и после сите коментари, кажување дека ќе им се исмееме в лице или ќе ги навредиме со погрдни зборови........сепак длааабоко во душата ни се допаѓа тоа што воопшто некој ни пријдел или фрлил око на нас. Или грешам?
ха ха ха шмизла што пишала не ми се верува ха ха ха да не бевме ние машките со нашите смотани фрази 90% од женските немаа никогаш да фатат дечко тој: сакаш да се смуваме? таа: не!!! тој: епа еве ти корпа
a,a,aaaa Селанец е човек од село. Паметен,добар,работлив и каков уште не. Сељак е идиот. Може да биде од село, од град , од пичке си материне. Јас прв пат слушам некој за wanna be казанова да употребува диско ман. The thing is дека сите различно употребуваме некои зборови и јас морав да ти објаснам како некои го сфаќаат тоа сељак. Барем во моја околина сељакот не е автоматски селанец.
без разлика на се, не треба многу да им се замерува на машките ако стропаат некоја глупост, затоа што се возбудени, напнати, во исчекување, малку срамежливи во тој момент, па е нормално дека несакајќи голема е веројатноста да испаднат смешни, ( некој, па и глупави)
хах се изнасмеав на глупостиве има кај мене повеќе вакви дешавки ама еве некои ми се избацува еден и ми вика -имаш дечко? -не. -А сакаш да имаш? Си се завртов и си отидов. друга случка ми доаѓа еден ме фаќа за рака и ме трга на страна и почнува да збори нешо мн убаво девојче ова она и цело време ме држи за рака а јас едвај чекам некако да се тргнам и ок ај на крај ме прашува имаш ли дечко? - не,немам може сеа да си одам? леле коа почна е тогаш, ама да не ми се налути немој да ми се лутиш може ли другари барем да бидеме ми се лутиш? а згора на тоа со двете раце ме држи мене за рака абе едвај чекав некако да се тргнам си викам кај ме најде мене овој аман среќа успеав да се извлечам некако
Е ваквите типци ги обожавам исто колку и што ги мразам! Ептен ме засмејуваат со fail фраза на сериозна фаца. Priceless! У дуго сечање ми се неколку мужјаци од типот апла сељо (значи, не селанец, туку сељак, има огромна разлика помеѓу двата збора) и нивните романтики. Поминувам покрај паркинг, и седат двајца типци на моторче во распад, со типично залижан фриз, згужвана фацка, и битен момент: тренерка и папуча. И сега едниов целиот во занес, узбуџење до плафон од девојките кои поминуваат околу него, абе мисли којзнае што е. Го погледнав од што ми беше смешен и веројатно несвесно сум се насмевнала, од што, многу јасно, типов помислил ми се свиѓа. И сега полека го вади излигавеното цигарче и ми се обраќа: „Сакаш да пафнеме заедно?“ (А другар му се смеши задоволно демек готово, батево ме ќарил.) Го погледнав со еден WTF намуртен поглед и викам „Не, допуши си го сам.“ Стоев еднаш пред трафика чекајќи да купам орбит и еден „мачо“ пред мене барал кондоми, продавачкава го прашува какви, многу нормално, и овој и се врти накај мене и: „Маче, какви сакаш/бираш?“, (така нешто) со подигната веѓа. Го гледав онака 5 секунди дури да ми текне што да му вратам и викам: „Невидливи како за твојот.“ Има и „похрабри“ од типот: Стоиме на раб од тротоар со другарка и се разделуваме, поминува „фенси“ типче во кола, застанува на црвено, спушта прозор и ни мавта со 500 денари во рака, викајќи не внатре. Ај да бевме провокативно облечени, ама ние во најобични фармерки, маици и палтичиња бре! По секако се изнасмеавме ептен. А излитените да не ги ни спомнувам, живеам во таков град каде што секој втор дофрла по нешто на секоја девојка што ке помине. Ех бисерџии бе...
