Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фрази што ве нервираат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    исто...
    само покрај облечи чорапи, ладно е... би додала каде вака гола (ако немаш нешто околу врат), ладно е, после ќе се жалите грлото ве болело... :?:
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сите фрази ми нервираат!!!!!
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    -земи јади нешто, види колку си бледа.
    -учи, годината да биде ликвидирана ако не нема одмор.
    -што прави дечкото, што има ново со него, каде бевте, со кој, како си поминавте.
    -ти дојде овој месец?
    -јас од 5 одделение кога ке си дојдеа моите од работа ги пречекував со месен леб и ручок. Ти 20 годишна магарица ни јајце не знаеш да свариш. Ке те мажеме во америка, за да не те вратат.
    -мајка ми- дојди уклучи ја рерната (а она е во кујната).
    -ме нервира кога ме тераат да им покажам нешто на мобилниот. На стари луге да им објаснувам за технологија немам живци
    -остави го компјутерот да се одмори.
    -оди до продавница
    -најди ми рецепта на интернет (смрт)
    -сестра ти кога беше колку тебе имаше еден пар фармерки и две блузи и само нив ги менуваше и пак најубава беше. Ти од толку многу гардероба, пак ништо немаш.
    -сестра ти каков ручок направи алал да и е колко ја бидува ти ништо не знаеш да работиш, како ке те мажиме (а самите некогаш признаваат дека сестра ми додека не се омажила не знаела ништо да работи).
    -на такви глупости трошиш пари? (за некоја нова шнола или венче)
    -не оди на кафе во град викни ги другарките тука седете, ние ке испаднеме од дома.
    -дечко ми: па како сакаш, ти си знаеш голема си...
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    ^^^Тоа „земи јади нешто“ и мене ептем ме нервира :) само кај мене го велат во форма:
    „ти дете да не штрајкуваш, види се каква си во тоа лицето, за Африка да не се спремаш“ има и други верзии но од прилика тоа е тоа, но „дете“ ми е битниот момент кој влегува во секоја варијанта на моите.

    „кога ќе ти играме на свадба а?!?“, прашање за мене и дечкото со кого всушност веќе цела година не сме заедно, обично тоа се заборавени роднини, на кои им е кажано, ама е си забораваат ко рипкана од Немо како се викаше, бидејќи не верувам да им прави некаква сатисфакција да ме распнуваат пред сите роднини, што знам :?: Иначе, пред можеби една недела имав таква сообраќајка дома, пак дури и премина во дискусија побогу, прашања, потпрашања, зашто, па групно сожалување, ајме, што викаат оние браќата ни по Југославија.

    Певливото извикување на моето име, развлечено де, прва е мајка ми, како главна во куќава, по што следува отсечно повторување, ко ехо само со машки глас овој пат, татко ми, по што се слуша:
    „Ајде да јадеш, масата стои цел саат! Цел ден, секој ден истото......“, и дијалогот мајка-татко продолжува иако си им рекол не јадеш.

    „Што правиш? кога моето Ел хефе ќе ми се јави на телефон, само тогаш и ме нервира всушност, бидејќи има и пауза потоа, како очекување на одговорот со сериозно големо нетрпение, пак јас обично на тоа што правиш велам еве, дури биле тоа битни за мене луѓе.

    „Дојди за малку!“ а уствари ќе те викнат и ќе окапеш помагајќи им повеќе и од пола саат.

    „Ај, оди на другиот телевизор!“ борбата со брат ми кој што да гледа на тв.

    итн.
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Доста со тој компјутер!

    Јас коа бев на твои години ни телефон немавме.

    Ее кога бев јас во војска..

    Аа, дечко имаш, а?

    Шо си така озбилна?

    Не јади благо, ќе си го расипеш ручекот!

    Мала си за ...
    Види колку голема си пораснала, еден кревет незнаеш да си средиш
    (мала, па голема :^) е ај сеа)

    Испрај се, кичмата ја искриви !

    Ок, ти си знаеш.. (другарка ми-.- )
    |( |(
     
  6. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    само копи пасте ќе направам од неколку постови ..... :rofl:


    Вајлд, доцна е легни си. Ако не ти се спие - читај си некоја книга.
    - Сине не ја пеглај веќе косата... без коса ќе останеш...
    - Со тебе не се прави муабет... колкав инает си. (инаку за татко ми сум инает кога моите мислења не се исти со неговите поинакви сфаќања, а тоа се случува во 90 % од случаите)
    - Вака не оди. Од утре менуваме распоред, во 00:00 да си заспана. ( и цел живот менуваме распоред и никако да смениме )
    Мама :
    - Вајлд, само на компјутер да се седело... ама најтрагично е што не си сама, сите на компијутер седите...
    - Вајлд, кога ќе одиш да се бањаш, тргни го чергичето да не го намокриш, а после избриши убаво не оставај вода.
    Фрази што наизменично ги користат двајцата :
    - Облечи чорапи, ладно е... немој боса да шеташ, девојче си.
    - Ама не можам јас да одам само по тебе и да средувам... Кај поминеш како ураган да прошол . Среди си ја собата...
    И морам ова од баба :
    - Вааајлд, мрза гза не рани... тешко на тој што ја има...
    И сосема за крај фразата што ме вади од патики е :
    - Среди малку, девојче си... - Тато зошто да средувам кога бато направи лом ? - Епа зошто си девојче...( само кај мене со сестра е , помала сум )



