Имаш дечко? -Да. Може да ти бидам вториот? Последните „корпи“ бе со измислицата „имам женска“. Некои поверува...
(на плоштадот во градот на концерт и приоѓа некој тип шо го видов прв пат во животот) Тој: Колку е саатот? Другарка ми: Имаш огромен саат на сред плоштад Тој: Не ми се гледа ( ) Таа: *го кажува часот* Тој: Време е да се запознаеме. Јас сум *** И другарка ми едно јако му се изнасмеа во лице и се тргна
Ама најглупаво нешто е кога се фалат со пари,коли... (кои што 1. Ги немаат 2. Не ме интересираат) - Сакаш да се возиме со аудито? - Убаво име си му дал на тротинетот.
Ова нема шанси да го заборавам...тоа лани јас бев помала и незаев како да го откачам Тој-Лелее колку си убава ај да се видиме,ај на кафе или сок или па може пица ако сакаш а? Јас-(пробувам да го откачан на љубезен начин ) Ај друг ден...имам планови за вечер. *Наредниот ден Тој-ЕЕЕЕЕ СРЦЕЕЕЕ ај да се видиме беее, ајде денеска ќе можеш? ќе можеш, ќе можеш ај бе на кафе, ама ти ветувам нема ништо да правиме само кафе ќе пиеме, ајде бее. Јас-Извини ама нејкам да се гледам со тебе Тој- Ама не си фер сега ајде бе НЕМА НИШТО ДА БИДЕ,еве ти ветувам само ќе разговраме. Ама знаеш што, ај ти дојди кај мене дома ја ќе напраам кафе срцка, ќе купам чипс, јас и ти ќе си разговараме, филм ќе си гледаме, зошто да даваме пари по кафичи, а срцка, сакаш??? Од тогаш веќе на ниедно машко што не го познавам добро и ќе ми пише не му враќам на фб
Имам еден на фб и нема ден ама да не ми пише за на кафе, а има женска. И еднаш ме напна ајде на кафе кај мене, ќе пиеме кафе онака лабаво.. ( ахам да). И јас му реков ќе ми купиш 101 ружа и секој ден по една ружа ќе ми праќаш и на 102 ден јас ќе искочам со тебе на кафе ( како да не).
Ауу и мене така еден што има женска ем комшија е. Ми пишува стави кафе ќе дојдам и јас му вратив ти стави јас ќе ја зеам женска ти успат и идеме. Жив го нема да се појаве.
Има дости излитени фори (шаблони).. Пробуваат кај секоја и си мислаат, ај кај некоја ќе упали (па и стварно е така).. Иначе еве да издвојам неколку: 1. “Ајде да излеземе некад на кафе, само кафе ќе пиеме, ништо друго и ќе си збориме (аха да), имам кола таман ќе те соберам да не одиш сама (ауу фала мислам), јас сум државно лице, не сум преварант (сам си се издаде), нема да те бацам, ама може у рака, но ако тоа ти ми дозволиш“ ; ... 2. Секој ден сум на ТРЕНИГ, у сабота еве баш имам утакмица, па ќе играм за тебе (не не, фала не треба), имаш многу убави усни, грев е ако не се пробуваат тие усни (ма немој молим ти се), јас сакам да си имам односи со тебе, а мислам сигурно и ти би сакала со ваков фраер (абе готово умрев од желба) ...
Еднаш, малку бев запијан и и одам таму на една и и викам -Сакаш да се муваме? -Таа: WTF фаца, ми вика нема шанси -Јас: Оти што ти фали? -Таа: Сељак еден И си се смеам и ден денес кога ќе ми текне на ова. Бруки еј...
Хахахахаха, јас еднашка кога бев во врска ми пишуваше др.дечко на чат на фб кој исто така има женска. И ми вели многу си убава, имам женска ама грда ми е, кој те има најсреќен е и такви работи. И после ми вика како можеш со овој да бидеш почна лошо да збори. Е тој ден навистина бев во ПМС и јас му велам е сега пази се од женска ти пошто сега ќе видиш што ќе те снајде. Земав му го пратив целиот наш разговор на женска му во инбокс и ги блокнав и двајцата. Може беше детски ама си заслужи типот. Кога си бара женска белја си добива.
еден ми се фалеше дека дома имале кирби и ако сум му била жена јас ништо нема да сум работела. ова изгледа како предлог за брак. А да ги оставам, годините. И двајцата по 16 години сме.
Hay, gurl, you must be cinderella, cause I see that dress disappearing at midnight Ааххаахах најдобар!
Ми се случува да ми се пуштаат со некои стари и излитени фрази, некои се во темава наведени. Воопшто не сакам кога некој ги користи, само ќе мислам дека со сила интересен се прави. Сакам кога некој ќе дојде да се запознае со мене да се претстави самоуверено без никакви фрази.
„Леле мори цуци како би ти ги измесил тоа цицките, како патлиџани ти са, има кечуп да ги напраам„ - Другарка ми ваква: а после неколку секунди Инаку ова моменти од екскурзија кога бевме крај на основно, типот што дофрлаше (средношколец од друг град) на другарка ми веројатно посетувал пракса во ф-ка за преработка на домати.
Ја нисам одавде, случајно влегов на темава и колку „паметни“ работи се изначитав не сум сигурна дали ми е добар видов. Сериозни сте вие, или се зезате? Јас би се срамела вакви глупости да ги слушам а камо ли пак да ги напиишам да се фалам дека воопшто сум била со тип кој може да лупне таква глупост. да не беше тажно ќе беше
Има доста глупи фрази што ми ги пишале хаха, како на пример. Ти на мене ми се сввигаш, а јас на тебее. Ххаха а имав и една ваква, ај прати ми насмеано смајли ако сакаш да се види ме хаха или еј ке те направам модел и уште колку не глупости.
Е да ви ја опишам најлошата фора на која сум паднала. Одамна, ама сепак, уште се смеам. Ми вика, леле имаш огромни трепки, сигурно ти се вештачки. И сега јас ни огромни трепки, ни вештачки, просечни, ко секогаш. Плус се чудам кај машко ќе примети колкави ми се трепките. Му викам не ми се, пробувам да сменам тема, ама овој упорен: ВЕШТАЧКИ ТИ СЕ ТРЕПКИТЕ! И тука почнувам да се нервирам, пробувам да му докажам дека имам маскара ставено ама дечково не попушта. Ми вика: добро, ако не ти се вештачки, дај да ги допрам. Исфрустрирана, затворам очи за да ми ги допре трепките и овој доаѓа и ме бацува во уста.