Фрази за смувување од машките

Дискусија во 'Сингл' започната од RedRose97, 29 јули 2010.

  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Ме интересира дали ви се случило некој тип кој се обидува да ве смува да искористи некоја глупава фраза која или е одбивна или смешна? Мене лично не ми се има случено, но ми имаат кажувано други девојки. Еве:

    1.Би ти купил пијалак но би бил љубоморен на чашата во твоите раце.
    2.Во мојот стан има духови може ли да спијам кај тебе?

    Споделете и вие

    (ако има друга ваква тема слободно избришете ја)
     
    На Ники., Twinkles, emiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    26.367
    Леле некој вака ако ми пристапи ќе му речам со овие зборови: Мрш бе сељак!!! |(
     
    На КикиМаус, tamche995, Avokado и 5 други им се допаѓа ова.
  3. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    знам јас кога ги слушам глупости што кажуваат се смеам како луда :D :D
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.710
    И јас си се смеам. За жалење ми се таквите кутри, се трудат, ама не се оригинални.
    Ми се случило неколку пати. Еве една случка:
    Седнати јас и „фраеров“ на една клупа во парк (другарка ми одеше со другар му, па ај испадна заедно да излезиме). И ми врти некои глупави муабети и едно време ми вика ЗНАЕШ ДЕКА ФАЛАТ ДВЕ ЅВЕЗДИ ГОРЕ? И јас таква целата (фаца крената веѓа) збунета му велам ОД КАЈ ЗНАЕШ? И тој ми вика, па еве ги овде... и ги доближува прстите до моите очи, мислев ќе ми ги ископа :D :D
    Случкава е од пред 3 години, но секогаш кога ќе го слушнам стихот Ѕвезди се кријат во твоите очи... од Сонце во твоите руси коси од Тоше се потсетувам и не можам а да не се изнасмеам.
     
    На Cinderfakinrella, MevikaatDori, Summerlover и 48 други им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    26.367
    Леле Хипи :y: :D Се изнасмеав. Јас не сум имала таква случка, освен еден што ме замараше по телефон, па и јас пуста кај му дадов број... Се јавува и следат поеми, романтизми и ренесанса :D Ѕвезди симнување што да ти расправам цело небо без ѕвезди остана од него. И тоа како да го имаше учено напамет ко навиен зборуваше :D :D Јас само го слушам и аха, да да... Таква со скисната фаца и половина уста му одговарам. Па и на дијалект дека ми вртеше пола не го ни разбрав од тоа што го кажуваше :D
     
    На Bitter-Sweet, Elen4e123, Ruby.rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Имаше еден Скопјанец што ме замараше по телефон со такви некој фрази...а јас не дека го слушав само аха дада...хаха...и после некое време не ми се јавуваше виде дека не ми е интересен дека не ме интересира...ама кога зборуваше вакви некој фрази многу ми беше смешен... :D
     
  7. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Ами мислат дека ќе не освојат така или се трудат да ни се допаднат ама погрешен пристап користат :)
     
    На fuel и TeAmoTeAmo им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    26.367
    Јас апла му реков на тој повеќе да не ми ѕвони :D
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.877
    Фрази и глупости од машки колку сакаш има ........ :D
    Само не знам колку тие се свесни дека само се глупираат со некои излитени фрази што мислат дека може да запалат :D
    Значи што постојат ептен досаднииииии постојат и тоа коса ми се крева од такви :x Баш пред некој викенд излеговме друштвото и на еден другар му беше дошол на гости братучед од некаде, иста возраст како нас па ајде и тој со нас нормално нема дома да седи ...... И сега си стоиме на масата и си зборуваваме нешто од каде е, што учи бла бла и овој одеднаш не знам што му текна и вика: абе татко ти терорист да не е? и јас само вака :o Што???? И овој вика па зашто направил бомба ........ |( |( |( :tmi: лелееееее глупак невиден а детето така сигурно во себе си кажува ццц после како сум се смеела :rofl: :rofl:
     
    На Unique12, MacaJJ, baby.Dex и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    680
    Оваа до сега ми била мене најјака...

