Ми текна една Дечково после 7-8 мин. зборење додека бараме клуб ме прекинува и вика "Is it a crime if I steal your heart?"
Дојди филм ќе гледаме. Треба да збориме у живо за озбилна тема. Ти си моето овошје може да те пробам?
На една журка во средно, еден напиен дечко ми се пушташе и вика: усниве со овој кармин ти личат сочни како праска, а јас обожавам да гризам и лижам праски
Ми покажува слика од телефон на тие старите телефончиња пред 100 години шо беа, пошо дешавкава е оттогаш, сликава беше ,,Како ќе реагираш ако ти кажам дека те сакам?" Cringe уште тогаш.
Јас имам доста вакви ситуации од искачања ама еве да кажам една од поинтересните. Со бабами седевме по дома и ајде ми вика ке идеме до продавница да си купиме нешто таман да се раздвижиме малце да ни помине досадава. Искачаме ние и како што поминавме низ главната улица застануваат со кола со откачена музика неколку машки. Не ги заприметив колку беа ама колава беше полна внатре. Јас и бабами под рака фатени и како што застана колата мене више јасно ми беше дека ке свиркаат, ке зборат нешто она ова. А па бабами уште па се поднаведна на прозорот да види да не е некој познаник или некој комшија па да сака да не поздрави. И како што се наведна она еден вика кај сте бе серциња. ( ама прашањево беше поставено со акцент бидејки беа албанци беше многи смешно кажано мислам можете да претпоставите хахах ) Леле кога почнавме да се смееме со бабами не сме можеле да се смириме. А она па е многу модерна женичка. Така и се однесува, така се носи, си делиме и облеки, секад е скоцкана, нашминкана, со фризура, парфеми све све. Како да нема 56 години туку 30 значи ја обожавам како другарки сме си затоа изгледа и овие од колава си помислија дека сме си две другарки па си се шеткаме. А за случкава и до ден денес си се смееме кога ке ни текне.