а фразите во стилот : Ми се јавија од небото им фалел еден анѓел..кажи каде да те скријам за да не те најдат ???
Леле кога слуснам : кај си бе РИБА или те гледам цело време и немозам да си поверувам на очите па господ давал и се заборавил давајќи демек убавина,ај да пиеме утре кафе..дека он многу фин не му е за една ноќ цццццц ех будали бее,ама најнајјако од се ми било кога застана еден `фраер` до мене две глави понизок и ми вика : од кај си ти-јас му казувам и тој ми вика абе така прасувам тоа од навика ми е оти јас сум полицаец и сто ако си му велам и тој тука ме погледнува (на санкот се одвива дејствието) па знам дека девојките се палат на униформа , лелее не ми се верувасе му викам дечко де ако сакас дрзи си го пендрекот мегју нозе и откачи ми се... аууу тоа стварно будали на денесно време
Да ви откријам тајна зашто постојат мажи што ги користат тие фрази. Барем ова е моја теорија и јас како ги сфаќам. Секој маж мрази корпа или да биде одбиен од девојка (особено во јавност, пред луѓе кои го знаат). Освен психопати, сите други мажи имаат емоции, а корпи болат - дури и да се на фин начин. Една од стратегиите кои некои мажи ги користат да го заштитат срцето е да постават маска. Значи, кога идат и маваат лигави глупи персони, тоа е како некоја маска. Ако девојката мавне корпа, он може да се изнасмее, демек хахаха, ма ја ионака се зезав, хахаха не ни бев сериозен, хахаха. Во тој случај зборот НЕ-воопшто не боли. Ако пријдеш на девојка со своето јас-искрено и чесно, без финти, без маски и се експонираш оној кој си, искрено и фино - зборот НЕ ќе те боли... бидејќи го одбива твоето вистинско јас. Затоа има мажи кои порадо би испиле 100 корпи со своето лажно јас, отколку да испијат една корпа со своето вистинско јас. Исто е со мачо понашањето. Мажите кои имаат екстремно мачо понашање се обично најранливи. Тоа е маска за криење на повреденото мало момче.
Иначе чисто информативно, ниту девојките не се ништо-пооригинални во приоѓањето. Имам пријатели (високи манекенчиња) на кои често им се пуштат девојки, и 80% од девојки имаат истите неколку приоди. - Една финта што многу девојки ја прават, како да ја научиле негде, многу чудно... Демек и останала чаша недопиено вино, сок не знам што и демек поминува и прашува дали сакаш да допиеш демек им останало недопиено вино, пиво итн... И тоа сегде ја прават, ми ја потврдија дури другари у хрватска у америка. - Друга честа финта е со постојано сопнување. Демек поминува покрај тебе и ти се сопнува од стапалата. Некои девојки ова го прават 15 пати у вечер... 15 пати поминува покрај типот, и демек му се сопнува од стапалата и паѓа на него. - Исто е често - еј да не се знаеме од некаде дечко? Познат си ми? Мислам главна разлика е што мажите не мрчат колку и да е лошо-глупо-смотано приоѓањето. Знаат како е да бидеш страна која приоѓа и дека не е лесно. На темава стварно имаше некои стварно лигави приоѓања опишани, и тие момци стварно заслужуваат корпа. Но имаше и голем број приоѓања кои е очигледно дека типот само имал трема или не знаел што да каже - а девојката земала јавно на форум го исмејава и уште се фали како му мавнала корпа или го навредила.
и после тие типови кој добиле корпи ке викаат оваа е ваква таква ... и после девојките кој дале корпи на момците ке кажуваат зашто нема никој да ни пријде и после ке биде сама ке останам за секад и после мажите ке плакаат проститутки за секс или пак со fake girls ке искачаат и после ке дојде до општ хаос и за 10 год љубовта ке исчезне поради тоа бесмислено давање корпа на некој што не заслужува срамота е кога бирате на некој си филмски начини да ви приогаат , кога тој се измочал од срам па незнае што да каже наместо да го расположите и охрабрите ... КОРПА епа после не плачи зашто со друга отишол или пак никој не ти приога и брао алек како и по обично немаш лага нити пак промашај во мислењата добро е што ке имам 2 машки деца фудбалери за Милан и нема да им даваат корпи ...
Интересна тема и мој прв пост на форумов . Методи на пуштање има безброј и ако е машкото самоуверено што и да каже нема да се заврши со катастрофа. Во најлош случај ќе биде одбиен и ќе добие едно НЕ. Сепак поискусните машки знаат дека едно Не не мора да е вечно и дека може да стане ДА со правилен пристап кон девојката. За жал денешниве мажи честопати се откажуваат по првата корпа без да знаат дека одреден тип девојки (можеби мнозинството) имаат квота на корпи која мора да ја потрошат пред да го кажат фамозното ок, ќе пиеме кафе . Јас да си признаам бев ист. До пред некое време имав само една корпа во живот од факс и имав уплав да не добијам нова. И така идев се насигурно се додека не налетав на девојка која ептен ми се допадна и од која добив веќе 6 корпи. Од првата бев страшно навреден но прејдов преку неа, од втората веќе ми беше полесно а третата и последователните ми станаа добро утро . Мене таа девојка ме порасна . Сега дали ќе добијам корпа или не, не ме загрижува а девојката ќе ја бркам уште година ако треба ама ќе ја фатам. Така да машки не се откажувајте заради корпа, девојките ценат храбри машки кои нема веднаш да се повлечат . Вие девојките не мислете дека секој што ви се пушта сака да ве легне така да пополека со корпите, не секое машко е искусно па после ќе се чудите зашто никој не ви се пушта . Пс. Yipman2, поздрав до тебе ако тренираш борбени вештини .