    Инна пружи ги алиштата!(смрт ми е)
    Инна јадеше? Ајде одма да одиш да каснеш нешто
    Побрзо претрчај до продавница, итно е.
    Облечи се, мене ладно ми е (демек ако на мајка ми и е ладно, и на мене ми е)
    Тато: Уште малку ке се бесиш на пајажинава од собава!
    Тато: Абе во кочина е почисто отколку во собава.
    Тато: А му плаќаш кирија на пајаков што се шета покрај компјутеров?

    Мама: Дете ти учиш некогаш или наставниците на слепо ти ги ставаат петките?
    Кога ке се бањаш не прави поплава, завесите во када ( и пак поплава)

    Баба: Аа ти не одиш кај другарка, со дечкото, со дечкото..
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    ’ќе биде“-фраза која направи ништо да не биде
     
  8. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Како ти оди учењето? Почна да учиш? До кај си?

    Уф.. не знам зошто ама на живци ми иде ова кога ќе го слушнам, јас буљам само во книгата и до кај сум научила, поим немам, битно читам нешто xD

    Зборот ДЕФИНИТИВНО едно време не можев органски да го поднесам
     
  9. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    - Oди до продавница.
    - Ела ваму.
    - Се тесни алишта купуваш (нема врска).
    - Види ја гола шета, после кичмата те боли.
    - Станувај 1 е саатот, ти уште спиеш (а нема врска 12 е). :devil:
     
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    бејби.. леле некој така кога ке ме нарече ми се крева косата хах :D
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    2.473
    и полагаш? колку испити положи? колку ти останаа? :devil: :devil: :devil:
    и тоа од сосема небитни луѓе, некои комшии, на мама школски шо прв пат ги гледам во животот
     
    На la-chicka и faye им се допаѓа ова.
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    пе*ер- ужасно ме ервира ова :@
     
  13. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Тебе родителите со пе*ер ти се обраќаат? :D


    Инаку по овие постови приметив дека сите родители се исти! :D
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    хахахаха секако дека не, ја пишав како фраза што онака општо ме нервира особено кога е кажано од женско ставрно не личи.

    И јас насловов не го сваќам дека треба само фрази од родителите да пишуваме.
     
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Кои фрази на вашите родители ве нервираат ? Се разбира дека ги сакате и дека и тие ве сакаат вас и ви мислат се најдобро, но сепак мора да има нешто што ве иритира.


    Еве го првиот пост! :) :) :) :)
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Aјде ќе биди ;) :envy: :devil: :envy: :devil:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Додека си под мој покрив, ќе биде како што јас ќе кажам. :devil: :@

    Кога ќе си имаш твое, купи си / уреди си го како што ти сакаш.
    :@ :@

    Епа поиритирачко од овие, има ли?
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    131
    Коа сред карање ќе речам дека ќе си идам од дома обично следи муабетот
    “ Епа ако ти е убаво викни не и нас’’
    И тука сваќам дека не ми пали заканата :!:
     
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Од татко ми, најмногу мразам кога го наговарам за нешто и ќе рече-Ќе видиме :@
    А од мајка ми кога се караме и и објаснувам нешто, а не се согласува вика-Така нека биде :@ :swear:
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Татко ми:
    - На оваа тема веќе не дискутираме. (Па зошто почна бре тато?! -.-)
    - Земи малку потсреди, девојче си.
    - Прашај ја мајка ти. (Која вика прашај го татко ти.)
    - Облечи чорапи, да не се караме. -Жими се, еден ден сите чорапи ке ги исфрлам. Чорапи па чорапи- |(
    - Ти дете ништо не јадеш. Не знам што да правам со тебе.
    - Сум видел, сум видел, ама ова до сега не го сум видел. Е ОВА Е ВРВОТ. |(
    Мајка ми:
    - Ееј ама ми застуде. Ајде облечи се.
    - Немој така да разговараш со мене.
    - Со кого ке излезеш? - Добро бе мамо, како да не знаеш дека излегувам со едно исто друштво. :^)
    - Леле колку саат те фатило, абре ти со вампири да не се дружиш?- Да мамо не знаеше?!
    - Не прави глупости. - Ако не сега кога мамо?-
    - Книга не си фатила. - Е не ми се верува. Па уште ако е петок. :lol:
    Баба ми:
    Леле дете, земи кусни нешто ништо не јадеш! - Не бабо јадена сум.-
    (по 5 мин.) Абре да ти запржам нешто набрзинка? - Бабо НЕ. - Боже, боже овој дете ништо не јаде.
    - (по 5 мин.) - Да не сакаш нешто да ти направам да каснеш? -Леле бабо, НЕ!!!
    И така саат време.