за ништо не те бива иста си ко татко ти... напиши домашно... фати книга не седи на компјутер кога ќе станеш од ком(а јас само што сум седнала) облечи се ќе настинеш неможам после по доктори да те носам.. донеси ми сок или вода(од јадење ме станува) и други ама што вели tweety26 овие на живци ми одат
Не потекнуваат од моите домашни, туку конверзациски се, ама не ги мирисам овие фрази - 1. 21 век сме - значи со оваа универзалнооправдувачка фраза, која треба да ја апсорбира во себе сета неразумност на луѓето и да ја измие низ оправдување секоја нечистотија, во истата наносекунда кога ќе ја чујам посакувам да сум екстратерестријал по можност Вулканец (симпатично им се зашилени ушите). Значи удри народе, нема веќе ни правила ни прописи ни пишани ни непишани, етиката е криумчарење ветер во магла, се дури сме под закрилата на модерното време се‘ е дозволено ... 2. Get a life - ме потсетува на описот на Лилит со послужувањето на батлерот со ракавици и излегувањето на насловна на Форбс итн... Иако често е посочувана баш на лица кои се занимаваат наголемо со други, ама не ги оправдува тоа посочените да се издигнат со својот проектирано спектакуларен живот над нечиј претпоставен мизерен...
Татко ми : Цел ден на компјутерот. Ни креветот не си го дигнала. Земи фати нешто исчисти. Мајка ми : Се договоривме порано да си идеш. Да си го дигнеш креветот и те молам немој цел ден во пиџами. Овие реченици кога ќе ги слушнам смрт ми е !
-Научи ли? -Кога ќе земеш да учиш?! -Немој така, девојче си. Да, девојче сум и некогаш посакувам да не сум. и инаетот на баба ми. -Зошто гледаш ракомет? -Цела Македонија гледа, навивам. -Добро де, ама тебе што те интересира ракомет? и повторување на ова едно 78356348 пати. Фрази на останатите не ме нервираат затоа што знам да вратам со појака фраза.
Не е баш фраза,ама е нешто што го слушам секојдневно. Уживај додека можеш,сите машки се исти,расипани,ќе видиш и дечко ти ќе стане таков по некое време. Од мајка ми.
Цел живот искачам со едни исти девојчиња и мама пак: А кои ќе искачате? Тато: Да бе, само ќе шеташ, земи среди нешто дома... Кога одиме на гости не ти се оди, а сега може. Сестра ми: Што спиеш ма толку 2 саат те фатило, алоо.. (А она нека спие по 15 саати, си легнува во 9, аха )
Сестра ми: Egypt каде ми се штиклите, алката итн....? А во живот и немам чепнато, различни вкусови имаме многу. Од моиве : -Седни со нас да јадеш, човек те нема видено, само шеташ. -Собава ти е како бомба да паднала! -Јајниците што ќе ти кажат??(кога ќе ме видат без чорапи или папучи) -Само се буниш нешто / Само контра тераш, инает на кого си бреее (ова е секојдневие! ) -Јас на твои години...
Кога некој после секој втор кажан збор ми вика ти текнува????Ова од такт ме вади.Добивам впечаток ко да имам мањак на интелегенција,па се осигурува човекот дека сум сфатила.Добро е што не наидувам често на оваа фраза од моите блиски.А ме нервира и кога ке чујам покриј ја половината и не седи на цименто треба деца да раѓаш
Мајками : Доста ја пеглаа то косатаа,ја изгоре! Окј ај јас викам ќе ја прам со пена и етеја пак мајками -Не се прај со пена како "Бугарка" си. Бооо како ме нервира ова,да не знајш како да им угодиш И ова ми го вика секој ден хаха- "И когааа че си го средиш плакаротт??" Ајде мрзоо! И куп други....
Фрази што ме вадат од патики: 1.Мајка ми: -А да излезеш од вц, 5 саата се бањаш? -Добро, колку пари истроши од сабајле? -Нема искочање вечер, суратот ти го немам видено. -Абе доста ја пеглај косата, ќелава ергенка ќе останеш! -Моника, ај оди учи! -Моника, овој неред од тебе е? -Не мамо, Мартин го направи! -Оди исчисти! -Зошто јас ? -Крпата е во кујна! -Мона мамино, оди в продавница! -Ама ништо не ми се јаде! -Те прашав? ... 2.Татко ми: -Абе дај зетот да го запознаеме... -Моника, што е ова голи нозе, сукњиче, ќе те мажиме хохо... -Абе облечи се, ќе настинеш, ја ли по доктори да те носам, идната недела Шведска одам! -Во право е мајка ти. -Прашај ја мајка ти незнам јас. -Убаво и велев на мајка ти, не ни треба втор ѕвер во куќа, доста ни беше Мартин, е сеа ќе трпиме! (ова понекоаш не ме нервира туку ме боли, бидејќи се осеќам ко да сум вишок...) -Моника, колку пари сакаше? -350 тато. -За шо ќе ти се толку, еве ти 100че. - 3.Брат ми Мартин: -Абе губи се. -Ко ќе дојде Ана (женска му) во собава да не си влегла, ме слушна? -Абе девојче, оди лечи се братче... -Викаш?! (иронија) -Тато,мамо, Мона има дечко! -Ќути или ќе кажам за Ана. -Кажав некни, fuck yea. -Мамо, прибери си го чупето, крева прашина многу. Брат ми е прав болесник, ем ме „мрази“, ем е секад тука да ме брани кога треба Иначе не ме дираат фразите на другите, битно е семејството P.С. Сигурно ве интересира како преживувам меѓу овие 3ца монструми, али ги ставам на fuck off period кога треба, и то е то
Некои од овие: - Цел ден седиш пред компјутер, очите ќе си расипеш, земи нештоо учии.. - мајка ми многу често: Стоименовска облечи се ладно е ( тоа бидејќи нејзе и е ладно и мора и мене да ми е ладно ) - Со тебе човек неможе да разговараа... - Колку пати ти реков да си ја средиш собата, голема си веќе И уштее многу други работи