Се омажи ли? како се вика дечкото? Што работи? Уште ли одите? Овие фрази ме нервираат кога ми ги поставуваат другите ШTO им е гајле?
јадеше? види се само коски и кожа си станала... облечи се, пази што правиш извади тоа пирсот од стомак, од нормална се правиш ненормална измиј садови ама не да ја користиш машината, туку рачно за 15минути биди готова ќе те соберам ај напрај ми кафе...
хахахахаха убаво што ме потсети, и мојот така ми вика"незнам ти си знаеш, голема си" уффф мене од кожа ме вади
Цел ден спиеш, стани среди ја собава чорапите на лустер уште да ги обесеш ти фали Ако не ти е средена собата, и садовите измиени, вечер за пари да не се појавуваш Оти ништо не јадеш, за кој готвам јас? На светов нема некој што троши повеќе пари од тебе! На сред излегување: Мамичка кај си? Како си поминуваш? Кога планираш да се вратиш? Девојка си ти, што е тоа толку касно враќање? Треба да се има култура малку.. Или дечкоми и неговото ОК исто така: Смири се, смири се, не врескај.. Ми пука фимот од реченициве...
од моите дома фрази кои ме нервираат се следниве: тато:фрли ја корпата! мама:вечер по рано дојди си! сестра ми:Што да носам!Не беше тоа така!Де не лажи!Ма не се замарам! од дечко ми: сто пати за една иста слика ме прашува кај сум сликана(се праве како да е малоумен) ти ми титна од виа бр познат ми е(а нема врска прв пат го гледам бр) и разни глупости што и додека ги пишам се нервирам...
Majка ми: -Земи учи, од тоа ти зависи животот. -Не седи цел ден на компјутер, ќе си го оштетиш видот. -Ништо не јадеш! Не може ова вака! -Види си ја раката. Не личи на рака. -Ајде станувај од компјутер време е за спиење! -Ладно е надвор, облечи џемпер! -Излези надвор, не седи по цели денови дома, дружи се! -А имаш дечко!? (ова секој втор ден ми го поставува -.-') -Секој ден само еурокрем да се јадело, каде го има тоа?! -Никаде! (сама на себе си одговара) Татко ми: -Си ја виде сметката колкава ти е?! -Мораш да јадеш, си ослабела. -Доста носиш се црно, смени, облечи посветла боја! Баба ми: -Ајде сркни малку од чорбата, се треба да јадеш. -Не биди пребирлива за јадење, се‘ се јаде.
моите: -немој до касно -не иди боса -облечи елек -среди ја собава,како штала ти е -ништо не помагаш,едни садови те мрзи да ги измиеш и дечко ми: -ти си знаеш,голема си(полудувам)
Татко ми -Знаеш дека сум секогаш во право ! -До кога вечерва на компјутер? (е зна ја ќе останиш ти до 4 ко синоќа) -Што имаш јадено денеска? Земи дете јади, не гладувај, не се мачи .(ко санки не јада) -Остај ја сестра ти, си имат нејзе кој да и кажит ! -Не се прај многу голема(во споредба со сестра ти), и ти ко беше колку неа.... -Исклучи го бољерот нека нетрошит денеска.(А не дека е опасно ако е пуштен за време на капење) Мајка ми -Јадевте? Ја крена масата? -Облечи сега чорапи види какво е надвор, ќе смрзниш. -Ти реков, остај ја неа што сакат нека прајт. -Ај мамич да поигра малку на компјутер. -На мобилен, Стигна?Кај си сега?Кога ќе си дојш? -Имате дома сок, млеко, што ви требит сега да донеса дур су овде.? Заеднички -Требат мене да ме прашаш. -Јади, не си играј. Оваа ми е омилена од дедо што не ме нервират -Опуштено дедоо а ме нервират -Голема си ти, покажи им на помалите, научи ги. другиот дедо -Претерано си амбициозна Бабите -Јади бабе, да не се разболиш, ти не касна, за кого прајв ја. -Ами што туку се замараш, удри бригу на весељу
Леле мајка ми е жив напор!!! Не постои жена како неа. Само досаѓа за јадење и е опседната со тоа! Пред некој ден ми вика "Ти мори, да јадеш! Ќе умреш!!!" И јадам ептен за да не досаѓа.
Ете заборавив некои фрази Мама (на телефон)Ане каде си?Ајде дојди си?(Божем јас незнам дека треба дома да си дојдам) Од работта:Кога станавте?Јадеше?А брат ти?Стави му да јаде (божем мало детенце е)И друго што ќе кажеш? После 15 минути:Ане мама што правиш - јас тука веќе ќе избувнам - а мама ќе може ли до продавница да одиш - кога ќе ми го каже ова смрт ми е Јадеше?Како така ништо не си јадела
Мајка ми: -Сакаш да ми свариш едно кафе? (не дека имам опција дали сакам или не, морам ) -Ќе измиеш пајнци? (копи пејст од горната заграда ) Баба ми: -Ја намести посељата?... НЕ?! Кој сакаш да ти ја наместит? Јас да одам да ја местам сега? Не ти е срам олка момичка? ...
Памет у глава! - мама и тато Имаш дечко? - Ооооооо, ништо, не се секирај, ќе си фатиш! - околината на која ич не треба да и е гајле + роднини Леле ама си пораснала, како лета времето! - рдонини невидени 100 години и пријатели Додека си под мој покрив ќе биде како што јас ќе кажам! - пак мама и тато Линија да ти нацртаат ќе се сопнеш. - само тато Ќе пиеме кафе? Епа свари си едно и за тебе - татоооооо
mama> ajde stani pak ke zakasnes pokrij si go grbot da ne ti se ide vo wc nema da ti tekne doma da si dojdes aj idi vo prodavnica (btw 120 skali se vo preshanje) vikni gi drugarkite doma jas ke vi pravam kafe zosto da trosite pari koga se vrakam doma > kako od tutunski kombinat da si izlezena tato> ne se zanesuvaj stanuvaaaaaj (so zadolzitelno gilickanje po noze dodeka ne ti se zdosadi) daj mi go dalecinskoto (SMRT)
Ко ќе стигниш дома (од излегување навечер (до 02:00)) - сместа в кревет - не седи пред тв или компјутер! (страшно ме нервират ова! Алооо дома сум, прибрана.. не знам шо сметат ако гледам филмче!)
Ете го, истото и на татко ми. Колку е нервозно и плус на крај кога ќе ти се исмејава дека те зафркнал И мајка ми, не дека е фраза ама се ужаснувам кога ќе ја видам со чаша чоколадно млеко и Б6 витамини Притоа ако ја одбијам следи "ВИДЕТЕ СЕ СО СЕСТРА ТИ КАКВИ СТАНАВТЕ! кАКО ВАКУМИРАНИ СТЕ!!!"