Проблемот со pick up lines е што мажите веруваат во некоја скок пук финта на флипери и дека така се ќарува женска. Има некои што ќе паднат на тоа, али паметна женска да "падне" на нешо ко "незнаев дека ангелите се симнуваат на земјата" е смешно. Има и женски што се глупираат, али во помал број. Во потрага по the magic pill, нешто што сите казанова фраери на филмовите го имаат. Ќе треснат нешто на филм и женската у несвест паѓа и станува посесивно затрескана. Некои фаци си мислат дека диктирање линии од сценарио на филм = како работи во реалност. Иначе на темава, како машко сум се изнаслушал глупости од pick up lines. Дали од "паметни" другари или од типови близу мене кога сум бил искочен. Не е проблемот дека не палат, али ако си поет во душа и така природно се понашаш да. А не мангуп у дискотека диктира фрази од нет. "Твоите очи се како дијаманти" "Од каде си го купи шалчето? Зошто моето ми фали..." "Ангелу мој, од кое небо падна" "Мора да е судбина што те видов токму тебе" "Со која пијачка можам да го добијам твоето скапоцено внимание?" "Ти си најубава од сите овде" "Извини, колку е саат? Епа време е јас и ти да играме"
da ti kasnam od debeloto meso citas how to pickup girls a ooo veliki pua jas ne samo sto citam tuku od petokot pocnav i da gradam websajt sto probuvam da go monetiziram (zirni u temata kako da prais pari online za poveke info)
nahh nasite se samo 2 000 000 luge + znam nekoj luge so veke imaat izvadeno hard copy knigi na mak ne se isplati se so prais online glej da e na angliski i ne sitkam niso sega za sega tuku monetiziran e so google adsense da se pofalam denes gi imav prvite 3 posetiteli i napraiv prvite 14 centi (sajtot go pocnav u petok) celiot metod e opisan na udemy u besplaten kurs za kojsto eden makedonski marketar naplaka 20 000 den da te nauci (na udemy e 0 denari) --- za da nebide totalno nadvor od temata eve edna linija: dane imas denarce zosto? da se javam doma od govornica za da i kazam na mama deka ja najdov zenata od sonistata
Гледав документарец за Македонски пуа пред некое време, од сега натаму ќе те замислувам со неговиот лик. Праќај линк, ќе ти направиме уште некој цент. На темата, пред некоја недела дечко ми понуди да ми купи ајфон за да се видиме. Де го цитирам: za da ti ide so ubavinataaaa.
ne sum toj od a1 ali se znam so nekoj od niv pogresno sum te razbral (zamalku ke ti pratev link od udemy ) ako davam da stiskaat na luge namerno moze da me baniraat od google --- mozeme da se sobereme jas i ti da gi odzememe nasite alista da gi podelime tvoite noze i da se mnozime bahh sloboden prevod
Јас сум висок и убав, ти си висока и убава, ќе имаме високи и убави деца. (од дечко што ме запозна 10 минути порано).
"Mаци ме маѓепса,ме оставаш без здив,зрачиш многу,сонце си,преслатка си..." А овој истиов на другарка ми истово нешто и' го има кажано,буквално по ист ред... Не му текнувало друга финта па кутриот ја користи истата кај сите девојки.
"Мојата љубов кон тебе е како дијареја, едноставно не можам да ја задржам во мене." Е, ова се вика компарација.
само на фб ... Zdravo kuklicke imas interesen profil,jas sum od **** imam 32 god zenet diskreten i bogat dali bi se slozila da se druzime na nekoj nacin da se vidime? jas retko sum na net pa ako sakas moze da se dopisuvame kontaktirame preku tel 071 ***** koga i da sakas pisi slobodno pozdrav
Лани ми пиша еден од истата населба во која живеам... Патем другар на еден што ме свиѓал бил. Ме прашува "Сакаш да се муваш со ****?". После мојата негација, ситуацијава уште потрагична стана: "А, со мене сакаш?". По мојата реакција вика "Па, знаеш, јас многу директен сум, не чекам јас, слободно прашувам". Затоа сега еве, 17 годишно говедо асална девојка не си фатил, зашо, директен дечково, ко проституткине на улица "Ај се...." После јас бев прогласена за дроља што сум го одбила и него и другар му... Прости луѓе.
