`Голем/а си, ти си знаеш` Ајде жити се! Место да дадеш еден совет, да кажеш што според тебе би било океј, човек ќе ти се отвори и ќе ти ја каже маката, а ти ќе вратиш со овие скапани зборови. Па ако си знаев, немаше уопште да ти кажам што ми е и како ми е. `Епа тоа ти е` Уште една утешителна фраза. Посебно, ако ова се слуша од блиски луѓе. Што к*р ако си ми рекол дека тоа ми е. Па ми е бре човече, тоа е како што е, фала богу тебе те прашав за да ми кажеш дека тоа ми е, и бидна светло во мракот. Фала на помошта. `Колку време идете со ?` Не е фраза, ами антологиско прашање од значење за човештвото. Број ни ги ти месеците, годините и деновите, и заокружувај дома на календарчето колку време сме во врска. Фати си дечко, и бери си го гајлето, што е битно колку време до детал да ти кажам дека сме заедно. Апропо ова прашање, имаш и: `Уште идете? ` Немам коментар на ова. Они радо би да не идеме, ама за твој/ваш мерак уште сме заедно. Мислев дека само на почетокот се тешеа дека ќе раскинеме, па секој ден ми го поставуваа прашањето, арно ама и ден денес ќе ме прашаат. Стил он д роуд!
Првите две фрази што ги пишала LilBaby и мене ме нервираат, но нешто нејмногу што ме нервира е фразата "Голема си, ти си знаеш најдобро .." Таа навика кај дечко ми премногу ме ириртира зошто постојано тоа ми го кажува кога ќе му побарам совет или мислење за било што. Во продолжение на ова и фразата "Што сакаш прави ..", што почесто почнав да ја слушам од татко ми, за жал.
"Ехееее, јас ја слушам таа пејачка откако се појави, а сега стана популарна и сите ја слушаат!" - е добро де, пред сите си ја слушала, и што? "Ехее, јас носев хипстер наочари/шешири/винтиџ уште пред години, а сега сите почнале " Па добро де, пред нив си била и што "Сакам опера/балет/театар од мала, а сега слушнале дека е убаво па сите се прават дека сакаат!" ... и такви слични работи. Има луѓе кои се многу посесивни кон некои свои интереси, и кога ќе забележат дека некој друг ја сака истата работа, го омаложуваат и тврдат дека "овој другиов не ја разбира и само слушнал дека така треба", без разлика дали се работи за писатели, музика, уметност и слично. Во смисла - јас го сакам ова од поодамна, и стварно го разбирам, а другиве нема шанси тоа да го разбираат ко мене. Не велам дека денес многу работи се почитуваат од мода, ама кои сме па ние да судиме општо и да пренесуваме генерализации на сите, исклучувајќи се себеси од нив?
можда не од моите родители ,туку од најважната личност од мојот живот НЕ ЗНАМ .... НЕ Е БИТНО ме вадат од такт !!!!!!!!!!
-Не ме занима -Идам за 5 мин -Лоооол -То је то , јбг. -За инат на душманите И секоја друга фраза која е поврзана со такозваната турбо пејачка Гулабица ме вади од такт ..
1Сама ке си решаваш,голема си не ти треба тебе совет! (ова од татко ми) 2 Леле,така ти е,добро што те оставил дечкото!! Што ги интересира нив за ова,па така да ми зборат?? 3 Ти ништо не заслужуваш!! (татко ми) Има и други,ама ај да не пишувам по цели страни..!!
Кога мајка ми ке ми рече да си ја средам собата, кога ке ми рече како испитна сесија е а јас ништо не учам, кога ке излезам и ке ми рече немој да пиеш многу, немој да пушиш толку, и највеке ме нервира кога не ја послушам за нешто и после тоа цел ден ми збори ти реков дека така ке биде ти реков
Што има ново? Што ќе се пофалиш? А те прашуваат или личности кои се знаат за тебе и со тебе се скоро секој ден или некој кој прв пат те гледа. Е ај сега...
Кога на некоја моја констатација, некој ќе ми одговори со „Такааа?“ Човече, само кажи дека се согласуваш. „Такааа?“ не е исто што и давање согласност. Да така е лебати, штотуку го кажав тоа.
mawo, wewe, dybro, swcka,waaaaa... ме нервира и пишување со 4, 6... (6uuba si, te 6akaaaam, ok4e, dvoj4e.... )
1.А ти до кај си со факултетот? (а тие незнаат ни што е тоа факултет) 2.Одеш ли уште со дечко ти?? (да бе немај гајле ќе те известувам за секоја промена на мојот статус) 3.Денес во колку стана од спиење?? 12 мама епа утре стани порано (добро ке станам со тебе во 5) 4.А ти кога се прибра синоќа? (тоа оти сум се прибрала дома порано па демек не ме осетила) во 1ипол мама 'ааа па незнам ја спиев ко топ' (истото прашање од горе ама сега сум се прибрала во 3ипол ) 'ти таму сите да ги испратеш' или (ако сум била некаде дома) ''сите да ги успиеш па се прибираш'' ... од кај и е тој заклучок????? 5.Брат ми ''колкацка ти е мала главата и види ама си ниска леле па ти колку кила имаш 25'' ?? мој стандарден одговор ''12кг''
Нешо со социјалниве мрежи... Значи ме вади од такт, кога јас објаснувам цел есеј, стига само едно бедно: ок. Татко ми: Крени ги ронкиве, кој ќе ја слуша мајка ти. Мајка ми: Крени ги алиштата од машината, кој ќе го слуша татко ти. Сестра ми: (кога ќе земам да јадам пред компјутер) Немој да ми рониш пред компјутер! Нели ќе учеше? Епа кој те тераше ноќеска до 4 саат да седиш на компјутер?
- Пирана внимавај како се однесуваш, добро !?!? - мајка ми - Се правиш од инат, полна си инат бетер од магаре си! - татко ми Неможам да одлучам која повеќе ме вади од кожа, и двете ми го креваат притисокот
јас: Сонце одам НАДВОР тука мнн мнн тресе !!! ТОЈ: ВНИМАВАЈ, ЧУВАЈ СЕ!!! Па мислам стварнооо не ми е јасно од каде ги извади тие зборови !???
-Земи да учиш -Доста дремеш пред компјутер -Среди си ја собата -Облечи се срамота е да седиш во пижами -Престани да се инатиш и да враќаш на секој збор