девојки ме изнасмеавте мене не ми се случило до сега некој до толку така да ми истреска некоја глупост,освен кога сум поминувала со другарка и некој сељак да и рече на другарка ми "мн.убава другарка имаш" или "кај шетаат вака убави девојчиња сами"...а јас знам да изреагирам или
Роденден на една моја другарка, јас си пијам од пијачката, го гледам брат и и одам да се поздравам со него. А на масата врие од машки, разгаламени, а можеби и беа малце поднапиени. Се поздравувам со него, здраво и викам на сите и овие почнуваат да ми пружат рака и да ми кажуват имиња, а јас ниту едно не запамтив. Кога седнав дојде еден другар и тој ми пружи рака и ми го кажува името. И јас: Магнолија мило ми е. Он се доближува до мене, држејќи ми ја раката и гледајќи ме во очи ми вели: - Само што се запознавме, а ти веднаш почна да лажеш. Јас станав ваква зашо??? - Оти на мене ми е помило! Ма не е толку смешна фразата, како шо беше тој смешен. Јас не можев да издржам, почнав да се смеам гласно, али тој не се обесхрабри, пак продолжи да ме замара. И еден па... седеме на клупа и ми вика (морам на штипски): евааа како ѕвезди да имаш у плавите очи. А моето око зелено... Ги има и такви шо пробуваат да го дознаат твоето име правејќи се дека се препознале. Тие најмн. ме нервираат, НО се случи еден така да ме освои и баш штета шо повеќе не го видов. Пушам цигара пред кафичот и зборам со другарките кога гледам еден во костум, со очила, му давам 25-30 години, како иде накај мене. Ме зграпчи за половината пред сите, леле колку убаво мирисаше ммм и ми вика: срце, добра ли си? Добро, тоа срце баш не му вредеше. И јас гк мк запрепастена му викам дека се препознал. Тој со насмевка ми вели: можеби... Е кај да го барам сега тај?
Ми текнува на една случка помала бев си идам накај дома,мртва темница и кога од спротивен правец еден типац ми застанува и ми вика преубави очи имаш исто ко Охридсконо Езеро уште плави да ми беа добро ќе беше! И јас му викам децко иди на очно ти треба диоптер не гледаш добро енам плави очи и си продужив
Немам ништо против да се посмееме,ама не е убаво да омаловажуваме од типот грев,дебил,неиживеан,морон итн итн. Зошто да дојде некој од типот на Деп,Пит,Клуни далеку ке биде од важен пристапот а ова зошто дечките биле со неприфатлив изглед за некоја и затоа е така,исто важи и за машките не бранам никого,само ми е за начинот,некој пробува да постигне нешто и од старт е бутнат(не викам дека е во ред и тоа однесување)место да му се обајсни покултурно од неговото дека џабе пробува
Последна случка што ми се деси. Јас и другарка искочени, седнати на шанк, си правиме опуштено муабет. Еден тип, на секое идење у WC подзастанува, ме погледнува, се насмевнува, јас му возвраќам со насмевка и заминува. И така едно 4 - 5 пати. Саат и нешто, додека седевме таму сами две. 5иот пат си викам, еј уште еден ваков поглед и сама ќе му отидам Конечно приоѓа типов и ми вели: - Дојдов да си ги подигнам очите. - Очите?! - Да, очите, кај тебе ги оставив цело време додека седиш тука. Не можам да ти се изнагледам. Јас гледам под шанк, демек пребарувам, и му велам. - Е ај да ги најдеме. А извини и храброста за приоѓање ја остави тука некаде? Чисто да знам дали да ја барам. Почна да се смее типот, очигледно сфати, ама небитно, битно си направивме муабет, се додека пак не ја уплеска со друг коментар кој не би да го разглабам Не му беше денот со фразиве некако, не му беше, ама битно, фино си поминав таа вечер. И нова фраза си запишувам во пусулчето. Па и јас ќе си ја употребам бе! Ха! Дечко, очиве ми останаа тука доле негде кај тебе, да брцнам ја да ги побарам сама а?! Шо викаш? Вешти ми се рачињата, цак - цак! Одма ќе ги најдам!
