1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фразеологизми

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cheetah.girl, 5 ноември 2012.

  1. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не најдов ваква тема...

    Како вие ги разбирате следните фразеологизми :?:
    "си легна на брашното"
    "нема вода вочи"
    "мед и млеко"
    "го собра кајмакот"
    "ќе дојде колце на тркалце"
    "му падна секирата во мед"
     
  2. ketty.k

    ketty.k Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    се помире со нештото, сфати дека е така.
    не е глуп, ќе запримети
    изобилие, големи количества на материјални добра, убав живот/состојба
    без голем труд доби најмногу
    ке дојде ден кога ке му затреба нешто или некој на кого не се надевал
    извлечи најубав крај, добро се омажи
     
  3. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    1. Некој прифатил нешто, се согласил.
    2. Не располага со никакви средства (материјални и сл.).
    3. Нешто убаво, одлично...
    4. Го зел најубавиот дел.
    5. Се врти тркалото, се менуваат работите.
    6. Му се посреќило.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    А да споделиме и други? Темава може да живне. :?:

    Ветер во магла
    Ќе му го јадеме гравот
    Игра како што му свират
    Фати магла
    Се продава како алва
    Го влече за нос (или јазик)
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Готово попушти, го прифати она што не го прифаќаше.
    Материјално не е ситуиран.
    Се’ супер.
    Тој го зема профитот, најубавото.
    Ќе дојде време да се наместат работите ко што треба.
    Имал среќа.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.