Ај и јас една фраза да кажам. Збориме со еден дечко во диско ама многу гласна музика, и он вика а бе не те разбирам што ми кажа и јас викам - Ај после на раат ќе ти кажам и му текна оти треба да ме испрати.
Еден ми вика "дај ми број да ти се јавам само да ги проверам слушалките" Мда, толку другари околу него на мене ќе ги тестирал (демек). Мрш.
А ова значи... Тргнал на зелено додека поминувам и почнува кривини да фаќа ( оти немаше многу сообраќај) и вели: ДевојчЕ, многу си убавА. Ми дојде да му се свртам и да му кажам дека татко му има убава кола, а дека тој е многу глуп. Ама јер #пусто женско#, немаше никој околу, па си го собрав јазиков. Нареден пат штом одам на трчање, ќе си ставам некој памук меѓу нозе- па нека се чудат ко него таквите
Пред неколку години во ноќен клуб со другарките, застанати на висока маса си пијуцкаме, се журкаме... И доаѓа еден ропак и проба да смува некоја. По неколку неуспешни обиди ми се обрати мене, нешто како „Здраво, да се запознаеме“. Јас му го свртив грбот, не ме интересираше таков лигуш и ме чепка по раката и ми шепна „Цвеќината немаат грб“ И јас му викам - можеби, ама јас сум сончоглед. И си се завртив.
Pa imeno sama ne bev tuku isprakav stara zena,plus bev vlubena vo toj decko no ne bev g videla dolgo,blizu ziveevme i on od balkonot mi se razvika vozbudeno.da glupo bese i samo svrtev glava i pominav.pusto zensko
Пффф, филмска, не би рекла. Ако ме изнервира некој знам да одбрусам саркастично и многупати успевам да се исконтролирам. Ама ваков лигуш... па па па. Си заслужи. Вака напишано на форум по толку години ништо не значи, ама тогаш му ја гледав таа препотентна суратка и ми се згади.
Сега да, мажена сум. А конкретно за тој случај, немаше да бидам безобразна, ако претходно не го видев дека пробува да се упика кај сите другарки со ред. АПП - ако помини, помини. Од 7-8 девојки, кај една ќе запали.
Бевме на кафе со другарките и еден тип ни се стаи и почна очајно да ми се пушта и ми рече многу ми се свиѓаш сакаш да се пробаме , ужас невиден и ден денес кога ќе ми текне на тоа викам боже господе какви се луѓе постојат
И што има врска што ти се стаил може стварно те сфиѓал толку многу и сакал да проба дечкото со тебе. Нели е за почит барем обидот што го направил ? Или ептен дегенски се испонашал пред другарките ?