Од кој и да се- 1.Среди си ја собата,неможам цело време по тебе да одам.. 2.(Во лето) не ги внесувај мачките внатре,топло е надвор.. 3.Ајде побрзо
а може зборчиња? - Многу ме иритира зборот "муце" :roll: Црева ми се превртуваат кога ќе го рече некој... - си грмиме - најјачи - лајковача (weweee ) - брунки - Имаш дечко? Не? Зашто бе пааааааа?? За да прашаш!!
Не дека ме нервираат, ама се ежам кога ке слушнам од девојки како зборат со некои погрдни зборови или пцофки, кога ќе и се обратат на другарка и со зборчето „брат“, епа навистина незнам каде е женственоста кај ваквите примероци од женскиот род. Кај машките ме нервира зборот „пе*р“.. Ужас!
Мојот сакан има една фраза...АЈ ОПРАЈ СЕ Ја користи секогаш кога сум му лута и сака да се ,,одлутам,, Никогаш не сум му кажала, ама од такт ме вади кога ќе го слушнам ова!
Мајка ми ко ќе речe: Еленушкааа апче абе девојко среди си ја собата... Ајде мрдни малце има ште ако ми текне ќе допишам
„Ќе биде!“ Нервот ми се кине кога ќе го чујам, а ко за беља и јас го кажувам во последно време. И тоа, пошто и не ми текнува во моментот ама ништо убаво за да утешам некого... пошто, и јас од истиот проблем си патам, а си патам, значи решение си немам. Али, „ќе биде“ ме нервира баш ради прашањето што потоа ти се создава во глава: „Кога?“. Најчесто, „на куково лето“ ми е прва мисла. Имам и други де.
Нешто ми се побркала косата и ќе слушнам: „Пффф, зошто си ваква..никаква?!“ Ова у последно време страаашно ме нервира! Фразите: Упс, Диш што во последно време моите другарки ги користат ме иритираат максималноО!
Кога мајка ми,или татко ми ќе ме речат мало. Одамна не се десило тоа,ама страшно многу ме нервира тој збор од 4 букви.МНОГУ!
-Не се нервирај! -Како сакаш! -Незнам -Не може, скапо е! -Многу сакаш! -Ајде доста пред тој компјутер, земи нешто да учиш! -Како беше на училиште? -Имаш ли дечко? -Леле колку си слаба! -Земи нешто да јадеш! -Оди учи! -Само спиеш земи нешто друго прави! Има и други но не ми текнуваат.
Те боли гла!? Замислете на 2март ме болеше глава и сето тоа со лекарства беше стопирано...и од тогаш до сега секој втор што ќе ми се јави, прашува дали ме боли глава... страшно. Па ке ме заболи глава од тоа глупаво прашање.
-Леле,ко штица си,појќе да ми јадиш! -Стануваааааааааааај,да јадиш,масата е поставена. -Што да ти пра сеа,не ме масирај. -Чекај да го изгледа "САБАШ"? -Облечи чорапи,од ноѕе се поболувате. -Не седи на патос,ладно е ! -Магнет ќе ти ставам,никогаш не ја затвораш вратата. -Кај си "сине"? -Лап-топ се чуват на маса,одма да станиш и да ми го дадеш мене. -Уште 10 минути ќе ти го дадам.(поминале 30 мин. а таа се кези ко зелена и за инает не ми го дава).
Кога ќе отидам таму и таму, ќе се покажам во најдобро светло! Во какво светло жити се? Ова кога ќе го слушнам од такт ме вади.
Мајка ми: 1. Умот у главата. 2. Кога ќе си дојдиш? 3. Ставај од лаптопот, фани книга да учиш.. 4. Земи јади види колку си ослабнала. 5. Ајде креветот да си го наместиш, гледај каков ти е 6. Ај оди до дуќанот (тогаш смрт е замене) 7. Ја каа бев на твои години... Има уште ногу..
Цел ден на компјутер, дај земи книга Бацки (ова од другарка ми кога ќе го каже абе СМРТ) Чедо ајде земи јади (баба ми ) Облечи се ладно е, а топло е 40 степени Каде ќе одиш, со кого ќе одиш Имаш дечко? (ова од баба ми што скоро секој ден ме прашува истово) И уште многу, многу...