него уствари сепаре му чуваат у секоја дискотека ко шо го чуваат Папата на аеродром у Шпањолска...пошто фраер е бре, млати по минумум 5 Џека и две риби у вечер и нешто евра пЉус...епа тато печали, а пара е за трошење ами како!! За него обичните смртници...се обични де а он е поколение на Чак Норис така да не може секој да му каже здраво него, не дај боже да го тупне по рамо или да го покани на маалски баскет...мислам алоооо у питање е највечи фраер у истото неговите раце се створени да ја вртат кутијата маЛборо на маса у кафич, да кликаат со маусот по стотината нотификации на ФБ главно од напалени тинејџерки кои на неговата слика од плажа у Грчка забележале...wwoooww swatki4ko, kolku si sexyyyy...итн итн. Мора неговите паунски пердуви да бидам измазнети нели, напрчени а неговиот задник свежо излижен.... И секако он не се врзува пошто тоа е за забеганите...он кара сваку ноч до зоре, мења женски ко Гоце Арнаудов кошули и се знае кој е кој бре! И тоа ви закажав, дека ги обожавам....обожавам да ги гледам и да си се восхитувам на самата себе што сум нормална среќна и исполнета со некој што е човек а не препарирана патка....со некој кој ги цени вистинските вредности, што ме смее, ме љуби, ме нервира, ме обожува, ме почитува! На овие друЗиве, фраериве...пардоне муа, ама не ми се дига
Порано сакав фраери . Не дека сега ако помине некој нема да се свртам ама за нешто меѓу мене и него боље срамежлив , добар дечко. Некако лошо искуство со лоши имам барем ја . Бар за мојот случај кажувам , на тој фраер му беше поважно , која ја има легнато со која се смувал , дека гардеробата му е 5000 денари .... И цело време во караница ЗНАЕШ ДЕКА МОЖАМ КОЈА САКАМ ДА ЈА ИМАМ? Затоа сега со срамежил дечко сум па за сега е добро , имавме мали недоразбирања но на земја е , знае дека вреди но ме цени и мене и се мое.
Во нашево мило Скопје,со нашиве услови и места,незнам дали воопшто можеме да го користиме епитетот Фраери,бидејки незнам дали имаме такви(кога зборам за фраери,мислам буквално на фраери,издржано да е во секоја смисла на зборот,а не на мочко со кола купена на кредит и облека испозајмена до 3то колено и сл карактеристики.).Е веке,за буквално фраер,после толку видено во градов и чуено,можам да речам дека има неколку дечки,кои се најблиску до тоа ФРАЕР.И нормално,далеку се од кавалери,нежни,романтични,фини...Најчесто се озбилни,со крената вега и насмевка само со едниот образ, на слика (па и во јаве),налик арогантни и да несакаш да им укредеш поглед од страв .На ова би додала добро скоцкан,обрнато внимание на облека(од фармерка,блуза/џепмер/кошула/маика-зависи од пригода и момент,во комбинација со добра јакничка,часовник,патика)декорирано со оригинал Оne in million Во диско незнае да се расположи и само џвака мастика и ужива во коњакот или вискито,и дава анализи за (според него) пи*ките или ку*тоните,кои ке му се најдат во видик.Тоа се отрпилика фраерите тука.Ретко кој од нив знае за вистински вредности и пријатели,чул ама недочул за поимот Љубов,Искреност,Доверба,но тоа е тоа,можат и без тоа. И покрај тоа што имам вакво мислење,знам дека поголемиот број од тие неколку мангупи,утре ке бидат со мирни и анонимни,успешни и стабилни,верни и искрени девојки,а не со дракулите со кои делат сепариња денес.
хехех колку слатки маки си имаш, ти завидувам на годините Сосема е нормално на твоите 16 години да сакаш да лудуваш, да сакаш неизвесност и некој интересен дечко. Барем јас сум ја поминала таа фаза од тинејџерските години... Кога само ќе помислам какви златни деца сум откачила поради мангупи кои вртеле по неколку девојки истовремено... Али се во свое време, мене ми се променија приоритетите во животот а со тоа и критериумите за мажи. Како и да е, треба да бидеш во врска и со едниот и со другиот тип на мажи за да видиш што навистина сакаш
А зошто сте ги испомешале фраерите со сељаците во темава? Фраерите се ретки мажи блазе си и на таа што ќе најде вистински фраер.
сес сложувам потполно. темава е за фраер - вистински фраер? или за некој кој се чалами, си се прави самиот демек `фраер`????