    КРЕТЕН: „Извини девојко колку е саат?“
    ЈАС: 11:30
    КРЕТЕН: „Не мислиш дека е време да ме пољубиш???„

    И јас бев :o :o :o Боже Господе, само си ја земав пијачката и си отидов на другата страна на шанкот со другарка ми... Уат а фрик???
     
    На xoxo5, Bitter-Sweet, MacaJJ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Аххх кој ли бил овој талент,се прашувам...... :D
    Еднаш знам типов држеше в рака од оние малите виљувчиња со помфрит или крофни шо ги даваат.И ми мафта со тоа пред очи и после некое време ми вика би ти го закачил ова во образите,ама не сакам да уништувам ваква лепота.И јас само му викам ае пак и ти за едно лице....не е проблем |(
     
    На Ekstaza, anamarija..xD, shila88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    11
    hahahah se iznasmeav :D
     
    На sakamramenstomak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.364
    Допаѓања:
    36.957
    Јас така пред некоја година се мував со еден тип. И типов почна Леле усните ти се како зрели јагоди :^)
    Јас само кратко му реков, ако мислиш да се лапаме и да си го праиме меракот, арно. Зборување и сра*а не ме интерсираат, има кој да ми симнува ѕвезди. И се заќути за среќа, па се пофаќавме малку и ајт по дома :rofl:
    Само не знам од кај ги копаат некои излитени фрази. Да не знае човек дали да плаче или да се смее.
     
    На MacaJJ, fuel, Ruby.rose и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Едноставно нели,хорор!
    Се пукнав од смеење!
    Јас немам некоја таква случка,секогаш биле пристојни...Добро,освен еднаш,еден кретен,баш беше случакта како во к - 15...Ми намига и ми вика маче шо си вака сама? А јас оти другарката до веце отиде и затоа сама...
    И јас само вака го погледнав |( ,во стилот, што сакаш бе кретену?
    И само му реков,подобро сама отколку со некој клошар како тебе!
    И си замина типот! :lol: :rofl:
     
    На Ekstaza, blady и StarSky им се допаѓа ова.
  15. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    38
    Xaxaxxa lele ama za ovaa so krofnive sse iznasmeav :D :D :D :D :D
    Jas mnogu mrazam romantika nz zoshto :D a gi preziram i ovie frazive znachi patetichni mi se!
    Jas sum po onie teshko dopirlivite momci...nz zsh posho izgleda i jas sum takva :) Mozhebi do horoskopot mi e ;)
     
    На kirebt му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    11
    mene mi se sluci ednash stojam i cekam kolite da pominat i eden pred nas se zavrtuvai i i veli na drugarka mi ..abe ti nogo ubava drugarka imas ...i se iznasmea kako kreten ...bozee...:D prostak !
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    15.922
    Пол:
    Женски
    Нај што ме нервира е она приоѓање во стилот, Се знаеме јас и ти од некаде... многу си ми позната...Е тоа го користат повеќето машки кога сакаат да се запознаат, а мене ми е многу излитено.
    Исто и фразата кога ќе им кажеш дека немаш дечко... Леле како толку убаво девојче да нема дечко!!???
    Колку се патетични ни тие самите не знаат, се по некој ист шаблон зборуваат. :puke:
     
    На kirebt, Mawatta, Lilly8 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Ееее се потсетив на моите денови кога бев основно. Тогаш машките ми пишуваа љубовни писменца, а внатре бисер до бисер. Симнување ѕвезди, некакви љубовни пораки, ово оно... Сега не ми текнува на некоја интересна фраза, ама ако прочепкам низ дома, сигурно ќе ги најдам писмата. Такво нешто не се фрла :rofl:
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37

    :D :D :D :D :D добар бил овој.. се изнасмеав.
     
  20. DrBabl

    DrBabl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    хахаха леле ДА МЕ ПОЉУБИШ???? хахахахаха леле ејј се изнасмеав!!! :D :D :D :D
     
    На fuel му/ѝ се допаѓа ова.