Мајка ми : Мора ли секоја вечер да излегуваш ???? (ова страшно ме нервира, а што ќе правам па дома ако седам ?? ) Дечко ми : И ти друго што ќе ми кажеш ? (после половина час муабет зар има уште нешто да му кажам ) Овие сега ми текнаа..сигурно има уште многу други !
А пак мене ми е смрт кога ми речат : Тиа снема сок (или било што) ајде трк до продавница..Аоо ми доаѓа незнам што да направам..Секогаш и велам на мама..Ќе правам све дома, само до маркет да не одам ..
Искрено се изнасмеав на темава Хм...фраза што најмногу ме нервира е кога тато ќе ми рече МАЛО ај ова и она направи А бре уште мало? Мама-оти не излагаш? Дома ќе седиш? Не ти е досадно? Брат ми-станува насабајле и ми вика-каааааааај си мори, што прајш Тоа онака ко добро утро
Мене ме нервира коа некој ќе ми каже "Ти си знаеш голема си" Незнам зошто ама страшно ме нервира оваа фраза
Тоа ко да не му е гајле Многу мразам, сум прашала значи барам мислење. Знам дека си знам ама нема да биде лошо да слушнам и нечие мислење. Свашта.
Многу се нервирам кога ќе ја земам мајка ми со мене да купам нешто и кога ќе ми рече:Незнам,ти како сакаш Или пак дедо ми кога ќе рече:Ане не е јадена.Ама ако сакам ќе јадам ако не нема.
Нема фрази што ме нервираат. На сите горенаведени кога ќе ми ги речат мене слатко си се смеам зошто знам дека некој ден и јас ќе ги употребувам
Значи ме нервира некој кога ќе ми каже 'Ауу колку си висока,па зет нема да можеме да најдеме'.Божем кујзнае колку сум висока. Во последно време татко ми ме нервира со фразава:Анни си ослабнала,земи јади.И цел ден без јадење. Е кога ќе го слушнам ова коса ми се крева.
Да, а посебно кога им бараш совет а они ти возвраќаат со тоа или пак со твое си е. а ме нервира и "А стварно убаво ми стои? не ме лажеш ? " бог да чува.. ја најдобра другарка сум нашла да лажам..
Најмногу ме нервира кога ќе прашам нешто и ми треба нечие мислење и ќе ми одговорат "ти си знаеш што како".Ме нервира кога некој постојано веле Незнам,Неможам како тоа да е оправдување за се.
ме нервира многу кога ќе ми речат: "Леле ништо не јадеш,цел ден гладуваш(а пред тоа сум јадела 2-3 пати)",кога барам совет-"ма прави што сакаш,што ме прашуваш мене?","Па ногу јасно"-колку ја мразам фразава ,кога дојдат некои гости и кога ќе ме запрашуваат "И како со школо?" ме вадат од такт како само таа тема да е.
најмногу ме нервира за се нешто кога одговараат со НЕ ЗНАМ КАКО САКАШ ТАКА и со ДОБРО АЈДЕ ТАМАН Е РАБОТАТА уфф колку ме нервира така ладно ама пак со презир
Тато Леле, колку тежиш сега, 25 кг? Не оди боса по плочките! Ако се разболиш сама да си одиш на лекар! Аха вчера измрзна надвор па сега киваш. Кај го најде тоа никакво чоколадо алергија ќе ти испадне! Ццц вчера пак седеше до 4 на компјутер?! Кога ќе престанеш да гледаш од тие никаквите филмови(тоа вклучува се што е натприродно измислено или нешто што ќе ме растажи па ќе плачам) Тета Фати некој дечко?А,кај излегуваш?А,другарките твои имаат дечко? (од такт ме вади )
Во последно време : “Зошто си ослабела толку?„ и “Подитно мора да се здебелиш!„ инаку ме неривира кога нешто ќе замолам и ќе ми кажат “ме мрзи“
Немој да седиш до касно надвор .. Ај стани више од тој кумпјутер само пред него да се седело (а само што сум седнала ) Фатија книгата малку цел ден на тој кумпјутер и луташ негде.. Облечи чорапи не можам да те гледам така кога шеташ боса ..На сред јадење .. ај стани дај ми чаша вода или направи ми сок .. (е ова страшно ме нервира ) Среди си ја собава што е ова ко ураган да поминало тука па девојче си .. Дур јас те ранам и си под мој покрив ке правиш така како што ке ти кажам ако не ене ти ја вратата.. Немој да се дереш толку цела зграда те слуша ( а она -тој .. се дере по гласно од мене ) Што сакаш прави .. Со тебе не може да се разговара или се дереш или водиш инат .. Доста више со тоа песните по цел ден ги слушаш .. веќе ми се здосади цел ден истите да ги слушам .. Ај станувај од компјутер помина твоето време ( он седел 4 саата а јас само 2 .. и вика вре,ето ми поминалоо ајј ) и има уште многу вакви фрази што ме нервираат али сега никако да ми текнат ..