Како може да нема дечко волку убава девојка? -Е баш заради ваквите прашања( а од тука и мислења), си реков. Еден бивши, кога се ожени па ме праша: Што мислиш , би посакала да бидеш на местото на мојата невеста? Охоооохххх
Ми велеле еден куп луге до сега,но најсмешни фрази ми се овие (кој досега ми ги имаат речено) : -ти си како нова кола од фабрика.Нова си,млада,но ебена.(дури уште не разбирам што сакаше да кажи) -би ти купил пијалок... Сакаш да платиш и да спијам кај тебе ? -сакаш малборо да ти купам ? -уф ама згодна другарка имаш..шала настрана како паднат ангел од небо си
Јас па како машко, ретко кажувам вакви фрази. Боље некој виц ќе кажам отколку вакви глупи работи какви што ги набројавте што ви ги кажувале.
голем дел од напишаното се заебанции искажани во обид да се шармира припадник на спротивниот пол искажани од машки што не исполнувале доволно корисна улога во погледот/планот на жената и како такви безбедно е да се претпостави дека истите се ретуширани со намера на самоглорификација на оние што ги објавиле (girls just want to have fun) т.е. ако кажеш виц на жена шо нема доволна причина да те задржи можеби ке го прочиташ тука ретуширан (ego power play) до степен на нераспознавање...у секој случај забавата што се наога мегу овие објави игра корисна алатка како идеа за тролање на некој особи
Ми се свиѓаш многу ама ти се плашиш од мене. (дека типот има пари и само слики од пари става и после става трагикомични статуси како девојките ово оно дрн дрн...)
Можда повеќе одговара во темана за симптоми, ама ај... Вчера ама ми се погодија, цело друштво ми плачеше од смеење. Влетавме таму на моторџиска забава некоја и си останавме ко домаќини. Значи луѓето се најфини и најдруштвени на свет. Точка. Ама, пошто секаде има исклучоци (и мора за мене да се залепат), се добива нов материјал за темава. Гледам еден тип, само ми крева флаша од зад три маси. Ништо ај, се правам будала. Иде овој, го трга другар ми и му зборел: - А јао, хочу да шмекам (зборов ) ту девојку са косом. (описов... ) Се разбрале некако за која мисли и овој не знаел што да му врати: Па... дојди, запознај се. - А, па ја се срамим. Питај је да доџе код мене. Аха, важи. Типов, два на два, елеци, нитни, ќелајца, брадиште... ама да ти се срамел. Иде по некое време, носи пива за цела наша маса, прави живели и неповрзани муабети. Прашува како се викам, му кажувам... - А, јао, Невена, ко моја покојна бака. (ама зошто? ) Океј... спелувам пак буква по буква, да разбере правилно како се викам. - Па да, Невена, баш лепо. После ми кажува таму: Ја имам једанајест мотора, поклоничу ти који год хочеш, само дозволи ми да овакву лепотицу и њено друштво почестим још једном. Okay, where's the downside here? Збореше таму пак за моторите, како он бил од Врање, ама многу го поштувале овде... Го земаа таму после неговите, вика ај не го замарај девојчето, а овој се дере оттаму: Невенааа, јел ја тебе смарам? Неее... Си отиде овој, го изнесоа некако, по некоја минута иде друг. За разлика од првиов, овој беше океј тип, нормален муабет правеше, ау-бау. Си го бара после телефонот, другаркава се смее, број ќе ми барал (знае дека мразам тоа). Те ти го овој, сиот среќен што си го погодил патернот за отклучување, ми опалува: Оди да видиш што статуси на фејсбук пишувам. У, љуби те мајка.
Со другарка на шанк си седиме, си пиеме, се вртат секакви муабети и од нигде никаде доаѓа еден дечко и ми вика "здраво, јас сум ... (не му го памтам името) и сум полицаец. Чекај да ти ја покажам значката". Ај океј ја покажа, после ми извади телефон да ми покаже дека се сликал со Грујо. Типот пола саат монолог си водеше а јас си се чудев. На крај морав јас да станам и да си отидам. Уште една случка, со истава другарка. Одиме во диско, и двете окезени од 6ка до 6ка зошто претходно се пиеше на слава.. и само што влегов некој позади ме тегне за рамо. Човек во години(40-50) ми збори на англиски и ме тегне. Мене искрено страв ме фати. Се тегневме 5 минути, за на крај да ме одвлечка на коњопој за да ме запознае со син му. Син му ми пружа рака и ми вика "can i have you?" Бледо ги погледнав двајцата и се тргнав, а господинов уште ме влечеше и убедуваше да останам.
Јас си поминувам за накај школо и симпатијата(тогаш не го сакав уште ама сега го сакам) ми вика "Многу си убава" И ја му викам фала и си продолжувам... И по 2 секунди ми вика "Ае се лапаме" Колку го имам пцуено ради ова..
аххахха смешки од порано кога се бакнавме прввпат и ми вика Сега Женска си ми фанати сме хахахха ??? А,еднаш пак мајка му вели оди купите нешто за каснување ..и овој па имам за јадење вечер ќе ја ГНЕТАМ хахха луѓеее бе зборот ахахахха .. И такаа...му се скарав тоа ее. :/ тапа.