Ако си се свиѓате не ви требаат фрази, пак ќе бидне работа . Ако не, ни 500 фрази не помагаат така да никогаш не ги употребувам, оригиналноста ја оставам кога е првата фаза на познанство веќе помината . Освен тоа најголем дел од фразите се чиста патетика и најчесто служат само да го прикријат стравот кај дечкото да не добие брза и болна корпа .
- Дали болеше кога падна од рајот? - Насмевни се ако сакаш да спиеш со мене. - Може ли да ти купам пијачка или сакаш да ти ги дадам парите. - Се надевам дека знаеш да даваш вештачко дишење, бидејќи останав без здив. - Девојко, имаш ли мапа? Се изгубив во твоите очи. - Можеби не сум најзгодното момче тука, но сум единствениот што разговара со тебе. - Ако мислиш дека ќе ти биде криво утре сабајле, можеме да спиеме до попладнето. - Нешто не е во ред со мојот телефон – го нема твојот број во него! - Девојко, имаш кредит на телефонот? Ѝ ветив на мајка ми дека ќе ѝ се јавам кога ќе ја запознаам девојката од соништата. - Може да те фотографирам? Потоа ќе му испратам фотографија на Дедо Мраз и ќе му покажам што сакам за Нова година.
Хахаха морам да кажам една многу смешна случка : еден дечко доаѓаше кај мене да ми го поправи компјутерот брат ми го донесе, дечкото мирен повлечен уста не отвори цело време... Утре дента се шетам јас со другарка ми и дечкото ми вика "Може да дојдеш малку на страна , и ја викам кажи и он ми вика лелеее многу ми се свиѓаш може ли утре да излеземе на кафе " лелелее а другарка ми ја слушам како се смее на цел глас хаха и мене непријатно ми стана и му викам не јас имам дечко. И одам накај другарка ми и се смееме , и коментираме мирно мирно ама ме шмекал кога го правил компјутерот ахахахахах
А можи и нешто вакво, љубовно рефератче да ви остави во порака на Фб. Се извинувам што е на латиница но не можам сето да го препишувам хахахахахахааххах "" ti si angel so so nasmevka me osvetluvas...so oci sto sjaat od sreka,so glas kako pesna na nekoi dalecni ptici sto te teraat da gi slusnis.. dusicka si mala,so najubavi oci i najubava nasmevka koja me magepsa...poveruvaj barem na eden zbor od seto ova....i otvori go srceto za nekoj so saka da te saka iskreno i cisto..." итн итн многу има
И што сега? Опасна си? Ти се дигна егото што го исмејавте дечкото? Најкултурно изразил интерес. Ај ги сфаќам донегде овие што исмејуваат мажи што користат "фрази", али тебе дечково најкултурно и поштено ти изразил интерес. Сега ти се може, али за 5-10 години од сега кога никој нема да ти се пушта ќе плачеш "кај отидоа мажите" и ќе постираш у темата "кај отидоа машките"... Али тоа е тоа, карма.
Може да ве дружам иако не сум чупе? Некои едноставно сакаат да играат на сигурно, па одат со финтата што му се посреќила на другар му. Едни се плашат дека ако кажат нешто свое ќе биде доволно глупо и нема да заслужи ни одговор, а други се толку тупави што не му размилсува ни мозокот дали изгледаат смешно... едноставно сватиле дека тоа е начин на пристапување. НЕ дека ги коментирам или ги исмејувам, ама дајте бре луѓе... немојте да изигравате мајмуни со излитени зборови што знаете дека секој ги има слушнато веќе 21678941 пати во животот. А за да бидиш оригинален - само не се пуфкај... речи си дека сакаш да се запознаеш и не се расфрлај со пијачки да не добиеш цела депонија , а не само корпа
Лелее ме изнасмејавте,мене еден другар ми е и знаете онака јас опуштено со него си разговараме ама преку чет и ми вика ако некогаш те затечам сама ќе те смувам... кој кретен ееј -.-
Девојки,ако ги чуете овие фрази, веднаш фаќајте магла... 1. би сакал да си врата, за да можам по цел ден да те плескам. 2.фини нозе...во кое време се отвараат? 3.дали можам да ти купам пијалок,или едноставно сакаш пари? 4.би сакал да си пони на вртелешка, па да можам да те јавам цел ден. 5.би одел милион километри за една од твоите насмевки, и уште подалеку за таа работа што ја правишсо твојот јазик. 6.ти.јас.шлаг.лисици за раце.имаш прашања? 7.(Гледа во своите препони) знаеш,тој неможе сам себе да се лиже. 8.сакаш да дојдеш кај мене на пица и секс?не?зошто?не сакаш пица?
