Фрази што ве нервираат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Кои фрази на вашите родители ве нервираат ? Се разбира дека ги сакате и дека и тие ве сакаат вас и ви мислат се најдобро, но сепак мора да има нешто што ве иритира.
    Јас се нервирам кога татко ми ќе ми рече :
    - Вајлд, доцна е легни си. Ако не ти се спие - читај си некоја книга. |(
    - Сине не ја пеглај веќе косата... без коса ќе останеш...
    - Со тебе не се прави муабет... колкав инает си. (инаку за татко ми сум инает кога моите мислења не се исти со неговите поинакви сфаќања, а тоа се случува во 90 % од случаите)
    - Вака не оди. Од утре менуваме распоред, во 00:00 да си заспана. ( и цел живот менуваме распоред и никако да смениме :rofl: )
    Мама :
    - Вајлд, само на компјутер да се седело... ама најтрагично е што не си сама, сите на компијутер седите...
    - Вајлд, кога ќе одиш да се бањаш, тргни го чергичето да не го намокриш, а после избриши убаво не оставај вода.
    Фрази што наизменично ги користат двајцата :
    - Облечи чорапи, ладно е... немој боса да шеташ, девојче си.
    - Ама не можам јас да одам само по тебе и да средувам... Кај поминеш како ураган да прошол :rofl: . Среди си ја собата...
    И морам ова од баба :
    - Вааајлд, мрза гза не рани... тешко на тој што ја има... :rofl: :rofl: :rofl:
    И сосема за крај фразата што ме вади од патики е :
    - Среди малку, девојче си... - Тато зошто да средувам кога бато направи лом ? - Епа зошто си девојче...
     
    На iloveyou29, MaggieTatum, marija.directioner и 8 други им се допаѓа ова.
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    целосно се пронаоѓам во овие
    -доцна е легни си. Ако не ти се спие - читај си некоја книга.
    -не ја пеглај веќе косата... без коса ќе останеш...
    -Со тебе не се прави муабет... колкав инает си.
    -само на компијутер да се седело...
    -Облечи чорапи, ладно е...
    Само би додала
    - ти кога ќе излезеш незнаеш дома да си дојдеш
    -дете земи учи нешто ќе плачеш после :D (демек)
    -гледај околу тебе и учи :tmi: :tmi: :tmi:
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Ја заборавив и познатата реченица на тато кога ќе го прашам дали може да ставам пирс (а го прашувам еднаш во неделата обавезно :lol: ) :
    - Не ме прашувај повеќе. На таа тема не дискутираме. Дур сум јас жив, дур живееш во моја куќа и дур те ранам ти пирс НЕ ставаш да ти е јасно! |(
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    79
    Кога ќе се вратиш?
    Легни да спиеш!
    Земи јади, си побледела!
    Облечи се, надвор е ладно! :o
    Ај стани од компјутерот јас да седнам !
    Напрај утре ручек, па срам да ти е ништо не работиш :@ :@
    Станувааааааааај !!! Што е оваа толку спиење?
    Сабајле до колку окапа, пред компјутер? :o
    секојдневие ....
     