Прво, фрази и pick up lines се за лузери и лузерки.Треба да меморирам некој шаблон,демек наизуст да го научам.Ма дајте ви се молам.Не сме во прво одделение па сега ќе рецитираме строфи од песнички. Поклони се и почни Второ, ако некој/а мисли дека успеал кај некоја типка/тип поради фразата т.е. pick up line-от што го меморирал/а,си се залажува или е наивен/на.Ние како луѓе(нормално тие што се луѓе) сме некогаш повеќе толерантни спрема оние лица кои ни се некако драги,иако првпат ги гледаме.Според тоа нема фрази за смувување од машките,и женските.И машките ако иницираат контакт може да ја "упрскаат",и женските ако иницираат контакт може да ја "упрскаат",и пак на крајот се да биде ОК.Се е до тоа колку физички си се привлекуваат и до карактерите. Во врска со корпите т.е.нашето секојдневие можам само да кажам дека обичните корпи воопшто не допираат до мене,т.е. сум индиферентен.Дури целата ситуација знае да испадне понекогаш и смешна.Она што допира до мене се корпи од типот пијачка у фаца пред аудиториум и жири комисија Има стварно "опаки" цури во градов. Инаку се најслатки оние ситуации кога добиваш корпа од девојката и завршуваш со истата девојка во кревет. Во поглед на бројот на корпи од истата девојка,упорен сум до 2-3 корпи,и тоа обични Во просек 2 корпи,а во ретки случаеви и до 3.После 3 корпи девојката е во категорија ОТПИШАНИ.
Си минам најнормално по улица, нит гледам некој, Спојлер - тоа заради диоптерот - нит ме гледаат... Онака искулирана, во филм Секс енд д сити. И наеднаш луѓе, ама апла наеднаш еден прст кога ме буцна во рамото мислам дека сите коски ми ги намести. Како не се најде порано да ме буцне на ногава, сигурно побргу ќе ми поминеше. :geek: Се вртам јас, со еден прашален поглед и типов од поттип сељачина, ми ја прави - Не се знаеме веќе, а ? Очекуваше дека ќе му речам ,, Извини не те познавам ,, па да си продолжи со pick up line-от ,, Е па ај да се запознаеме ,, Му вратив само еден поглед сличен на смајливо По кој пат го слушам ова, по кој пат. Ебате креативноста .
искрено ми годеше додворувањето, тие погледи кога ќе поминам( не да се фалам ) и сето тоа што иде успат..али у последно време сум доста имуна на тие дешавања..но сепак женско сум еве една дешавка кога бевме во кафана претходната недела .. собрани така весело друштво малце поднапиени, развеселени и не знам како се погоди останав сама на маса од 2839719 луѓе и типот што седеше карши нашата маса одамна загреан реши да ми пристапи, и тоа на сл.начин: Доаѓа со чашата во рака и ми вика ајде живели..така бледо се свртев, го погледнав, и викам немам со што да наздравам, а чашата моја беше пред мене .. :/ го прерипа тој дел, премина на шалабајзерски муабети у стил да ми даде повеќе години да ми го науни егото..нејсе со дечко некако ,,фраериве,, се повеќе ги сфаќам и да не го тупам..најинтересното што ми дојде на памет, е едно пуштање на фб, ги имало од повеќе момци, али ова идеше вака: ej src kazi sto sostojki stavil tatko ti vo smesata za da napravi vaka ubava zenka -.-' мислам да
еве ме мене, на средина на муабет последните два пати кога некој ми пристапил, беа идентични...да не беа два различни града во прашање, ке помислев дека се договориле иначе се работи за пристапот 'љубим руку' и дали е до мене, бе?!
а да си ми жива и здрава ме изнасмеа до солзи ај да си кажам и јас ова се дешава во дискотека си стоиме до маса со другарките и доаѓа ,,фраерот'' со неговата генијална реченица џоа златник ќе му падне од уста ,,мене да си ми девојка јас никогаш не би те пуштил сама да искочиш без мене негде'' тропна и остана жив. И ја на тоа ни две ни три ко ми светна ,,Аууу па зар има таква будала да сака да ја чуваш во кафез?'' Ајт позз. А најтрагично беше што немаше спас од него упорен до карј и покрај тоа што го излажав дека имам дечко само за да ми се тргне НАПОР! Како женско нормално дека ми годи кога некој знае да ти даде комплинет и на културен и пристоен начин да ти пријде, ако сакам да го одбијам секогаш гледам тоа да биде на културен начин затоа што сепак собрал храброст да ти пријде и без разлика и он е човек ама луѓе како генијалецов кој сака да ми ја загрози слободата нека не се ни мачи да доаѓа. Па човеку куписи птица па чувајсија во кафез.
Фразиве се нешо шо највишее ме нервираа ! Изиграваат КАВАЛЕРИ уствари се КРЕТЕНИ... Болје им е да бидат искрени, да се запознаеме ко луѓе брате !
Моментално само на овие ми текна - Сакаш да се знаеш со ЈAС? - Имаш запалка или некое друго средство за запознавање? Хахахха не се нормални бе кај им текнуваат вакви ствари
Мора да признаете дека најчест моменат, а со тоа и најклише е прашањето Како може ваква убава девојка да нема дечко...