Една стихотворба во чест на машките фрази Спојлер I love your smile, your face, and your eyes Damn, I'm good at telling lies! *** My darling, my lover, my beautiful wife: Marrying you screwed up my life. *** I see your face when I am dreaming. That's why I always wake up screaming. *** Oh loving beauty, you float with grace If only you could hide your face. *** Kind, intelligent, loving and hot This describes everything you are not. *** I want to feel your sweet embrace But don't take that paper bag off of your face. *** My love, you take my breath away. What have you stepped in to smell this way? *** Love may be beautiful, love may be bliss But I only slept with you, because I was pissed. *** My feelings for you no words can tell Except for maybe "Go To Hell". *** Roses are red, violets are blue, sugar is sweet, and so are you. But the roses are wilting, the violets are dead, the sugar bowl's empty and so is your head *** What inspired this amorous rhyme? Two parts vodka, one part lime. Се си мислам дека ако продолжиме така да им се потсмеваме на се, и на тоа што треба и на тоа што не треба, многу бргу некој ќе ни ја изрецитира...
- Извини, ти падна хартија! Ааа не, тоа е само хартијата со која беше завиткана ти, бомбонче едно! - Умрев кога те видов, бидејќи од твојата лепота не можев да дишам. - Еј маче, сакаш да го поминеш некој од твоите девет животи со мене? - Не сум пијан, твојата лепота ме опи. - Да може изгледот да убива, ти би била оружје за масовно уништување. :geek: - Можи да ми нарачаш кафе јако како мене и слатко како тебе? - Може да се запознаеме? Јас сум господин Вистински. Некој ми рече дека си ме барала. - Еј шеќерче, не излегувај на сонце бидејќи можеш да се истопиш.
ама се изнасмеав ццц лудоо леле се сеќавам лани летото во мк и јас со другарками само што излеговме и таму еден другар од мојот другар доваѓа и ми вика мислев дека морето е сино дедека не ги видов твоите очи јас само така пред да прснам во смеа ми викам прво ако не примети моите очи се кафеави и второ кога гледаше дисни чанел? и отидов 30 м пострана од него а се убивав од смеа! http://www.youtube.com/watch?v=dk-EPjv2KWw Еве ова серија сигурно ја гледал одејте одма на 1.34 пред 1 месец ја изгледав серијата и кога ми текна си умрев од смеа
една фраза за смувување-на апсолвентската вечер пред 2 години во летниот клуб Колосеум ми пријдоа две момчиња и едниот ми вели: девојче, му се свигаш на другар ми и и да малку го ирезилив со тоа како се осмелуваш, повлечи се и да не си се вратил веке а пред тоа се обиде еден друг дечко да ме чести пијачка на шанкот ама му кажав да се тргне бев на концертот на ДНК сама-немаше кој да ми прави друштво есеноска, и едвај си фатив такси, и од гласната музика се ми ечеше во ушиве исто ко пијана бев , а ниту капка алкохол не се напив, и најдов такси, се качив во него и расположена за разговор како и секогаш, насмевка од 6ка до 6ка-се погодија песните и низ муабет пред да стигнам кај мене пред зграда таксистот и му велам да ми даде картичка(ако ми затреба друг пат) и таксистот ми вели дали сакаш мој број или од компанијата или и двата и само велам број од компанијата и си излегов, а беше убав, згоден со руса коса, ама ете ме фати неспремна
Па и тие па, на апсолвентска вечер нашле да се пуштаат. Нека им го остават мувањето на тинејџерите Ништо страшно за мување, опасно е пред олтарот да добие желба за кршење на срце