  5. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Хахаха секаде е присутно ова :lol:
    Вики седни учи,јас да сум на твое место не пријавувам испити оваа сесија..Книга немаш фатено! :geek:
    Вики што е ова,враќање во 3 сатот...ко последните :rofl:
    Вампирче ти уште си на компјутер??Ајде доста е ...
    Утре ќе врни,стави си ги чизмите и земи си чадор! :fubar:
    Доста Викторија само јадиш или обратно Седни Вики касни нешто цел ден не си јадена,ќе ти се слоши..
    Вики повеќе пирсови на уво НЕ!(ахаа можеби не!) 8)
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    16.613
    Пол:
    Женски
    Од баба ми:
    - Деца учетеееее. Сами да си ставите златна белегзија на раката, да не чекате од мажот ви.
    - Куче нема да залае волку касно, а вие тек сега се враќате.
    - Па од железо да беше досега ќе се распукнеше од вас ( за компјутерот ).
    Е овие реченици на баба ми морам да ги слушам секој божји ден. Не се разбира жена од збор, и велиме да престане ама таа пак по свое си тера :@
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Милиони ги има.
    1. Бледа си, излези нека те фати воздух.
    2.Ништо не работиш; а претоа сум ги наместила креветите :D
    3 Исто и мене тато ми вика, додека си под мој кров така ќе биде.
    4 Кога ќе им речам нешто, на пример..сите го прават тоа, ќе ми речат, па ти не си сите. |(
    5 Стани јади, анемична стана.
    6 Ништо не те интересира, само компјутерот, телевизорот. |(
    7 Нормално дека така ќе се чувствуваш, кога го преспа цел ден.
    & уште многу други.
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    2.436
    Мајка ми:
    Со кој ќе одиш?
    Каде ќе одиш?
    Немој многу касно да остануваш.
    Памет во глава.
    Ане облечи се.(божем незнам дека треба да се облечам)
    И биволски да ги имам ќе се скинат (за живците) :lol:
    Татко ми:
    Ане немој до касно.
    Ииии мраз ти се рацете..
    Брзо чорапи облечи.
    Ааа од утре во школо ќе ти носам доручек што е тоа да не се јадело..(кога одевме во школо)
    Брат ми:
    Јас на твои години...

    И уште многу ама на толку се сеќавам ..
     
  9. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    Мајка ми
    -Види ги другите како учат само ти на компјутер
    -Зошто си дозволуваш да препишуваш,се омаловажуваш самата себе.
    -Колку си несредена,јас веќе немам сили да средувам по тебе.Голема си среди ја собата.
    -Никако боса.
    -Еј мене ми застуде.Облечи џемпер.
    И уште многу...
    Татко ми
    -Донеси ми вино(ме станува од јадење)
    -Нит учиш ти нит ништо.Само дремеш пред компјутеров.
    -Толку пари да се трошело,ни се видело ни ќе се види.

    Баба ми
    Сине,јади види колку си ослабела (иако сум здебелена 7 килца)
    Земи читни нешто,не ја повторувај мојата грешка да бидеш неука
    .
    Имаш дечко,сине?
     
    На beautiful.butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    И, кога јадам а ќе ми речат, дај ми вода, сок, што било. |( Е смрт ми е тогаш.
     
    На Miss.Selfridge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    2.436
    Епа затоа јас дома си имам `келнер` (тоа е татко ми) кој се случува пред јадење да стави или пак на сред јадење ќе си стане и ќе земе :D
    А кога ручаме само со мајка ми и и речеш за нешто одма вика `На келнерот му дадов слободен ден` :)
     
  12. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.463
    Јади повеќе, не кловкај ( а јас јадам колку што ми се јаде)
    Ич не јадиш, јади повеќе, најади се
    Како костур си, само коски и кожа ( а јас не сум баш костур :) )
    Облечи се, јас замрзнав
    Не зборви ко не знаеш ( а очигледно е дека знам)
    Облечи чорапи, мраз ти се нозете
    Многу си бледа, ништо не јадиш
     
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    1.537
    Тато (најголемиот инат на светот):
    Џабе се расправам со тебе, најголем инает си (вистина сум) на кого си се метнала? ( како да не знае дека на него) :))
    Зошто уште е уклучена ламбата во купатило а не си внатре?

    Мама...
    Kе ми се јави на телефон и коа ке почне а јадеше ли, шо јадеше, ауу малце си јадена, јади пак, облечена си? надвор е ладно? а шо си облечена? или кога одам на екскурзија или на пат НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА ЈАДЕШ.. секогаш тоа го пишува
    или иако имам 18 години кога испаѓам коа ке ми рече.. пази како преминуваш улица, гледај убаво :devil: :devil: :devil: :devil:

    од баба обично..
    1 саат после ручекот ке ми рече.. аххх ти малце ми јадеше, а сакаш сеа палачинки, крофни нешто баба да ти направи? е оти нејкеш? не ти се убави?