"Здраво, смеам да ти се пуштам?". Прво си помислив дека не го слушнав добро, ама откако ми повтори не ми се веруваше
Бевме на афтер кај другар во стан и тој еден од групата ми легнува на колена додека јас седев на троседот, ме гледа и ми вика Леле сеа приметува имаш многу големи рилки (за устата, од Кичево беше детево), да бе, му викам. После тоа, уште така лежејќи, ми вика Ај дојди да ти ги проба рилките да вида дали ти се убаи... Не ги проба, ама барем ме насмеа во 6 саат сабајле
Eden moj skolski me zasvigjal , e ubavo se toa , ali pocna cesto da doagja u selo kj mene u kaficot kade redovno izleguvav . Tipov koa ke se podnapiese , obavezno so se cela negova ekipa , se zakacuvase kaj nas na sankerka i poim nemase sto zboruva mi vika ednas ( u pozadina aca i ivana - daleko si , pesnata de ) ovaa pesna e od mene do tebe ( e da mi kazese samo mene fino ke bese , go zede mikrofonot od glavniot sank , i pred cel kafic bruko moja ) i doagja pak do mene i vika , a moze da te gusnam ? I ne cekase odgovor . Me guska covekov , jas se obiduvam da pobegnam , da se spasam , aber nema mi tekna mu vikam pusti me treba da idam , vika kaj begas ma ? Do toalet i dzom niz vrata da se odmoram , ama po 10 min izleze i toj i pak mi se zakaci , mi veli abe napraj mi muabet , recni me malce , samo jas ti obrakjam vnimanie e dobro be bate zosto mi posvetuvas pesni , pa zosto bas ovaa daleko si ? Pa daleku si mi vika , a jas na dva cekora od nego i kako eve sum blisku , e da ama srceto tvoe e mn daleku od mene , nikogas ne me sakase . I pocna da place Drug slucaj , u istiov kafic me vlece edno momce za bluzata i mi veli , zlatooo moze da se slikame ? Brat prvpat te gledam ni ime ti znam ni godini , a ni pa sakam da te zapoznaam , a uste pomalce da se slikam so tebe tret slucaj , so skolska drugarka u skolski avtobus , koj prevezuvase od povekje skoli u povekje sela . Eden nejzin soselanec vika , Gago kako se vika drugarka ti ? Ovaa nz prasaj ja i ovoj vika kako se vikas BE ? Mn mi se svigjas , ja sum Martin ( koj te prasa xD ) najtragicno istiov ovoj Martin idese so prva bratucedka na mm i taka nasite i roditelite na devojkava bea na odmor u Albanija , a nie kj niv na gosti , i sto da vidam , deckovo si sedi na dvosedot , se pozz so mene i mm , pa duri i sin mi go zede i igrase xD a da se praese deka prvpat me gleda ama dolg postov se izvinuvam jas
Дали гургут ти рече? хахахаах се изнасмеав да не пукниш.... Инаку добро што вакви таленти не наишле на мене....ќе ги измајтапев ќе му ја спраштеа од мене хахаха затоа немам налепено на ваков....господ ги варди од мене
Бев кај една другарка на гости во Скопје и сега си седевме во дворот и си правевме муабет ова она нешто пошто мои години е, и иде еден од комшиите тука,прв пат го гледам, буквално ми се залепи, вика: Женски сте за кафе? јас викам не (името од другарката) ако сака нека иде и она вика нема шанси денес.Ајде ок помина тој ден после следниот ден мене ми вика ај да идеме на кафе денес ваљда немаш нешто обврски, ќе те носам со мотор ќе идеме на кафе и ќе те вратам назад јас културно го одбив му викам извини, ај во следна прилика, истиот ден ме сретна на улица, ај бе женска на кафе до кога ќе ме одбиваш, ми се свиѓаш, а јас ич не го бендисав не ми идеше некако понашањето многу напорен, и ми вика знам дека немаш дечко ај да се фатиме, јас му викам извини ама од кај знаеш дека немам дечко и тој вика знам ја прашав другарка ти ама сега ќе си имаш, и јас му викам дечко извини ама мислев дека ќе сватиш нејќам да излезам со тебе мислам глуп да беше ќе сватеше до сега, ти мене не ми се свиѓаш и си се тргнав следниот ден проба да ме смува толку се изнервирав и му реков ДОСАДЕН СИИИ ИМАМ ДЕЧКО,ЗАМАРАШ И АЈ ЧАО !! се откачи некако после од кога си се вратив Охрид пак ми пишеше на фб ама јас го игнорирав не дека имав нешто против ама како не сваќа кога не сакам не сакам тоа е мразам нешто со сила правење!!
Имам еден тазе од еден малце наглуп ми изгледа ама симпатичен дечко “Јас се грижам за сите луѓе, особено за атеисти, само ако се убави како тебе!“ A еднаш па еден после 3 години молење за да ме фате за женска, скисна му веќе и вика ми “Ти мури знаеш ли кој сам јас? 300 овци имам мури!“ у буквална смисла на зборо паднах од смеење Ама ај женски бидете реални, сите паѓат на оваа фраза, нели?!!