Јас до сега само еднаш сум се смувала во кафиќ ама тој беше стварно искусен збори нешто ме смее и засмеан погледна во мене и јас престанав да се смеам и се гледавме десетина секунди и почна да ми се приближува и ме смува и морам да признаам беше многу агресивен во мувањето ме грицна ме бакнуваше по врат гради и ептен се возбуди сакаше да одиме во веце да му дадам ама ја нормално нејќев значи освен вцето се беше филмски стварно
Пак јас со кускуле стори. Ами ај што беше мало, па сигурно и едвај полнолетно дали беше. Се уфрливме летово со друштво на една пена парти и малиов као беше главниот таму т.е. полнеше балончиња со вода и сјај, па прскаше наоколу. И ништо, ајде...не замарив дека највеќе кај нас прскал, другаркава после ми кажа, али моментов е одам јас надвор на една масичка пошто сум жива вода и минува малиов со едно пиштолче и пак ме прска. И муабетов: - Аа, не дечки...јас дојдов овде да се сушам, не ме прскај. - А со друго сакаш да те прснам?
Една ми се свиѓаше од домот додека студирав и еден ден и викам здраво како си? Коа почна да ми превртува очи, не ме ни погледна се сврте настрана и оттогаш кога и да поминеше со другарка онака заќутуваа и двете додека се одминеме. А не беше некоја лепотица да речеш. Ни фора пробав ни ништо, ваљда не и бев убав или мислеше дека 10 пати ќе ја молам и ќе трчам по неа. Изглеа од љубопитност ме глеаше. Со некоја што ја знам со месеци или години и си имам муабет може да пробам да ја викнам на тенис, пинг понг или трчање па да видиме дали и шо ќе праиме. Со една лани се глеавме во очи 3-4 месеци и не напраивме муабет и идам низ Автокоманда имаше еден билборд од претседателот наш и пишуваше храбро и сигурно. И секогаш кога ќе ја погледнав таа фаца ме фаќа смеа. И типката си вика овој ако чекам да ми пријде ќе си останам стара мома хахах, се зезам. Ме глеа и вика, извини дечко на билбордот ли се смееш So simple, каква срцка излезе, како го скрши мразот, ја обожавам Седиме у читална у домот со другар, а сите заминаа во диско на 20 метра подалеку, уште ја и он останавме и ми вика ај ќе идеме едно пиво да пиеме, срамота е народ не глеа ко будали сме. И имаше место одвај да влеземе, купивме по едно пиво и стоиме до влезот веднаш до избацивачите И ни се доближуваат две девојки, разголени, полупијани и ни денсаат. Овој ми шепоти ги знаеш ли? Викам не и ми вика не можам брат да се упознавам иам женска а и она не знае дека сум излезен ќе ме убие ако дознае дека сум у диско. И не се упознавме, не помина недела дена си идам изморен од учење и еве ја едната, ауууу една коса шо имаше и фаца иста ко Кира Најтли во Ана Каренина. И ми текна од кај ја знаев, онака се насмеав и таман да влегувам во зграда ми подвикна, дечко дојди ваму другарка ми сака да ти подари ружа. Ја треба вас да ви подарам викам и се упознаваме. А у себе си викам иам што да ви подарам ја на вас Се упознав и среќа ме свиѓаше оваа шо личеше на Кира Најтли, а не другата. Една 2 дена по ред ме прашуваше како да ја извадела батеријата од лап-топ и не сфаќав дека уствари сака да ме упознае. Јас пак мисир невиден, ејјј викам не знам, да не ти го расипам лаптопот не се чепкам хаххахха Третиот ден седна до мене и ми вика пасвордот кој е во читална, размена на фб и си викам оф теле едно кај ти е умот, Први предавања, вежби коа ми се закачи една абе некои глупави прашања за факс, а не ми се свиѓаше. И си идеме еден ден и наеднаш застанува и почнува да ме гушка аииииии како ме зграби И ме глеа 5-10 секунди, си викам кој ќе се објаснува сеа, ја глеам зачуден викам шо се случи? Си мислам дека и одговорив со тоа што не ја залапав туку и зборнав. И помина една кола зелена, вика ене го оној професорот што се плашам од него, многу ми е страв, затоа те гушнав. Ко за беља стварно беше он. И ја напраивме помалку незгодна ситуацијава, зборувавме зошто се плашела од професорот. Можда се беше случајно и само си замислувам, али од тој момент некако поопуштени беа муабетите, не се осеќав така непријатно. Имало уште многу али ме мрзи да пишувам доста е сеа за сеа.
Мене па многу ми е глупаво,ама ептен ми е глупаво кога на некоја журка ми идет некој непознат тип и ми викат: -Девојко,каде после? -Дома. -Абе ајде некаде на афтер парти со мене. Е тогаш жими се,имам таква сила да ја соблечам штиклата и нос да му ја закачам. Свашта -_-
"Уште да си паметна колку што си убава па да го прифатеше овој гургут за дечко ако не и за маж" Со оваа реченица се обиде да ми се пушти еден "гургут" (никогаш не разбрав што значи зборов). Не фала, ке си останам убава и не паметна Едвај го откачив без да го повредам