    има уште многу многу други ама не ми текнуваат сеа :)))
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Ќе видиме - ја мразам таа фраза најмногууууууу!
    Од мама - на шо ти личам јас, на автомат за пари а? Што сум јас? Такси служба?.....Аха да ќе ти готвам јас...секој ден, за да ме нервираш уште повеќе!!!!
    Ајде седни учи...утре да те видам на факултет да си ошла разбра?!!!! :rofl:

    Од тато - внимавај по пат, лево десно да гледаш! Основна култура да се немало цццц..! :devil:

    Од баба - Имаш дечко??? |( |( Кога ќе те мажиме, за срамота!!! :devil:

    А моја најупотребувана фраза, кога ќе сме заедно цела фамилија е ... Ајде копуци мои!!! :rofl: :rofl: :rofl: , или Шта је бре мишеви шта сте се усрали? :rofl: :rofl: ( тогаш тато ми вика... Основна култура да се немало, хехе)
     
    На ian somerhalder, Isidora-Veles и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.463
    А моја најупотребувана фраза, кога ќе сме заедно цела фамилија е ... Ајде копуци мои!!! :rofl: :rofl: :rofl: , или Шта је бре мишеви шта сте се усрали? :rofl: :rofl: :rofl: ( тогаш тато ми вика... Основна култура да се немало, хехе)[/quote]

    :D :D Ме изнасмеа
     
    На ian somerhalder му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Ааа и најважната ја заборавив. Кога слушам металки со до крај пуштен тонот, татко ми ќе ми рече, а дрога земаш со тоа?!? :D |(
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Се што е поврзано со миење садови од типот:
    -Измиј ги садовите.
    -Каков ти е планот со садовите?
    -Садовите те чекаат!

    -Не се дери! (ова е најчестата реченица на дечко ми поради тоа што имам гласен глас) :D
    -Ај станувај од компјутерот,цел ден си ти.
    -Ај станувај ајде...имаме за чистење,за метење...
    -Пак ти касни,а? 2 дена,а? |(
    -Умот во главата...
    -Ништо да не се работе,цел ден како некоја леунка (никогаш не дознав што значе овој збор) :D
    -Фала дадииии.. (ова од сестра ми)
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Ќе видиме .
    А ти пак се правиш паметна ?! На ова секогаш одговарам : Јас не морам да се правам , јас сум паметна . И овде пердуви летаат веќе :D
    Пак немаш ништо за учење а ?
    Не поштуваш договор , како се договоривме ?
    Не јадеше ништо ? Те мрзеше нели ?
    Ништо да нема во тањирот , се да изедеш.
    Ај малку подсобери си ги алиштата , суреди малку . На што личи ова ?
    Памет во глава .
    И многу други :D
     
  19. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    1.119
    Мајка ми :

    - Мамино ти светат очињата , лелееее само ако ми се разболиш :x
    - Облечи дуксер ладно е надвор !!
    - Јади бе мамино ништо не јадеш .. зарем уште сакаш да слабееш ??
    - Ајдееее гаси комјутерот 4 сааат е !!
    - И што сакаш да има за ручек ??
    - И што ќе правиш сеа ?? што имаш испланирано ??
    - А со кого ќе излегуваш ?? :devil:
     
  20. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    553
    Мама:
    -Леле гладна цел ден си,коска и кожа се стори,седни да касниш нешто!!
    -Стани облечи се аман,ке настинеш!! Ако не станиш јас ке ти донесам дуксерка!
    -Цел ден на тој компјутеро,амаан кој седи толку ко тебе !?
    -(во 2 сато вечер) Леее уште си будна вампирке!?!? ајдее исклучвај компјутеро и право вкревет,неможи така по 2-3 сати спиеш само :!:
    -И да купиш за јадење разбра?? Гладна си цел ден!!
    -Господи,ко бомба да падна!! :o ( кај мене в соба ко ке влези) лелее барем чиниите и чашите в кујна да ги однесеше! :!:
    -Повеќе нема пари!!! Разбра!? ( :lol: си знам јас до кога -до утре :rofl: )
    -Ти пак на кафе,а?? Само шеташ, а да земеше нешто да средиш не ке беше лошо! :!:
    -И немој до касно да седиш како вчера,разбра??
    -Памет во глава!
    -Шо е ова,само да се шетало!? Јас ко бев колку тебее...( :@ )
    ии уште многу други :P