е колку мразам вака, ти се сили, се прај мангуп, а за раце те држи насилнички, да не му избегаш демек, вака слично и мене ми е случено. е мразам кога си земаат за дозвола да си припуштаат раце
Најглупава фраза: Toj: Извини девојко кoлку е саат? Таа:толку и толку Toj:Епа време е да се запознаеме
1 .As the hawk hunts the rabit , that way i shall hunt you 2. YOU SHALL NOT PASS ..... dodeka ne se zapoznaes so mene 3.I'm Batman ... you are? 4.Still single? .... well not for much longer 5.The desert winds blows me hard towards your smile 6.My charm approach , you will trouble me no more 7. In the dark of the night , my eyes will find you
Точно. Мислам дека девојките кои никогаш не пробале да пријдат немаат право да судат. Не можат да си замислат колку напната ситуација е тоа. Многу е лесно да судиш дека некој изгледа глупаво, кога тој го превзема ризикот, и му лупа срцето сто на саат. Имам пријатели (манекени) на кои редовно им се пуштаат девојки. Нивните линии и пуштање не се ништо поинтелигентни или харизматични од машките. Малце ми е иронично каде што во една тема се исмејуваат, понижуваат и малтретираат мажите затоа што не пришле како на холивудски филм. Па после 2 теми подоле друга тема "а зашто мажите не приоѓаат веќе?". Евентуално ќе дојде ден кога ниту едно машко нема да приоѓа вака ако продолжи работава. Не велам дека девојките треба да ги тапшаат по глава машките у стилот (ооо браво, ми пријде)... Не го велам тоа. Али работава ептен има отидено у екстрем каде што мажите чуствуваат дека 99% девојки ни грам не ценат, и се помалку и помалку машки приоѓаат.
Тој-Имаш најубаво име.....Одувек сум сакал такво име..... по 15 мин да запише број на тел..... Тој-А како рече се викаш Таа-Па нели рече најубаво име сам имала Он-Ок.....Ќе запишем најубаво име....) Толку убава девојка сама да стои....Овој само у Крива Паланка го има...... Може ли да те почастим нешто,а ништо не ти тражим за тој... haha Ајде,ја ќе најдем такси.....Заедно ќе си идеме.....Плус ја ќе платим таксито....) SHAME ON YOU ШЕЌЕР.....(А ств не можам да им ја разберам смислата на ова) hahahahh Ти приоѓа некој и шејм он ју шеќер.....) hahah Здраво.Јас сум од Скопје,а ти си дефинитивно најубавото девојче што го знам......
Се изнасмејавте и бла бла ако сте толку паметни да судите и омаловажувате некој што собрал храброст да ви пријде и да сврзе два реда муабет со вас(најверојатно зошто му се допаѓа вашиот изглед)вие одма го осудувате како фрев,клошар,психопат....до негде и ја злоупотребувате вашата убавина или причината поради која ви приоѓаат,мислам дека може да биде тоа изведено на културен начин во стилот дечко имам дечко,не сум заинтересирана и ред ред други. БТВ не приметив ни една од вас да каже како "треба" да изгледа тој пристап,а сите знаете да осудите како " не треба"
Леле што ми текна, тој коњак што ќе ме убиеше уште го памтам. Ми приоѓа момак во дискотека: -Извини девојко имаш упаљач ? -Немам (што и стварно немав, не пушев тогаш) одговорив, а тој ко од пушка: -Па добро и онака нема да ми треба кога ти ме палиш повеќе од потребно И ден денес не ми е јасно што контрареплика ќе ми удреше ако имав упаљач, ама тој коњак ми ја загорча вечерта, додржувајќи да не му се изнасмеам во фаца, зошто сепак бил храбар, коњакот ми отиде во нос. Фраерчинава си замина а јас останав со надразнет нос и насолзени очи да кивам и да се смеам. И поздрав до дечкото во случај да чита нека биде љубезен и нека ми ја одгатне загатката, што ли ќе ми кажеше ако имав упаљач .
А, да ти пријде девојка и живи глупости да изнатреска, не смееш да се исмејуваш со неа, треба да ја разбереш дека малку е возбудена и слатко да се смееш на нејзините глупости. А, девојките претеруваат со исмејувањето. Сите фори од машка страна речени, им се глупави. Гордоста им е повисока од штиклите кои ги носат.